Ве молам многу ми е потребен состав "Поетското творештво на Константин Миладинов" и "Младите не читаат книги ни кога мораат" првата тема ми е многу поважна зато ве молам ми треба за утре фала однапред!!!!
Еве ти нешто, ако можеш да составиш..
За поетскиот гениј на Константин Миладинов:
Негово прво и единствено дело е предговор на Зборникот кое што претставува прв
систематски и научно заснован преглед на македонската народна
литература.Зборникот во себе содржи песни и тој е испечатен во периодот(1856-
1861).Исто така тој има преводи од руски на македонски јазик,како што е
Православните црковни братства ви југозападна Русија.Собирањето,редактирањето
и објавувањето на зборникот го смета за своја животна мисија.Усното народно
творештво е синоним на целокупното духовно творештво на македонскиот
народ.Тоа е романтичарска идеја која укажува на народното творештво како
показател на целокупниот народен живот при што помеѓу творештвото и животот
се става знак еднакво.Ја афирмира бивалентната естетика убавото-грдото.”Народот
наш в најголемата простота развил”…го препознаваме поетското одушевување од
природата карактеристично за сентиментализмот и пред романтизмот.Најважни од
сите се следниве три естетски категории:убавината,сугестивноста(изразноста) и
емоционалноста.Миладинов највеќе го интересирала автентичноста на поетскиот
израз,т.е интерференцијата на влијанијата и традицијата.Константин Миладинов
внесува интимни мотиви и свежи лирсќи тонови во македонската поезија.Неговото
емотивно сфаќање на поетскиот чин како говор на срцето,го открива сензибилното
чувствување на нештата и во тоа е неговата автентичност и неотминлива поетска
вредност.Додека го редактира зборникот во Русија тој бил постојано поетски
настроен под влијание на маѓичната моќ на народната поезија.Мотивска
класификација има во песните:”Голапче”, “Бисера” и “Т’га за југ”.Во песната
“Голапче”-ритамот од народната поезија е сублимиран во интимата и нежноста на
поетот.Напишана во стил на поетски наивизам,таа е израз на нежност,сензибилитет
на лирското јас во еден вдахномен поетски миг.Песната има длабока симболика која
се поврзува со многубројните креации на гулабот од Библијата,фреска до
модерното сликарство.Птицата е симбол на душевност,питомост,нежност.
-Љубовни:”Думание”,”На чушина”,”Голапче” и “Бисера”.
-“Желание”-љубовен копнеж по саканата,но истовремено и страв од нејзиното
доаѓање.Се отсликува суптилната,срамежлива природа на лирското јас,кој тихите
мечтаења во еден миг ѓи доведува на песната со најсепосредна искреност.
-социјални:”Сираче”
-рефлексивни:”Клетва”, “На с’нцето”
-”Клетва”-песната е поетскаанатема.Секој стих наликува на народните клетви,а
сите стихови го градат рефлексивниот мотив на глобално ниво.Лирското јас е
огорчено од животот и изрекува тешжи клетви преку кои се открива неговиот
етички лик,љубовта кон правдината и вистината како негов животен и поетски став.
-“На с’нцето”-песна што е исполнета со меланхолија, “темен и печелен” му се
обраќа на сонцето.Барањето на сонцето станува негова опсесија со која ја
прогонува студената сенка на душата.постојано мечтаејќи по животворната топлина
и светлина.Според мотивот песните на Миладинов се поделени и на:
-пејзажни: ”Шупелка”,”Скрсти”
-хумористични:”Еѓуптин делиа”
-митолошки:”Побратимство”, “Скрсти”
--- надополнето ---
Момци ај ако има некој состав или било што за Гарванот - Едгар Алан По (што е можно побрзо за утре ми треба)
фала однапред
Види ...
ТУКА