Рисот во Македонија

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Покушавале да го спасат со све што може, чак и цело време у контакт на Ватсап биле со лекар за рисови од Швицарска, али то е. Се мучел некое време и умрел. Тој што го згазил - киднал.
Инаку на таа делница кај што го згазиле, баш било планирано да има тунел, али се откажале и пат останало.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
Покушавале да го спасат со све што може, чак и цело време у контакт на Ватсап биле со лекар за рисови од Швицарска, али то е. Се мучел некое време и умрел. Тој што го згазил - киднал.
Инаку на таа делница кај што го згазиле, баш било планирано да има тунел, али се откажале и пат останало.
Штета за рисот што не изградиле тунел
 
M

Macedon1um

Гостин
Како рисот да го преживее автопатот
http://prizma.mk/kako-risot-da-go-prezhivee-avtopatot/

1.png

Во Хрватска има изградено 11 зелени мостови за животни во различни делови од земјата. Биле поставувани откако претходно се направиле истражувања кои места би биле најповолни за животните да ги користат. Овие мостови, исто така, послужиле како одлични локации за поставување фотозамки и сензори со кои се следи состојбата со дивиот свет. Со тоа била потврдена и оправданоста на изградбата.

Едно истражување за мостот Ивачено Брдо близу Карловац покажало дека за помалку од една година, инфрацрвените зраци од инструментите за следење биле прекинати над 30 илјади пати, односно толку пати некое животно поминало преку него. Станува збор за премин широк 120 метри, под кој има тунел, а над кој е поставена земја и засадена вегетација. Истражувачите успеале да направат 1.615 фотографии со фотозамките. Срни, елени, волци, мечки, зајаци, јазовци, куни, диви мачки и различни видови птици биле забележани дека го користат мостот, со што лесно и безбедно поминувале од едната на другата страна на автопатот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom