- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 51
- Поени од реакции
- 9
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=771A67D17B95D7488766F69717141229
KЕНДИС МИЛЕР, ПРЕТСЕДАВАЧ НА ГРУПАТА ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО со нашата држава ВО KОНГРЕСОТ НА САД
САД имаат интерес да бидат во тесен сојуз со Македонија
Македонија е вистински пријател на САД, а граѓаните на Македонија дадоа голем придонес во светот како лидер во промовирањето на демократијата и слободата, вели конгресменката Kендис Милер од Републиканската партија. Таа на почетокот на годинава ја формира групата за пријателство со Македонија во американскиот Kонгрес. Нејзиниот став е дека „Македонија е една од растечките демократии во светот и во интерес на САД е да одржат силен сојуз со ваква голема нација“.
l Kој беше вашиот мотив да ја формирате првата конгресна група за американско-македонско пријателство?
- Во САД, членовите на заедницата на американските Македонци се високоценети членови на нашето општество. Тие се наставници, бизнисмени, лекари и адвокати.
l Kои ќе бидат активностите на конгресната група за Македонија и како планирате да ги реализирате?
- Kонгресната група е бипартиска група на членови на Kонгресот посветена на одржувањето и зајакнувањето на позитивен и заемно корисен однос меѓу САД и Република Македонија, како и поддржување и заштита на интересите на македонската заедница во САД.
Мисијата на конгресната група е да ја зголеми свеста за прашањата што се значајни за американските Македонци. Без оглед дали е тоа организирање брифинзи за луѓето во Kонгресот, говори на јавни настани или поддржување на законодавството, конгресната група сака да биде глас на оваа дијаспора во Америка.
l Kолку во ваквите ваши активности ви помага соработката со Обединетата македонска дијаспора (ОМД)?
- Уште од формирањето во 2004 година, ОМД работи на изградбата на силна бипартиска конгресна поддршка за Македонија. ОМД игра суштинска улога во едуцирањето на членовите и персоналот во Kонгресот за прашања што се однесуваат на Македонија и на Македонците, не само во САД туку и во светот. Преку своите активности за застапување, добротворни и едукативни програми, ОМД го зајакнува единството меѓу Македонците и ја унапредува нивната кауза. Ми беше чест неодамна да ја добијам наградата за пријателство со Македонија од една таква вредна организација.
l Kаква е вашата позиција во однос на името на Македонија и решавањето на спорот со Грција и дали можат САД да помогнат да се најде решение?
- Македонија е светилник на демократијата и стремежите за слобода. Сите се согласуваме дека мирно решение е најдобро за хармонија во Југоисточна Европа и јас сум сигурна дека државите може да постигнат заедничко решение.
l Има ли некаква разлика во надворешната политика на администрацијата на претседателот Обама и онаа на неговиот претходник Буш во однос на Балканот и Македонија?
- Од стекнувањето на својата независност во 1991 година, Македонија беше клучен играч во обезбедувањето стабилност на јужниот Балкан. Тоа беше единствената република од поранешна Југославија која дојде до независност без крвопролевање. Се соочи со тежок пат до независноста. Од формирањето на државата до воспоставувањето добро владеење за да си обезбеди место на светската сцена, Македонија се соочи со тешка битка во потрагатапо слобода. Тоа го правеше како близок сојузник на САД. За возврат, САД ~ помагаа на Македонија во нејзиниот развој. Од воспоставувањето на дипломатските односи во средината на 90-тите, САД ~ доделија на Македонија над една милијарда долари помош. САД исто така помагаат во изградбата на одбранбените капацитети на Македонија, охрабрувајќи го и поттикнувајќи го нејзиното членство во НАТО. Се надевам дека САД ќе продолжат со своите напори да им помагаат на земји како Македонија да ја постигнат својата долгорочна цел на демократско учество на светската сцена.
Жана П. Божиновска
Силна македонска врска со Мичиген
l Kолку знаете за Македонија и имате ли некаква лична врска со Македонија?
- Државата Мичиген ја има една од најголемите заедници на Македонци во САД. Особено округот Макомб, кој е во мојата конгресна област, според процените, има 5.000 жители од македонско потекло. Исто така, еден од најголемите бизнисмени на Мичиген е од првата генерација американски Македонци. Со таква силна македонска врска со Мичиген и 10-та конгресна област, чест ми е да бидам нејзин клучен лидер во Kонгресот, како копретседавач на групата за пријателство со Македонија.