Си купив книга

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
20230309_180645.jpg

Следната не е за мене, туку е за подарок - училиштето на син ми од овој месец направија една интересна акција за дополнување на училишната библиотека (зашто знаеме дека градоначалниците и училиштата немаат скршен денар за „бесплатното образование“ на учениците, и во библиотеката нема ни една од лектирите кои се обработуваат во училиште), па така секое дете секој месец треба да купи и донира на библиотеката по една лектира, нормално, потпишана со посвета од детето и истата ќе остане во трајна сопственост на училишната библиотека и секоја година ќе ја користат нови и нови деца. Во едно друго училиште знам за случај - ги немаат во библиотеката лектирите кои се на новата листа од 2019, и им даваат на децата стари лектири, кои веќе не се на списокот. Така лани ја работеа „Рибарот и рипката“ од Пушкин во трето одделение, а истата не е веќе на списокот лектири. Затоа мене оваа акција на училиштето од син ми навистина ми се допаѓа и сметам дека е благородна. Ако некој сака, може да донира и дополнителни наслови, не само оние кои се бараат (2 одделенија се во трето, со син ми, и секој месец купуваат по една лектира за четврто - едно одделение една, другото друга. Така в година ќе ги имаат сите лектири на располагање).

Ако имате лектири дома кои не ви требаат и сакате да ги донирате, пишете ми, ќе ви бидам бескрајно благодарен. :love:

20230309_174704.jpg
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Од последниот пат кога пишав ги прочитав сите книги за Шерлок од Артур Конан Дојл, "Небеска Тимјановна", "Калуѓерот кој го продаде своето ферари" и "Black Mass"
Сосема задоволен од 2022 а новата 2023 ќе ја почнеме со "Пиреј".
Се надевам дека ќе одам преку 12 во 2023.
Ова е првата нарачка која ја чекав скоро две недели и едвај чекам да завршам денешнава смена и да се позицирам на кревет со чај и буксна. :)


Прегледај го приврзокот 361696


@Dumbledore сега ми текна дека имаше тема нешто слична како Moviespotting во Филм и ТВ, па ако сакаш слободно префрли го мојот коментар таму.
Касно ми текна, ме мрзи сега да пребарувам не ми текнува на името на темата.
Тие сите, плус "Разговор со Спиноза" завршени.
Следува:

20230327_005729.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom