СКОПСКО ЛЕТО 2016

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Возраст
71
Еве не пред почетокот на овогодишното Скопско лето 2016
За почеток го постирам спотот
https://www.youtube.com/watch?v=8iEOML-X5XE

и каталогот и билтенот во кој ја имате програмата
Во оваа тема се очекува да препорачувате настани и да споделувате впечатоци.
Најнапред би замолил некој кој е повешт од мене, спотот, програмата и каталогот да ги постира погдобро ( акое е тоа можно )
 
Attachments

што пара се картите за претставите?
 
Влезниците за Скопско лето се воглавно безплатни. повеќето се на отворено
Но има некој настани за кои се плаќа влезница. На пример театарските представи но ова не е правило
Најдобро да прашаш на телефон или меил конкретно за некој настан
Уште да Ве информирам дека во четврток на 23. јуни, во Градскиот парк со почеток во 21 часот Македонската филхармонија ќе има концерт
http://lokalno.mk/bidi-del-od-multimedijalniot-nastan-vidi-muzika-slushni-slika-dobij-kniga/
Овој концерт не е дел од Скопско лето 2016, но вреди да се погледа
 
што пара се картите за претставите?
Минатото скопско лето билетите за филм беа симболична цена од по 50 денари, ваљда и сеа ќе биде исто.
Оној џезот на крај на јуни ми го праи меракот.
 
Како ви се допадна концертот на Филхармонијата од синојќа?

Јас мислам дека беше промашај.
 
Ок беше. Малку промена после толку извикани класични дела. Пред некоја година имаше онака најпознатото од класиката, беше налик на оние синтисајзерскине инструменталки во бирцуз што ги свират Yesterday, Лајонел Ричи, нешто налик на Клајдерман интро пред влагање на свадбена прослава.
Изведбата беше на нивоу, малку калабалак и вруќина но се` на се`, задоволен.[DOUBLEPOST=1466945277][/DOUBLEPOST]Ќе иде некој на џезот на 28ми во Јавна соба?
 
не се согласувам со тебе
Концертот беше катастрофа. Јас воопшто не го слушнав оркестарот. Слушав само еден пејач кој го имитира Боуви и некаков набрзина собран рок-состав кој доминираше. Како да сме на некава маалска журка
Филхармонијата воопшто не се слушна
Мислам дека аранжманот и продукцијата беа под секое ниво
Еве како звучи Space Oddity во изведаба на симфониски оркестар
https://www.youtube.com/watch?v=FkJJD3ziRZg
За добар аранжер, симфонискиот оркестар, дава огромни можности, но треба да се искористат можностите
 
Синoќa некoј дa не беше нa џез свиркaтa вo Сули aн? Впечaтoци?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom