Набрзина неколку ствари:
- Влезот на Мишевски на 3-ка место Велко направи и тоа како голема разлика. Велко веќе 2-3 години не игра апсолутно ништо за репрезентација, време е да престане да се повикува.
- Мишевски е потценет играч. Факт е дека има повеќе слаби него силни страни (во овој момент), но еве веќе неколку мечеви прикажува солидни игри во одбрана. Не е воопшто мутав дечкото, има осет каде треба да биде, а со оглед на тоа што ние освен Танкоски, по повлекувањето на Жути и немаме играч кој баш одговара на таа позиција, можеби и треба да се форсира. Не е ни Мишевски класичен организатор, но можеби ќе добиеме нешто. Позитивно е што е млад (1999) и што има навистина одлични физички предиспозиции. Видливо беше дека е нервозен денеска, влезе во момент кога се кршеше резултатот, но со исклучок на еден фаул во напад (за кој сум сигурен дека и далеку поискусен играч од него ќе наседнеше) и една грешка во чекори (кои не му ги свирнаа) одигра навистина коректна партија и понесе голем товар. Не знам колку е Вардар правиот тим за него во овој момент. Се зависи од тоа како ќе се движат работите во Вардар во следниве година-две.
- Објективно, Кузмановски и тоа како имаше улога во таа серија од 4-0 кога направивме пресврт и заедно со Мишевски беа клучните играчи за истото. Не се ни ставаат во иста реченица со Талески. Трансферот во Хановер му беше паметен потег и (да не го урочам) можеби и си ја врати кариерата на правата патека со истиот.
- Штета што Танкоски го немавме, Кузмановски лев бек, Танкоски на средина и Кире десно. Тоа треба да биде нашата стартна постава на овие квалификации, Талески треба да биде трета-четврта опција.
- Томовски коректен, фати неколку важни топки, се гледа дека добро работи во Германија.
- Гоце за малце ќе го заборавев. Ако не се лажам сите голови му беа од тешки агли, во и тоа како битни моменти за нас, секоја чест.
Во секој случај голема работа завршивме со мечов денеска, одиме даље!