Раното христијанство и ропството

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Христијанството го затекна ропството како веќе призната државна институција, та затоа и го прифати без отпор и протести. Самата рана Христијанска црква држеше робови (та и Павле им препорачува на робовите да си останат во таја положба. Но конкретно (покрај фактот дека бискупите поканети на Никејскиот сабор имаа право со себе да донесат и по три роба секој, би наведол уште некои факти во однос на Христијанска црква - Ропство. Третиот црковен собор во Толедо во 586 година, донесе заклучок дека “Епископите можат да ги продаваат жените кои свештениците ги држеа како наложници“ ( ги овласти бискупите да тргуваат со робови), Вториот црковен собор во Севиља во 619 година, донесува одлука да “ослободениот роб, кој подоцна повторно му се враќа во ропство на истиот бискуп“, соборот во Ремс, во 630 година, изфдава општа наредба “да робови од христијанската вера можат да се продаваат само на христијани“, деветиот собор во Толедо, во 655, носи заклучок дека “робинките и нивните деца од незаконски бракови со свештеници, стануваат вечни робови на Црквата, на кој мораат да и аргатуваат бесплатно“, Епископот на Јорк, Егеберт, забранил како грев “ослободување на на манастирските робови“, папата Гргур 1ви го овласти епископот на Сардинија, “да робовите кои не се католици, ги става во прангии, ги мачи со оган и фрла во зандани“.
 

XENIA

IHS
Член од
26 јануари 2007
Мислења
100
Поени од реакции
4
Подоцна т.н. Црква отспапила од христијанското учење и си вовела закони по како горенаведените.
За робовите во Н.З - каде што се говори да си останат во позицијата во која ги затекнал Божјит Збор
1Кор 7-21 Ако си повикан како роб? Не грижи се! Туку, ако можеш да станеш и слободен, подобро искористи го тоа,
22 зашто оној, кој е повикан како роб во Господа, слободен е во Господа; исто така и оној, кој е повикан како слободен, роб е на Христа.
Робовите (ако го прифатиле Христа) се повикани да се однесуваат христијански.А отпосле што се злоупотребило се и сешто, не можеме да му го препишеме на Бог туку на луѓето.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Не зборував за верски статус... него за социјален. Самите први христијани имале продавале, држеле и купувале робови.
 

XENIA

IHS
Член од
26 јануари 2007
Мислења
100
Поени од реакции
4
во посланието до Филемон Павле се застапува за избеганиот слуга/роб Онисим, велејки дека тој-Павле ке го плати долгот на робот, и го моли Филемон да го прими робот како возљубен брат, (бидејки Онисим го прифатил Исус).
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Значи павле прифаќа дека ЗА ПАРИ можи да се смени состојбата социјална на роб. Тоа беше практикувано и од паганите. Секој можеше да купи роб па да го ослободи. Павле не вели ОСЛОБОДИ ГО ЗАТОА ШТО... туку ќе ПЛАТИ за слободата
Пак имаме еден вид трговија
 

XENIA

IHS
Член од
26 јануари 2007
Мислења
100
Поени од реакции
4
ке го цитирам стихот
18 А ако ти направил некаква штета или ти должи нешто, стави го тоа на моја сметка.
Ништо невообичаено.Дури Павле го потсетува Филемон дека и тој самиот му е должник.
Пвле не вика да си земат луѓето нови робови.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Знам...
Сршта е дека ПАвле МУ ГО ВРАЌА робот со молба да го прими повеќе како роб - како приател а тој (Павле) ќе плател евентуални итштети настанати при бегството. Дали Павле вели ОСЛОБОДИ ГО? не.. му остава на воља на ГОСПОДАРОТ. Дали павле вели.. “Слушај ти избега од него и сега си слободен“?? НЕ, му го враќа назат на ГОСПОДАРОТ.
Хмм. Го праша ли некој Онисим. Онисим нема право на збор. Тој немо седи и чека да му ја одлучат СУДБИНАТА.
 

XENIA

IHS
Член од
26 јануари 2007
Мислења
100
Поени од реакции
4
Но ајде да видиме и од другата страна,Павле во Посл. до Коринтјаните вели дека секој што е слободен не е слободен туку е роб на Христа
‘‘7-22..исто така и оној, кој е повикан како слободен, роб е на Христа.‘‘

Павле вели дека секој треба да си остане во ‘позиција‘ во која е повикан

7-17 Впрочем, секој нека оди онака, како што Господ му доделил, како што Бог го повикал!
7-20 Секој нека остане онаков каков е повикан!
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Ти фали 7:21

“Роб ли си призван, да немаш грижа но, дури и ако можеш да станеш слободен, уште повеќе ползувај се од ропството“
 

XENIA

IHS
Член од
26 јануари 2007
Мислења
100
Поени од реакции
4
Од која Библија е ова?Кај мене малку инаку стои и појасен е стихот. Но и погоре и подолу во оваа иста глава гледаме дека Павле кажува (не само за робовите туку и во други ситуации) секој да си остане како што е повикан.Како да го толкуваме ова? Ако си роб служи му на Бог и имај почит спрема својот господар кој ти овозможил до сега опстанок. И слободниот човек кој е роб станувајки христијанин добива статус на слуга Божји. Незнам дали ми ја сваќаш паралелата.Сите сме слуги.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Павле го прифаќа ропството како нормална појава. Значи нема идеи христијанството за укинување на ропството.
Инаку ова е од Библија на МПЦ со благослов на светиот синод на МПЦ
Во оптек низ МКД има многу библији и би требало да се внимава од кој е (најчесто и нема податоци кој ја издал) така да кружат многу неточни преводи
Но за секој случај секогаш можеш да се потприш на Вулгата која е латинска и прва канонизирана библија. Од неа потекнуваат сите но со тек на години векови од превод до превод настанаа не така мали грешки (да не споменувам дека некои цркви отфрлаат или уфрлаат од библиите цели поглавиа, книги, текстови)

ПС на Латински од вулгата истиот стих е прилично верен на оној што ти го напишав погоре

21 Servus vocаtus es ? non sit tibi curае : sed et si potes fieri liber, magis utere
 

Kajgana Shop

На врв Bottom