Г
Грејвдигер
Гостин
Слободни филмови во Кинотека на Македонија, по повод 10 години од формирањето на Слободен софтвер Македонија.
Изложба на најпопуларниот експеримент лед коцка, од скопскиот хаклаб КИКА, Слободен софтвер Македонија
Изложба на најпопуларниот експеримент лед коцка, од скопскиот хаклаб КИКА, Слободен софтвер Македонија
ПЕРИОД: 4 - 9 Мај - Влезот е слободен
04.05 (Петок) - 20:00
Good Copy, Bad Copy / Добра копија, лоша копија
Документарниот филм за авторски права „Добра копија, лоша копија“ ја објаснува состојбата на авторските права и културата во контекст на споделувањето на музика, филм, книги и друга уметност преку Интернет. Составен е од интервјуа со различни луѓе меѓу кои адвокати, продуценти, уметници и провајдери на услуги за споделување преку Интернет, со што се прикажуваат различните перспективи на толкување на авторските права.
05.05 (Сабота) - 20:00
Revolution OS / Револуционерен оперативен систем
Хакери, програмери и бунтовници ОБЕДИНЕТЕ СЕ! „Револуционерен оперативен систем“ (Revolution OS) e документарен филм кој ја прикажува дваесетгодишната историја на проектот ГНУ (GNU Project), Линукс (Linux) и движењето за слободен софтвер. Во филмот се прикажани неколку интервјуа со истакнати луѓе од оваа област меѓу кои Ричард Сталман, Ерик Рејмонд и многу други.
06.05 (Недела) - 20:00
Sita sings the blues / Сита пее блуз
Oвој филм е анимирана верзија на епската индиска приказна за Рамајана, во изведба на џез вокалистката од 1920 години, Анет Хеншо. Филмот ја раскажува приказната за Сита и Рама, паралелно со приказната на уметницата на филмот и нејзиниот сопруг. Сита е хинду божица од Рамајана која го придружува господарот Рама во шумата 14 години. Равана, господарот на Ланка, ја грабнува Сита...
08.05 (Вторник) - 20:00
A Grain of Sand / Зрно од песок
Брендон Гримшо е државјанин на Велика Британија, кој порано бил уредник на некои од најважните весници во Африка. Но, во 1972 година се откажува од дотогашниот живот, го купува островот Мојен (Moyenne) за 10.000 фунти и оди да живее таму. Брендон и неговиот пријател Рене Лафортуне живеат на островот веќе 36 години, имаат засадено 16.000 дрва, направиле природни патеки долги околу 4,8 километри и одгледуваат 109 големи земни желки, претворајќи го островот во природна убавина која денес вреди 34 милиони евра. Гледајќи го филмот откријте зошто Брендон, сега веќе 82-годишен старец, се плаши дека островот сепак ќе биде уништен.
09.05 (Среда) - 20:00
His Girl Friday / Неговата девојка Петко
Волтер Барнс е уредник во дневен весник. Кога неговата поранешна жена и популарна новинарка, ќе му каже дека планира повторно да се омажи, тој го користи секој трик за да му создаде неволји на нејзиниот свршеник и да ја спречи венчавката.
Сите филмови се издадени под слободна лиценца за слободно прикажување доколку е наведен автор. Од таму и името на настанот - „Слободни филмови“.
Повеќе информации: http://slobodensoftver.org.mk/slobodnifilmovi/