Рецензија: Half - Life 2

Член од
21 април 2010
Мислења
100
Поени од реакции
33
Прво морам да кажам дека од HL 1 до HL 2 има многу. HL 2 е толку подобрена, што не би ја препознале ако имаше друго име.

Приказна:

Приказната во „двојката“ е надоврзана од „кецот“. Вие како ликот на Gordon Freeman повторно сте во акција, но сега во многу поразличен свет. По авантурата бо Black Mesa вие продолжувате во City-17. Но сега се е поразлично. Чудовиштата од HL1 сеуште се тука (во помал број), но луѓето успеале да припитомат некој од нив. Само крабите и зомбите останале од претходниот дел, а има и нови чудовишта (незнам како се викаат) и се појавуваат најчесто од песок. Да се вратиме на приказната... најпрво се оди едноставно, Барни еден од ветераните од Black Mesa преправен како војник (а да, заборавив да кажам дека сега војниците носат посебен оклоп со маски и имаат многу подобри оружја) ве носи кај Доктор Клајнер. Тој сака со телепортска машина да ве однесе кај Илај. Но една краба ќе ви се појави во текот на телепортитањето, и ќе откачи некој жички, а вие останувате надвор. Сега треба да свртите круг до Black Mesa East, и да не ви кажувам повеќе за да не ви го расипам доживувањето....



Gameplay:

Gameplay-от е одличен. Нешто ново во HL 2 е што ќе возите кола (не таква како што мислите) и ќе возите така наречен Water Hizard.



Исто така, поголемиот дел од HL2

се одвива на отворено, во поцивилизирани места (за разлика од HL1 каде што цело време се во некои згради, а кога излагаш си на пустина). Интересно е што ќе се појавуваат ликови кој ќе зборуваат со вас, и така ќе ви ја олеснат играта. Има две мисии каде што ќе те следат (Squad Follow) и треба да си ја чуваш екипата. Но голем недостиг е што неможете да играте на интернет доколку немате Steam или ако имате Протокол 7, зошто речиси сите сервери се на Протокол 8...

Графика и звук:

За разлика од HL1, HL2 има многу (ама стварно многу) подобра графика... Водата е многу реално подобрена, и запазени се сите детали во игрта... Текстурите се доста остри и квалитетни. Порам да кажам дека и ликовите се одлично анимирани. Исто така оружјата се пореални и нивното пукање, а експлозијата е доловена. Големи пофалби ќе дадам за звукот во играта, синхронизацијата на ликоците е олична, но има нешто што ме остави без зборови. А тоа е, доколку сте блиску до некоја експлозија, звукот се намалува и слушате тивко зуење во ушите, а за неколку секунди повторно се зголемува.

Вреди да се игра :)
 
T

Tetro

Гостин
HL2 има многу (ама стварно многу) подобра графика
Се следа по сликата што ја имаш ставено дека графиката не е ништо страшно за кревање прашини.

Наведи од кај ти е копиран текстот, ако сакаш.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Се следа по сликата што ја имаш ставено дека графиката не е ништо страшно за кревање прашини.

Наведи од кај ти е копиран текстот, ако сакаш.
Ја компарира со Half Life кецот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom