И да - во Шарената револуција имаше и млади луѓе со идеали, кои се надеваа на подобро утре и на пристојна држава...Истите тие не бараа за возврат вработувања или привилегии , бараа ПРАВДА, бараа казнување на криминалците, бараа пристојно здравство и образование, независно судство, демократија, чист воздух...Истите тие можат сега само среден прст да добијат...
Шарените со идеали извисија...Профитираа мамини и татини синчиња како Туфекџиќ и Павле - им ги седнавме газовите во фотељи...
Времето најдобро ги покажува сите вистини и ги разрешува сите дилеми.
Се спиеше по шатори и се мереа улици секоја вечер, се блокираа раскрсници на сред лето на +40, за да се вработат швалерките на челниците од Бихачка...
Една од вистините што се потврди на дело е дека политиката е далеку од она што ние обичните смртници го гледаме и читаме по медиуми и го дискутираме меѓу себе на слави и седенки...
И најзакоравените СДСМ-овци сеуште цврсто веруваат дека без знаење на никој од влада и од МВР, Грујо побегна во Будимпешта...