Свадба - да или не?

S

Shaman

Гостин
класична свадба НЕ.
тоа е само фрлање пари.
вечера за најблиските + забава за помладите.
на забава викни 100 луѓе, здрвете се ко млади мајмуни.
нека ечи до сабајле.
јас сум за тоа.

и плус многу помалце ќе ти биде криво ако се разведеш.
замисли лупнеш грандиозна свадба со 500-600 гости и
после 4-5 години развод.......:facepalm:
--- надополнето: 13 јуни 2012 во 14:53 ---
Би имала регистрирање во матично, и вечерта во ресторан само најблиските роднини и пријатели! Најсила 50 луѓе, ништо повеќе!
Немам желби за бал свадби, и слични панаѓури и кичераји!
Уште датум да ти одредиме и да почнеш да се спремаш. :pos:
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
класична свадба НЕ.
тоа е само фрлање пари.
вечера за најблиските + забава за помладите.
на забава викни 100 луѓе, здрвете се ко млади мајмуни.
нека ечи до сабајле.
јас сум за тоа.

и плус многу помалце ќе ти биде криво ако се разведеш.
замисли лупнеш грандиозна свадба со 500-600 гости и
после 4-5 години развод.......:facepalm:
--- надополнето: 13 јуни 2012 во 14:53 ---

Уште датум да ти одредиме и да почнеш да се спремаш. :pos:
Абе јас би, уште јунак ми фали :drk:! :pos: иначе све е спремно! Блазе си му јунакот, за узврат што ќе си добие! Мераци :pos:
 
WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292
Добро во ред тоа,ама не сваќам зошто свадба и народно-турбо фолк мора да идат заедно ? Или како прави цело село морам и ја.
Не,не! Ако некој тука мрази турбо-фолк тоа сум јас, никаде не спомнав турбо-фолк или било каква србска музика ама народно - да, затоа што тоа си е наша традиција и треба да се негува, нејќам јас на свадба да слушам лигуши како лил вејн, енрике инглесијас и слични гомнарии. А такви свадби прават луѓе што се прават демек они се кујзнае што, а другиве проста маса. Ова е Македонија, а не Америка. Не треба да подлегнуваме на никакви пропаганди па на наши свадби да се пушта туѓа музика. Се знае што е македонска свадба абе весело е тоа, а не ко западњацине ко на погреб да се.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497

Taка е бе баче ние клошарааната слушаме се западњачка музика да му се сневиди ич не сме културни и да си слушаме старо народно што го слушале нашите баби и дедовци, па морало сега и ние ............ не фала јас живеам во 2012 год. а не во 19(шеес-друга) ............ право на личен избор си е тоа ......... кој сака нека си слуша народњаци никој не го забранува тоа, но да речеш дека тие што не слушаат народњаци, туку слушаат исклучиво западњачка музика се клошари .......... но комент !
Инаку и народњаците како и турбо-фолкот заедно ги ставам во еден ист кош, а тој кош се вика шљам-мјузик и таква музика да се чуе во моја куќа или во моја кола ........ мало морген !
 
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm: Јас не реков народно да слушаш бре само изгледа неможеш да сфатиш што сакам да кажам или па читаш со прескокнување. Јас рап слушам и јас дома немам пуштено ни народно, ни турбофолк (далеку од исто со народно) така да не е можно да сум рекол такво нешто. Не реков дека не треба да се слуша западњачка музика туку реков свадба со таква музика не бива, подобро никаква него таква. Се надевам разбра што сакав да кажам :unsure:
 
ОК може и сум ти прескокнал некоја реченица, набрзинка ги пролистав постовите, но ти мене си ми прескокнал 2-3 поста во претходниве 2-3 страници во кои имам кажано дека ако воопшто и правам некаква свадба, тоа ќе биде повеќе како забава на релативно мал број на луѓе ѓоа роденден што би се рекло, мразам големи балови, кичераи, маскенбали такви работи ......... вие терајте си ја традицијата ОК, а јас ќе си пуштам нешто хип-хоп, техно, поп... такви ствари... дури и на свадба(мини забава) ............ народњаци, зурли, тапани, кавали, народни ора... како и турбо-фолкерај такви ствари ЈОК !
 
Член од
23 мај 2012
Мислења
48
Поени од реакции
44
Да се прашувам само ја никогаш не би правела свадба многу ми е без врска ама ептен ако мора би правела мала свадба само со најблиските.
 
Hedera

Noxious
Член од
20 јуни 2012
Мислења
91
Поени од реакции
84
Свадбата е убава работа-заклучи мојот сопруг после свадбата (иако беше скептичен) - затоа што имаме многу пријатели и роднини па вака ги видовме сите одеднаш, ни честитаа и немаше потреба потоа да честиме некој секој втор ден. А со тоа што беа со нас таа вечер ни го направија тој момент незаборавен. А финансиски....колку ќе платиш, толку и ќе ти се вратат (од подароци).
 
Член од
21 јуни 2012
Мислења
18
Поени од реакции
7
Јас наскоро ќе правам свадба па се уклучив на форумов да прочитам некои мислења, бидејќи секој совет ми е добредојден. Сеуште не сме одбрале место со мојот сопруг, а сакам и да се погрижам прво за деталите. се надевам дека ќе биде незаборавно, без сите оние помпезности, адети и турбофолк.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
Да ! :) сепак е еден момент / ден, кој ти го одбележува цел живот :love: Би сакала традиционална свадба, весела со мноооооогу гости, верувам дека тоа е најубавиот ден во животот на една девојка :)
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Една средно добро стокмена и изведена свадба за стотина гости во ресторан чини најмалку 2000 евра.
Плус црква, превоз и спиење на роднини и пријатели од страна, плус дарови, плус музика, плус да се облечат младенците, плус гардероба за потесното славеничко семејство ... плус реновирање по дома (да не се посрамотиме со заманската гарнитура, пукнатата шолја, зар`ѓаната када и глеѓосаните плочки во бањата, разјадениот паркет и подлупената фасада) ехееј, може да стигнеш и до 10 илјади.
Таман да се уплати учество за стан на младите или за автомобил.

Помножи по бројот деца во едно семејство.

Настрана што повеќето обични смртници одвај врзуваме крај со крај. Значи за една вечер опа-иха, треба да отплаќаме дебели кредити во следните 20 години. До свадбата на децата на младенците.

И сепак, така живее денес Македончето.
Инаку, што ќе речат луѓето?
Традиција. :tapp:
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас наскоро ќе правам свадба па се уклучив на форумов да прочитам некои мислења, бидејќи секој совет ми е добредојден. Сеуште не сме одбрале место со мојот сопруг, а сакам и да се погрижам прво за деталите. се надевам дека ќе биде незаборавно, без сите оние помпезности, адети и турбофолк.
После три свадби можам да кажам дека сум доволно навлезен во проблематиката.
Најдобро е со својот сопруг да појдете по сите ресторани кои организираат такви видови на веселби и да соберите понуди.
Не земајте ја најскапа понуда, нема голема разлика дали сосот е со печурки или не, или пак дали ќе биди вешалица или ребро во менито, секако ништо нема да касните од возбуда.
Ако разликата е 2 евра, на 200 гости тоа е 400 евра. Венчаницата изнајми ја, освен ако не си како мојата трета жена која имаше претходно седум брака. Како и да е секако ќе се здебелиш и нема да можеш да ја користиш ако ја купиш.
Сопругот нека земи некој кежуал костим кој ќе го носи и во други пригоди, утре други ден ако се разведите можи пак да му се најде.
Фото сесијата е многу битна работа, ама нека бидне поефтинка. На фејсбук сите кликаат само лајк на албумот, додека ретко кој ги разгледува сите слики.
Кумот бирајте го поимашлив и либерален тип, мојот се откажа по втроиот брак и ми рече дека можеби е тој малерот, јас мислам дека е стегнат многу.
Музиката е таа, ако не сакате турбо фолк тогаш во нивниот репертоар ќе биде Чолич, Балашевиќ, Бора Чорба, Бреговиќ што е малтене исто и секако македноски народни песни.
Мал совет околу тоа, пари се лепат на камерата, никогаш на музиката. Ако не е овоковечена твојата свадба на ДВД, џабе дека си и закачил 1000ка на музиката. Сеќавањата бледеат.
Флаерите нека бидат помали и на нив обавезно да пишува дека преферирате кеш... немаш потреба од 6 апарати за пица и пет рала финџали.
По мое најдобро е да ги поканите блиските дома во коктел-атмосфера со ордеверче и пијачка или пак сами да си изнајмите локал.
Со парите што ќе ви останат ќе направите добро патување...
Музиката нека биде на ЦД, ама како за прва свадба терајте со сите нишани тогаш.
И со среќа нека ви е свадбата...чекаме слики на форумов
 
Член од
2 август 2012
Мислења
79
Поени од реакции
12
Големо ДА! Многу ги почитувам младоженците кои ќе се одлучат за традиционална свадба, целиот тој склоп на обичаи на едно место и традиционалната музика му дава посебен вкус на целиот настан. Не се венча човек по десет пати во животот, мислам дека сите треба да се одлучат за свадба, и тоа за традиционална свадба.
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Техно на свадба, читам и се чудам, ви ебам тоа YouTube генерацијата. (n) А ќе има барем WIFI да можете да се тагнете таму? и секако дали ќе биде дозволено користење на Instagram за ако некој сака да додаде ефекти на сликата каде е сликан со зетот и невестата како ја тресат главата на We no speak Americano??? Пропаст западна сте....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom