Рандом мистерии

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Сте слушнале за случајот на едно убиство во САД со два куршума од две разни оружја. Доста интересен случај. Ликот кој бил убиен бил градски курназ. Ги мачел сите, а и полицијата. Неколку минути пред да биде убиен ликот имало средба на полицијата и граѓаните во врска со тоа лице. Неколку минути после тоа огромна толпа од 50 луѓе оди накај неговиот автомобил и е убиен. Тука била и полицијата во таа група. Случајот уште не е решен.
Мислам дека овде у оваа тема станува збор за мистерии кои имаат или може да имаат, паранормална, фантастична компонента, не за крими мистерии од типот - каде е телото на Џими Хофа.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
Шo не се пoјaвувaaт вaкви светлa, нлo и тристa чудa пoследниве гoдини? Пoшo секoј имa телефoн вo џеб спoсoбен зa ХД снимкa.


Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Член од
20 декември 2017
Мислења
376
Поени од реакции
202
Шo не се пoјaвувaaт вaкви светлa, нлo и тристa чудa пoследниве гoдини? Пoшo секoј имa телефoн вo џеб спoсoбен зa ХД снимкa.

Siguren si deka nema? Da nema kaj nas ama skoro sekade drugde ima

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Бидејќи почнавте со НЛО. Нешто последниве ден два со другар што ни фати око за смеење.

НЛО религијата Раелизам

Раелизмот се смета за најголема НЛО религија во светот. Во 2006 година, повеќе од 60.000 луѓе биле покрстени. Во поново време, извештаи проценуваат дека членството на црквата изнесува до 100.000, благодарение на маркетингот.

Нивниот пророк Раел, е роден како Клод Ворилхон во 1946 година. Дваесет и седум години подоцна наводно бил киднапиран од вонземјани во вулкански кратер во близина на Оверњ, Франција.
Откако Раел бил наводно киднапиран од вонземјаните тој напишал книга, ,,Книгата што ја кажува вистината’’. Во неа тој тврдел дека бил избран како канал за преведување пораки од вонземјаните наречени Елохим, хуманоидни суштества од далечна планета високи околу еден метар и имале зелена кожа.
Бидејќи 25.000 години се понапредни во науката и технологијата, Елохим всушност го создале човечкиот живот во нивните лаборатории и ги засадиле своите примероци на Земјата. Сите големи пророци – Исус, Мухамед, а сега Раел – всушност биле половина Елохим.

https://www.motika.com.mk/bizarna-religija-za-vonzemjani-povrzana-so-orgii-feminizam-i-plejboj/
 
Член од
7 август 2010
Мислења
150
Поени од реакции
50

Која е жената во кафениот мантил - Бабушка



За време на анализата на филмските снимки од атетнатот врз Џозеф Кенеди во 1963, била забележана мистериозна жена. Таа на себе имала кафен мантил и шамија врзана на главата. Токму шамијата која ја носела во стилот на руските баби е причината зошто оваа мистериозна жена го добила прекарот Бабушка.
На сликите на Бабушка и се гледа грбот и изгледа како да држи нешто пред нејзиното лице, за што се верува дека било камера. Таа се појавува на повеќе слики од таа сцена. Дури и по пукањето, кога повеќето луѓе се разбегале таа останала на истото место и продолжила да снима. Кратко потоа била забележана како се движи од Источната до Елм Стрит. ФБИ јавно побарал од жената да се јави во полиција и да ја предаде снимката која ја снимила тој кобен ден, но тоа никогаш не се случило. Во 1970 година жена со име Беверли Оливер се појавила и тврдела дека таа е Бабушка, жената од фотографијата. Но, нејзината приказна содржела многу контрадикторности, и бидејќи немала убедливи докази нејзината приказна се смета за измама.
Сепак таа во 1994 година ги објавила мемоарите во кои се содржани настаните од тој ден - денот на атентатот врз Кенеди. Во нив се тврди дека филмот и бил одземен од Федералниот агент Реџис Кенеди и никогаш повеќе не и бил вратен. До денес никој со сигурност не знае која е дамата наречена Бабушка или што правела таа таму. Уште понеобично е одбивањето да истапи и да ги приложи своите докази. Во 1991 е снимен филмот ЈФК во кој Бабушка ја глуми актерката Лолита Давидович.
https://www.youtube.com/watch?v=zksFfpFdnEQ&t=1068s
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.492
Поени од реакции
80.551
Не е мистерија, али сепак е интересно.
Едисон покрај своите 1000 и кусур изуми (што украдени, што не :icon_mrgr: ), истотака за првпат ги има патентирано првите кукли што зборуваат. Производството на овие кукли траело само 6 недели по што биле укинати. Зошто? Затоа што малите девојчиња кои ги имале во посед овие кукли биле смртно исплашени да си играат со нив. Зошто?

Епа чујте :icon_lol:


Интересното е што овој изум се смета за еден од најголемите фејлови во кариерата на Едисон.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.492
Поени од реакции
80.551
Пишете на јутјуб "Obey The Walrus"...

Толку :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
какви морбидни ствари има...
 

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
364
Поени од реакции
152
Повеќе тематско видео предавање

Многу од контактите со мистични ентитети вклучуваат суштества кои се интердимензионални и ја делат Земјата со нас, но во различни димензии. Овде спаѓаат и некои суштества кои ни се познати како „вонземјани“. Овие предавања ја прошируваат колективната свест, за на крај човештвото отворено да ја дели планетава со други суштества со сопствени агенди. Прашањата кои следат се: како да се подготвиме за интердимензионална интеграција и да ги зачуваме нашите слободна воља и интегритет? Како ќе не промени тоа физички и духовно? Како ќе се смени Земјата и физичката реалност? Интердимензионалната Земја која доаѓа ни го носи досега најголемиот предизвик.
Strange Creatures From Another Reality Are Living on Earth Right Now
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Древна ракета, кинески мозаик линии, мексикански пирамиди...
Недела, 02.08.2015 09:30 Life
Зошто градителите на пирамидите во Мексико носеле материјал од илјадници километри одалечениот Бразил, или како се нашла металната завртка во камен стар 300 милиони години? Кој ги направил кинеските мозаик линии, или камената кукла најдена 97 метри под земја? Светот изобилува со мистерии кои научниците се уште не може да ги објаснат...
Постојат теории дека некогаш на Земјата имало многу развиени цивилизации(дури поразвиени и од денешниве),ама нешто ги уништило...Затоа на големи длабочини случајно се наоѓаат такви мистериозни предмети,можеби после 300 милиони години(ако сеуште постои Планетава)некој ќе го најде закопан компјутеров од кој сега куцам тука и ќе си пишува на тогашните галактички форуми,у мама му ебам,од кај сега такво напредно дигитронче на оваа длабочина? :)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.492
Поени од реакции
80.551
Смртта на Хисаши Оучи :(

 

Kajgana Shop

На врв Bottom