Имаше случка дечко и девојка, (се гледаше од километар дека типот е психопат, ама појкето чупиња такви сакаат, мафијаши), коа и лупна тупаница мислам вилицата и ја скрши, па ја шутираше наземја. После ова замисли што се случи, овој замина, таа стана и трчаше по него.
Проблемот е подлабок него тоа што (трчањето) изгледа онака на прва.
Сум бил и сведок и замешан *не по моја вина, во неколку вакви настани по локали и не е убава глетка. Некогаш сме реагирале, некогаш не сме реагирале.
Обично таквите девојќи или жени биле малтретирани по дома или биле сведоци од мали на семејно насилство врз нивна повозрасна сестра/брат или мајка. Таквите тоа го гледаат како природна последица на нивните „грешки“ и тоа е во најмала рака жално.
Од друга страна, овие кои ги опишуваш, што излегле со некој фраер пошто истиот е многу јака фаца (иако знаат која дилалја е) и што откако прво ќе изедат шамар не си заминале се посебен вид.
За таквите не вреди да се помрдниш од место.
Другарка што беше од наше пошироко друштво си фати работа со еден бивши затвореник, човекот ситен криминалец, наркоман,... и викаме, слушај има дечкото историја на тепање девојчиња да не си ставиш трн во здрава нога.
НЕЕЕЕЕЕ,
вие не сте нормални, бубо мој, тој е срцка, ме сака многу,
ќе се смени ради мене (класика муабет, будали жени цел живот „менуваат“ некого), во град кога ќе излезиме со сите се знае, ГЛАВЕН Е.... се додека главниот не дојде еден ден на маса и не зеде да ја дрецни од земја, буквално - пошто негов другар ја имал видено како прави муабет со друго машко.
Со прст не мрднавме. Роднини нејзини, исто девојчиња, кога не прашуваа добро бе што машки сте зошто не ја браните... Од кого да ја браниме? Има мозок во глава? И кажавме неколку пати со кој си фаќа работа и како ќе заврши? Не правеше будали, ненормални, лудаци? Нека срка тоа што дробела, крај краева изеде два три шамари и клоци за памет.
На крај ајде по адвокати, па забрана за пристап, дрн дрн дрн... зошто? Зошто сакаше да биде фаца и оти секоја 2 будала како овај што ја ломотеше и викал здраво (заради него). Глупача пар екселанс. Ваквите обично не потекнуваат од семејства каде имало семејно насилство како историја туку едноставно не биле правилно воспитани во делот како машко треба да се однесува кон едно женско.
Такви кокошки без мозок се ПОЛА,
ако не и повеќе, од овие што се жртви на семејно насилство. Другата половина се тие што ги опишува Форца и на кои Господ да им е на помош бидејќи секој ден го живеат во терор ама буквален терор, дури психичкиот е со поголеми и потрајни последици од физичкиот т.е. ќотекот им минува, скршеници ли се, модрици ли се им минуваат, на крај останува психата која им е изорана како бавча и од нив направила непрепознатливи луѓе. Таквите се да им се натажеш на судбината и да не знаеш како подобро и побрзо да им помогнеш бидејќи во мкд институционално посекако нема да добијат кој знае колку соодветна помош.