Родителско право на шамар?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Неколку илјади луѓе во Нов Зеланд се собраа на протест и бараа како родители да им се даде право и понатаму без казна да можат да ги исшамараат своите непослушни деца.Во неколку градови протестирале дури и дедовците против новиот предлог закон кој предвидува казнена одговорност за родителите за било кој облик на физичко насилство врз детето, вклучувајќи и шамар.
Во главниот град Велингтон училиштата се затворени за учениците да можат да учествуваат во јавните менифестации против предлог законот, кој според мислењето на организаторите на протестот, претставува мешање на државата во семејството и прават ана родителите.
Црквата проба да интервенира против острите реакции на здружението на родителите, истакнувајќи дека единствената намера на законодавецот во пишувањето на новиот предлог закон е да го ограничи застрашувачкиот пораст на насилството во семејството.

Што мислите вие, дали на родителите треба да им се одземе или остави правото? Ајде аргументи.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Треба да се маваат шамари и тоа постојано за секое лошо дело направено. Зошто? Затоа што еве ги денешниве мали деца кои што шеткараат тука низ маало кај мене едноставно немаат почит спрема никој, порано кај се смеело на постар да кажам дека нема да идам да му купам цигари или да го пцујам, автоматски сум пиел шамарници у серија. Ама муабетот ми е кат д креп со тоа педагошка мерка СО ЗбОР нема леб од тоа, се знае старото со шамари до дисциплина да се знае дека згрешило нешто детето и дека за тоа добило шамар и тоа нормално нема да го прави веќе.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
Roditelskoto pravo treba da e apsolutno zagarantirano. No ne i zloupotrebeno.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Јас би рекол секој со свој памет. Немора да биде правило дека дете без ќутек станува бараба, непослушно, дрско...има контра ефекти каде што такви деца стануваат насилни. Има родители кои што се доста добри во со воспитувањето, со зборење издигнале красни деца. Исто и тука има негативни резултати, во случај кога тој родител очекува само по себе чинот на зборење со детето да даде резултат. Значи секој со свој памет, како размислува, како мисли дека е правилно, па ке видиме еден ден кој има најпаметни/воспитани деца :)
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
мислам дека од насилството произлегува насилство, така да не верувам дека васпитните шамари не се баш поучни, туку може и да имаат контра ефекат. мислам дека детето треба да се вразуми со муабет,факти, него ли казната да биде шамар. но понекогаш па и шамарчето делува добро, така да, зависи. значи некое васпитно шамарче-ваљда е океј, не зборам да го претепате детето =)
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Јас ги оправдувам шамарите ама ако има причина а не на се и сешто да се мава шамар.Ја ко мал си пиев шамарчиња од татко ми и тоа како ама си заслужував пун бев со црви у тоа гзот:pos2:
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Јас лично сум против шамарот! На мене никогаш моите не удриле, па пронајдоа начин на кој можеа да ме воспитаат. Мислам (знаејки се себе си) уште полошо ќе напраев ако ми врзеа шамар. Доволно е само да се пренеси знаењето кај малото дете „кој е главен и е во право” после тоа се треба да течи како што треба. „Вербалниот страв” е најдобар лек...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Volkswagen напиша:
Јас лично сум против шамарот!
Човече, звучиш како слоган од билборд на некоја невладина :)


Volkswagen напиша:
На мене никогаш моите не удриле, па пронајдоа начин на кој можеа да ме воспитаат. Мислам (знаејки се себе си) уште полошо ќе напраев ако ми врзеа шамар. Доволно е само да се пренеси знаењето кај малото дете „кој е главен и е во право” после тоа се треба да течи како што треба. „Вербалниот страв” е најдобар лек...
Затоа што немало потреба да ти удираат, си бил во границите на она кое може да се толерира. Умре "вербалниот страв" со кој нас не воспитуваа. Кога ги гледам дечињата на моите врсници, ми личат на мали чудовишта. Ѕверови. Им маваат тупаници на родителите, користат зборови како "копиле", "пичка"... Покемон генерација ебате, телетабиси. Светов отиде у курац. Од што? Од продавање демагогии за етика, права и од невладини организации.

И уште на такво дете да не можеш да му дадеш некоја воспитна? Оу, јеа, сигурно ќе можеш вербално да го воспиташ.

Не збориме за злоупотреба од страна на родителите и физичко насилство, нема збор дека тоа треба да се санкционира без размислување, но на нас како генерација од време во кое немаше невладини организации и глупи закони, ништо не ни фали што како деца ни удриле по некоја воспитна по задникот.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Е добро тука си во право, сепак мислам дека во драстични случаи како ти што наброја...не шамар,...пепел ќе го напрам малиот :)
Ама делумно се криви и родителите. Кога гледате дека детето ви забегува...построги ќе бидете на тој начин што , не дека ќе му забранувате некои работи (забранетото овошје ќе стани послатко) туку на поинаков начин ...по субтилен да навлезете во неговата свест.
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
21
Ништо не се решава со насилство-барем кај мене! Со еден добар разговор и добри совеети се може да се донеси во ред!

Не сум против шамарот али само кога се користи во некои одредени ситуации...се друго не е во ред!
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Ќотекот искочил од рајот...така да едно шамарче не е на одмет, колку за освестување:kickbox:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ако родителот на време не успеал да направи човек од детето, го има сето легитимно право сам да си лупне шамар!

Во спротивно, во поодминати години за детско воспитување, гестот на насилство сосема сигурно може да предизвика контра ефект. А кога станува збор за дете на возраст до некои 6-7 години, можеби е во ред за некои негови постапки симболично со шамарче да му се долови погрешноста на истите :) Ако сме сигурни дека зборот не помага...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
ПрИтИ_гРл напиша:
Ништо не се решава со насилство-барем кај мене!
Не збориме тука за насилство, да разграничиме. Не може мека шлаканица по газето, како воспитна мерка на пример во момент кога твојот петгодишен син мава со играчката по телевизорот и нема намера да престане иако 16 пати си го опоменал, да биде исто што и кршење од ќотек.

Си чула за условен рефлекс? Сме учеле по биологија, ти текнува на сликичката со кучето и сијалицата во учебникот од основно? Дет'с ват ај ем токинг абаут.
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
21
Си чула за условен рефлекс? Сме учеле по биологија, ти текнува на сликичката со кучето и сијалицата во учебникот од основно? Дет'с ват ај ем токинг абаут.
Ех како не ке ми текнува сега ред две недели тоа учевме:pos:
Но, јас погрешно тебе те разбрав! Кога веке станува збор за таков шамар да сосема си во право! Да му велиш 20 пати ама немој таму по две минути ама немој таму....и така два саат и после пак не разбраво па од контакт ке ме извади! Ке го подмавнам малку и ке разбери и тоа како!
:wink:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Мистичен напиша:
...Си чула за условен рефлекс? Сме учеле по биологија, ти текнува на сликичката со кучето и сијалицата во учебникот од основно?...
Се согласувам Мистичен.

Иако, условниот рефлекс може да услови очекувана реакција на акцијата. Кога тогаш. Ако е претерана.

И ова е од основно :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom