- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 51
- Поени од реакции
- 9
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/29293/reakcija_od_omd_za_izostavuvanje_na_pridavkata_„makedonski“_vo_izveshtajot.aspx
Ова реакција беше испратена до македонските медиуми на 14ти октомври но денеска одлучија да ја публицираат -
Реакција од ОМД за изоставување на придавката „македонски“ во Извештајот
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја критикува Европската комисија за изоставувањето на придавката „македонски“ во Извештајот за напредокот на Република Македонија.
- ОМД смета дека Европската унија и нејзините институции се контрадикторни и неконзистентни со споствените приницпи за човекови права, заемно почитување, национално достоинство и правото на самоопределување. Постапките на ЕУ се во спротивност со интернационалните норми на именување на Македонците како Македонци и на нивниот јазик како македонски, се вели во писмото од ОМД до ЕК.
Македонците ширум светот, се нагласува, се длабоко загрижени со ова кршење на нивното право за самоопределување од страна на ЕУ.
- На тој начин Европската унија јасно ја фаворизира непринципиелната политика на нејзината членка Грција, земја која ги крши сите европски конвенции за човекови права, вели Методија Колоски, претседателот на ОМД.
Не не изненадува, нагласува Колоски, што придавката „македонски“ е исклучена од истата институција која во 1991 и 1992 година објави резолуција со која кажа дека ќе ја признае Македонија само со име кое него вклучува терминот Македонија.
- Дваесет години подоцна ЕУ се уште ги практицира овие дискриминаторски политики кон Македонија и Македонците, вели Колоски.
Тој потсетува дека Македонија во 2005 година доби статус кандидат за членство во Унијата и оти во Извештајот на ЕК тогаш беа вклучени придавките „Македонец“ и „етнички Македонец“ исто како и во извештаите од 2006 и 2007 година, што не е пракса во последните три извештаи од ЕК.
ОМД бара од Европската комисија веднаш да ја исправи грешката направена во Извештајот за 2011 година и јавно да се извини на македонскиот народ за практиката на негирање на македонскиот идентит во извештаите за напредокот на земјава во последните три години.
- Преку голбалните мрежи ОМД ќе го подигне нивото на свеста за ова прашање кај сите клучни институции за човекови права, како што се Обединетите нации, Хелсиншкиот комитет, Советот на Европа, Европскиот парламент и многу други, се вели во писмото од ОМД до ЕК.