D
Daedalus
Гостин
Темава ја отварам со надеж дека ќе има интересни дискусии и изнесени мислења. Се надевам дека нема да биде проследена со навреди и оф топици.
Психологијата и психијатријата добро нам познати денеска, бележат секаков вид на реформи и промени на својот теоретски модел и на практикувањата во рамките на истите низ историјата на овој век и претходниот. Почнувајќи од лоботомијата која била препорачувана како решение за некои форми на ментални болести до идеализирање на потенцијалите на потсвеста, свеста и натсвеста, овие првенствено филозофски гледишта почнале да го пробиваат својот пат кон успехот.
Преминувајќи од сферите на филозофијата во областа на науката споро, поради тоа што етиката и некои државни закони не дозволуваат слободно експериментирање врз луѓето како врз лабораториските глувци денеска, специфично психологијата е проследена со огромни ограничувања во истражувањето на мозокот и феномените кои произлегуваат од истиот.
Иако етимологијата на зборот психологија потекнува од латинскиот збор "psyche"(дух) и "логос"(наука), денешните студии кои се поврзани со болестите од ментален карактер, се концентрираат на мозокот и на неговите функции и дисфункции. Сепак, постојат многу важни критериуми за тоа што претставува човечкото здравје а што болеста кои психологијата не ги задоволува со своите теоретски модели.
Дали психологијата може да биде валидна наука како медицината или неуробиологијата? Дали психологот е легитимно решение за болните од шизофренија или пак друго посериозно пореметување? Прирачникот за класификација на болести и пореметувања секоја година се полни со нови болести, зависно од тоа што членовите на АПА ќе изгласаат за болест. Сеуште не сум свесен за стандарден теоретски модел кој психолозите го користат при дијагностицирањето и лекувањето на некои болести исто како што не сум свесен како терапијата со разговор може да излечи болен од манијакална депресија или параноја на пример. Во 1975 година хомосексуалството излегло од листата на болести по пат на гласање исто како и што било внесено во листата на болести по пат на гласање.
Во прирачникот за пореметувања може да се најдат многу интересни пореметувања како на пример:
Математичко пореметување
http://www.minddisorders.com/Kau-Nu/Mathematics-disorder.html
Пореметување "ривалство со роднините"
http://www.psychnet-uk.com/x_new_site/DSM_IV/sibling_rivalry_disorder.html
и ред други пореметувања кои не постојат како реален феномен и некои од нив уште се наречени морални болести (ривалство со роднините). Овие болести не постојат како физички болести во мозокот ниту пак може да бидат "опипливо" евидентирани како манифестација на некоја дисфункционалност на нашиот мозок за разлика од шизофренијата, опесисвно компулсивното пореметување, паничните напади, хроничната депресија и ред други пореметувања кои се симптоми на различни инхибиции/стимулации на работата на неуротрансмитерите или други сегменти од нашиот мозок како резултат на генетско/околинските фактории кои влијаат на работата и развојот на истиот.
Како реално и научно можеме да разграничиме што претставува психолошко пореметување доколку не наоѓаме никаков показател за постоењето на било какво пореметување на мозокот на пациентот? За болести како шизофренијата, аутизмот и слично, по пат на евиденцијата која ни е пружана од неуробиолозите, можеме да утврдиме дека се реални и лесно можат пациентите да бидат дијагностицирани со некоја од овие несреќи.
Но, што со болестите кои не постојат како опипливи и објективни феномени? Што со болестите кои АПА практично ги вади од ракав? Досега не постои валидно објаснување дали пелтечењето може да биде наречено болест, со оглед на тоа дека причините за пелтечење се резултат на околински фактори а не биолошки фактори (со досегашните знаења).
Сепак, тоа не ги спречува АПА да го дијагностицираат пелтечењето како психолошко "пореметување".
Дали овие "болести" како и големиот број на сексуални фетиши за кои сеуште не постои валидна евиденција која ќе укаже дека се резултат на болест, треба да бидат дијагностицирани и дефинирани како болести врз база на некои морални гледишта или пак стриктно одредувани според моделот кој е во рамките на медицинската дефиниција за тоа што е болест и на биологијата?