Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Тргнав да си го напишам тоа што сакав на друга тема, но помислив дека можеби некој ќе сака да додаде или одземе нешто, па решив да отворам нова. Овој подфорум најмногу го избрав за да избегнам постови од два-три смешковци или зборови, па сменете ако има потреба.
Доколку има вистина во реинкарнацијата и би ми била дадена можност да изберам како што би сакала некогаш пак да се вратам на земјава, дефинитивно не би избрала да сум човек. Не сум најпаметната на светов, но секако не сум ни најглупавата, за да си приредам по втор пат еден таков стрес. Не би се сменило до тогаш ништо на поубаво, а сегашното воопшто не ми се допаѓа.
Денес дефиниција за поимот човек е се` најлошо што може да ти дојде на уста. Значи би требало да сум живо суштество кое според некакви докази и правила е најпаметно на земјава. Како такво, својот најразвиен мозок од сите останати, би требало да го користам за уништување на се` што можам, мразење на се` што не сум јас и не е мое и занемарување на сите можни чувства до степен на нивно изумирање. Би имало тука и нешто друго и поитро што би можел мојот мозок да го приреди. Да ме направи најлукавото живо суштество кое ќе функционира како што кажав претходно, но ќе биде доволно итро да не дозволи тоа да го гледаат другите. Така би била подобар човек за сите, а уште полош за себе. Со тоа, плус би имала некое само за мене сфатливо дефинирано право да ги исмејувам другите, да ги навредувам како стигнам поради нивните лоши постапки, дури и општо поради тоа што постојат. Голем терет и казна е тоа... да живееш во постојана омраза, завист и љубомора, а тоа да го правиш токму затоа што не си способен ниту паметен за ништо друго.
Туку, ајде да пробам да го разложам тој поим, може ќе добијам поблага слика. Маж и жена. Дали сакам некогаш да сум маж на овој свет, хммм... Така ќе треба да сум некој убав, припрост и проблематичен или неубав, екстра паметен и смотан дечко. Во било кој случај ќе мора да сум невешт со жените, а најголем тепач и најголема фаца помеѓу мажите. Ќе мора да не знам да фатам добра девојка, па така несреќен вечно да заглавувам со спонзоруши и се` друго најдолно од тој нивни несфатлив свет. Ако немам пари, наместо да ги направам ќе мора да сум најголем хејтер на се`, а ако имам ќе морам да живеам со мислата дека јас сум најјак, најспособен и највреден маж на светот. Тешко би било да се помине половина живот и во двата случаи. Во подоцнежните години ќе треба да сум крајно слободоумен и богат маж со најсекси жена до себе или крајно затупен и небогат, со најголемата и најпроста затворена по дома домаќинка од жена. Ако сум првиот, жената повеќе ќе е на другите отколку моја. Тоа секако ќе го знам или претчуствувам, па ќе морам за доброто на гладните усти за оговарање околу мене да ќутам и да пијам, да се дрогирам, да се коцкам или и јас да се швалерисувам. Ако сум вториот, ќе сум никој и ништо, но барем со жената нема да имам проблем. Таа секако ќе си има за што да се жали, но неа лесно ќе ја смирувам со по некој шамар или нешто повеќе. Може тука да искрсне и трета варијанта. Да сум доволно смотан маж за да може некоја за степен попаметна жена цел живот да ми го досмота. Како и да свртам не ми чини. Не сакам дефинитивно да сум маж.
А жена? Ако сум, ќе треба да сум некоја убава, згодна, стегната и припроста или неубава, незгодна и паметна девојка. Во било кој случај мажите ќе мора да ми бидат приоритет, кој во зависност од тоа каква сум, ќе мора различно да ги ловам. Ако сум како таа првата, ќе сум голем нарцис и ќе се трудам мојата убавина убаво да ја истакнам и наплатам. Секогаш ќе носам три бројчиња помала облека, а зимска нема ни да купувам. Ќе се трудам и на најголемиот сељак да му предизвикам лиги во устата, за на крај да оставам што повеќе гладни мажи зад себе, а само јас да одлучам кој ќе ја има честа да ме купи и има. Ако сум втората, ќе имам поголеми проблеми да стигнам до целта. Ќе морам да наоѓам попаметни идеи за ловење, а притоа во секоја можна прилика да испаѓам полесна и поглупава од таа првата. Ќе треба да нудам се` за љубов или за барем една општа никаква фигура до мене, која еден ден ќе ме земе за жена. Во двата случаи ќе морам да барам понеубави или понеморални другарки, за јас да сум посебната и најјаката. Со таквото бирање, секако нема да ми се некои што ќе ги сакам и почитувам, па ќе морам во секоја можна прилика да ги изневерам или предадам. Во подоцнежните години ќе треба да сум богато омажена жена со некој кој имал доволно пари, а недоволно убавина и памет или скромно омажена со некој кој едвај се нашол, но барем се нашол. Ако сум првата, ќе мора да одговарам на многубројните понуди од мажи за секакви дружби, со кои ќе треба да си го пополнам времето за шопинг помеѓу еден и друг фенси бутик, додека децата ми се на училиште или роденден, а маж ми се убива од работа или е на патување со секретарката. Ако сум втората, ќе морам секој ден да станувам од рани зори за да почнам со време да си ги извршувам домашните обврски. Ќе треба да се трудам да завршувам до ручек се`, за потоа ако имам дозвола од мажот да тркнам на кафе до кај комшивката и да го изоговараме секој човек што го познаваме, прикривајќи и заобиколувајќи си ги своите маки и патетики. Тоа ќе треба да го правам многу брзо, за да ги стигнам сериските серии кои веќе почнале. И тука како и да свртам не ми чини. Затоа, дефинитивно не сакам да сум ни жена.
Е сега, секако на крај морам да ги спомнам ретките исклучоци, кои не спаѓаат во ниту една категорија од претходно наведените. Но, од друга страна ако сум таков човек, кој не сличи на околината, ќе имам дури и потежок живот. Бидејќи нема да се однесувам како сите, ќе ме гледаат чудно и на училиште и по улица и по кафетерии и по дискотеки и на работа. Ќе се прашуваат и ќе ме прашуваат дали сум во ред, што ми фали, зошто не го сакам тоа што треба да се сака според нив и ред други непромислени прашања. Што и да одговорам, а и да премолчам ќе згрешам. Згора на се`, сигурно ќе има помалку луѓе од мојот вид, па ќе биде премногу тешко скоро сам да се живее така.
Поради овие и многу други слични проблеми, јас не би сакала никогаш пак да сум човек, а на моменти и ми е криво што сега сум.
Ова е само кратка варијанта на моите размислувања на оваа тема. Ќе си ги докажам маките во некој нареден. Вам нека ви послужи темава за секакво и општо плукање и фалење во врска со тоа што и какви сме ние луѓето на овој свет.