Која е жената во кафениот мантил - Бабушка
За време на анализата на филмските снимки од атетнатот врз Џозеф Кенеди во 1963, била забележана мистериозна жена. Таа на себе имала кафен мантил и шамија врзана на главата. Токму шамијата која ја носела во стилот на руските баби е причината зошто оваа мистериозна жена го добила прекарот Бабушка.
На сликите на Бабушка и се гледа грбот и изгледа како да држи нешто пред нејзиното лице, за што се верува дека било камера. Таа се појавува на повеќе слики од таа сцена. Дури и по пукањето, кога повеќето луѓе се разбегале таа останала на истото место и продолжила да снима. Кратко потоа била забележана како се движи од Источната до Елм Стрит. ФБИ јавно побарал од жената да се јави во полиција и да ја предаде снимката која ја снимила тој кобен ден, но тоа никогаш не се случило. Во 1970 година жена со име Беверли Оливер се појавила и тврдела дека таа е Бабушка, жената од фотографијата. Но, нејзината приказна содржела многу контрадикторности, и бидејќи немала убедливи докази нејзината приказна се смета за измама.
Сепак таа во 1994 година ги објавила мемоарите во кои се содржани настаните од тој ден - денот на атентатот врз Кенеди. Во нив се тврди дека филмот и бил одземен од Федералниот агент Реџис Кенеди и никогаш повеќе не и бил вратен. До денес никој со сигурност не знае која е дамата наречена Бабушка или што правела таа таму. Уште понеобично е одбивањето да истапи и да ги приложи своите докази. Во 1991 е снимен филмот ЈФК во кој Бабушка ја глуми актерката Лолита Давидович.