Зарем таков човек како тебе којшто има трансцендентирано ван илузорното, е горделив?
Остај ги суетните паметњаковичи како мене коишто се' уште се обземени од овоземните пориви и игнорирај ги нивните его трипови.
Ваљда немаш проблем со одговарање на неколку прашања. Ептен се прости.
-Како разликуваш саркастичен од несаркастичен пост?
-Како знаеш дека мојот пост којшто го цитираше не беше саркастичен и ако знаеш дека не беше со сигурност, како истиот би изгледал доколку би бил саркастичен?
Еве, пиши ми одговор во било која тема која сметаш дека е соодветна. Ако имаш аргументи, нема да ескивираш вакви прашања и ќе ги одговориш со леснотија, со што ќе ја зацврстиш својата позиција и репутација на мудар и просветлен човек бидејќи некој би помислил дека намерно ескивираш вакви прости прашања.
Или можеби прашањава ти се тешки пошто и самиот не разбираш што е сарказам, а си сакал да се направиш паметњакович без притоа да приметиш дека постот којшто го цитираше беше саркастичен сам по себе? Иронично е малце. Нели?