СО ПОДДРШКА ОД СОФИЈА Се формира партија
Меѓу Македонците што имаат бугарски пасош, тие што чекаат да го добијат и меѓу студентите што се школуваат на бугарските универзитети, засилено се агитира да потпишат пристапница за да може да се формира Демократска партија на Бугарите во Македонија, дознава „Дневникк“.
Иницијативниот одбор за формирање на партијата бил формиран во јануари годинава, а досега биле обезбедени над 300 пристапници. Според основачите на партијата, планот за формирање партија на Бугарите во земјава бил поттикнат и е помаган од бугарските државни структури.
Еден од агитаторите, кој е посредник за добивање бугарски пасош, и кој побара да остане анонимен, вели дека луѓето што бараат бугарски пасош ги убедуваат оти полесно и побргу ќе дојдат до бугарско државјанство и патна исправа ако потпишат пристапница за партијата.
На младите што сакаат да студираат во Бугарија им се гарантирале упис во државната квота и стипендија.
- Ако с$ оди според планот, на парламентарните избори в година ќе имаме и свои пратеници - вели соговорникот, кој со себе постојано носи пристапници. Тој на парламентарните избори во 2002 година учествувал како обезбедување во кампањата на СДСМ. По победата му понудиле работа и плата од 200 евра во комуналното претпријатие во градот во кој живее. Ја одбил понудата и се решил да посредува за добивање бугарски пасош. Вели дека е презадоволен од провизијата што ја добива.
За да се регистрира партијата, потребно е зад иницијативата да пристапат најмалку 500 члена. Нивните податоци прво треба да се достават до МВР заради проверка на веродостојноста на идентитетот на луѓето, а потоа со решението од МВР за точноста на податоците и со другата документација се поднесува барање до судот за регистрација на партијата.
(М.Ј.) n
http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2862&stID=63088