Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
19 август 2010
Мислења
3.742
Поени од реакции
8.742
Денеска одиграа мушки, а тоа го бараме цело време. Денеска правеа и фаули, многу пологични акции во напад. Марко Митев го искористи ова првенство максимално. Ето тоа е вистински пример како се зацементира место во репрезентација. Убаво кажа Ѓоргоновски на МТВ,дека Кузмановски не е за лидер и дека кога не зависи од него односно друг креира за него може да биде продуктивен,или накратко треба да се извади максимумот од тоа што можат и да се работи на тоа. Денес видов неколку акции кои сакам да ги гледам почесто, односно Митев повлекува јако кон себе и спушта на пикер, па шири на крило. Мора да увежбуваме рутуна на терен, во секунда да одлучуваат ракометарите при градење на напад. Се виде дека можат, само има уште мнооогуу работа. Томо денеска искина, како бранеше капа доле. Даде некои одговори ова првенство, на крај и не испадна така лошо во смисла дека даде некоја слика кој може, и на што треба да се догради. Атанасијевиќ и Костевски на крило беа добри, по мене Митев треба да игра центар, а Кузмановски да фура стартен лев бек да игра, (никако среден), Јагуриновски стандарден десен, ако веќе не може да се ископа нешо појако, иако одредени влезови, дрскост и асистенција ми се свиѓаат кај Томи. Лазаревски и Пешевски на пикер се таман. Голман во иднина ќе биде Томо, и претпоставувавам коа ќе се откаже Митревски, доаѓаат Кизиќ и Галевски.Исто треба и другиот Атанасијевиќ да игра во репка. Убава победа, некако ме згреа после потопине, иако да бевме поприсебни малце и без спуштени гаќи и толку респект против Франција и Германија и впечатокот ќе беше подобар. Важно е да се продолжи континуитетот на големите натпреварувања, не смееме да паднеме и да не се пласираме .
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.596
Поени од реакции
5.552
Имаме на лагер добри голмани,пикери супер,крила млади и добри,ево сега и двајца средни бекови.....многу сме лоши на на бековските позицииии три грама ум немаат тале,филип и двајцата левичари,како и да е од овааа група не можевме повеќе да се надеваме.
Ако сме паметни Фитиљ на лев бек треба да го користиме, има скок и јак шут, го покажа денес тоа
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.252
Поени од реакции
8.339
Што се палите бе одма со хвалоспеви не ми е јасно. Кај се сега “рационалните” како што протнуваа тези дека Германија и Франција не се репер да кажат дека добивме на мускули незаинтересирана Швајцарија на која што ништо не и значеше исходот од утакмицава.

Значи 4 години се трошат пари (не е битно чии) се менуваат правила по желби на Кире за да добиеме еден играч како полупроизвод и остатокот од екипата да биде играорна секција која што шета на мила воља на селекторот.

Дното го проби Кире полошо од ова не може, а и не сме должни да го гледаме како егоистички експериментира само за да се афирмира како тренер во ракометот. Колку добро направи како играч толку е лош како селектор.

Ех да ми е мене некоја таква луда среќа да најдам работа кај што трошам анлимитед и да имам 0 одговорност.
 
Член од
27 јуни 2022
Мислења
108
Поени од реакции
352
Што се палите бе одма со хвалоспеви не ми е јасно. Кај се сега “рационалните” како што протнуваа тези дека Германија и Франција не се репер да кажат дека добивме на мускули незаинтересирана Швајцарија на која што ништо не и значеше исходот од утакмицава.

Значи 4 години се трошат пари (не е битно чии) се менуваат правила по желби на Кире за да добиеме еден играч како полупроизвод и остатокот од екипата да биде играорна секција која што шета на мила воља на селекторот.

Дното го проби Кире полошо од ова не може, а и не сме должни да го гледаме како егоистички експериментира само за да се афирмира како тренер во ракометот. Колку добро направи како играч толку е лош како селектор.

Ех да ми е мене некоја таква луда среќа да најдам работа кај што трошам анлимитед и да имам 0 одговорност.
Како не им значеше на Швајцарците?! Сега ќе бидат во втор шешир за бараж за светското.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.169
Поени од реакции
84.883
Браво (y)
Секоја чест за утакмицава, за секоја пофалба е.

Глупо беше да кажам дека играат... помалку лошо од тоа што очеквуав (не може да кажам "Подобро" ама ќе кажам "Помалку лошо") ама со победава.. браво

Секако, Кире ќе си фура додека сака и ништо нема да значи притисок од публика, ама со првенствово мислам дека кај мене купи џокер за уште една година.

Ќе видиме за СП дали ќе се пласираат, ама ете и ако не..пак ќе му дадам уште една година.

Секоја чест.

Сега доаѓа тоа што сите го знаевме уште од кога излегоа груптие за ова ЕП и главниот предизвик за репрезентацијава дека не е ова ЕП..туку баражот за СП

17 место...па можеби и реален одраз на квалитетот, без разлика на групата.

Ама пак ќе кажам, браво (y) Одлична утакмица

Е сега, не ме држете за збор, ама мислам дека успеавме да се избориме да бидеме носители за баражот за СП?
Нека ме поправи некој ама мислам дека со оваа победа можни противници во плејоф ќе бидат:

Грузија
Србија
Фарски острови
Швајцарија
Романија
Грција
Босна и Херцеговина
Белгија/Италија
Естонија/Украина
Финска/Литванија
Словачка-Луксембург/Израел
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.252
Поени од реакции
8.339
Многу битна работа шеширот за која што се замара само калкулаторот на клето македонче.

Сите напредуваат во ракометов само ние немаме среќа и не мрази класната. Заради тие глупи системи на бодување за квалификации во ситуација сте да споредите еднава победа наша со настапите на несреќните Србија и Фарски Острови, пошто јбг они имаат помалце бодови од нас.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.144
Поени од реакции
11.228
Што се палите бе одма со хвалоспеви не ми е јасно. Кај се сега “рационалните” како што протнуваа тези дека Германија и Франција не се репер да кажат дека добивме на мускули незаинтересирана Швајцарија на која што ништо не и значеше исходот од утакмицава.

Значи 4 години се трошат пари (не е битно чии) се менуваат правила по желби на Кире за да добиеме еден играч како полупроизвод и остатокот од екипата да биде играорна секција која што шета на мила воља на селекторот.

Дното го проби Кире полошо од ова не може, а и не сме должни да го гледаме како егоистички експериментира само за да се афирмира како тренер во ракометот. Колку добро направи како играч толку е лош како селектор.

Ех да ми е мене некоја таква луда среќа да најдам работа кај што трошам анлимитед и да имам 0 одговорност.
Каков успех очекуваше ти? Егал со Франција, реми со Германија и победа против Швајцарија?
Не ги гледаш играчиве бе? Ко не ухранети делуваат во споредба со швајцарциве, за со останативе срамота е и споредби да се прават.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.770
Поени од реакции
6.397
Денеска после неколку години пак ми дојде тоа чувство кое го имав додека ги гледав репрезентативните настапи на претходната генерација, пак почуствував како е да се израдуваш на победа после еден тежок и неизвесен натпревар.

Многу ме радува што добивме натпревар каде што во последните 2 минути влеговме со израмнет резултат, после губењето на водство од 5-6 разлика психолошкиот притисок беше на наша страна, тука покажаме карактер, покажавме борба и желба за победа, нешто што мислам дека до овој момент го немавме видено кај оваа нова генерација.
Како што изјави Жаре дека има мангупи во оваа репрезентација, баш тоа денес КОНЕЧНО го покажавме.
Машки го изнесовме товарот.

Ако некој мисли дека ова е небитна победа тогаш е во голема заблуда, обезбедивме прв шешир за баражот за Светско, со тоа и најверојатно продолжување со редовни настапи на големите собири.
 
Член од
27 јуни 2022
Мислења
108
Поени од реакции
352
Многу битна работа шеширот за која што се замара само калкулаторот на клето македонче.

Сите напредуваат во ракометов само ние немаме среќа и не мрази класната. Заради тие глупи системи на бодување за квалификации во ситуација сте да споредите еднава победа наша со настапите на недреќните Србија и Фарски Острови, пошто јбг они кмаат помалце бодови од нас.
Не се замараме оти ни е досадно туку со едно пропуштено првенство ќе се вратиме многу чекори назад. Вака ќе добиеме се надевам поволен противник за да одиме на светско. А ако некој е несреќен тогаш сме што добивме веројатно најтешка група.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.869
Поени од реакции
9.131
Интересно… А со години се тераше наратив дека странците у Вардар го уништуваат Мак Ракометот.

 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.267
Поени од реакции
10.951
Дечки каде можам да ја гледам утакмицата од денес реприза?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.169
Поени од реакции
84.883
Интересно… А со години се тераше наратив дека странците у Вардар го уништуваат Мак Ракометот.

:pos: :pos: :pos:

Буквално пар недели пред првенството имаше некое интервју каде баш спомна дека немало ќар од странците во Вардар и беш изјавата во стил "Секоја чест за нивниот тимски успех ама од тоа не видовме ништо за репрезентацијата..."

:pos:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.328
Поени од реакции
6.625
Конечно!

Искрено имам впечаток дека можеби ова ќе биде пресвртница во репрезентацијата. Не дека нешто преку ноќ ќе се случи, нема, ама после неколку години "лутање" конечно се чини на ова првенство почнува да се гледаат контурите на една по трајна и посериозна македонска репрезентација. И тоа е пред се тоа што радува. Дното беше допрено во транзицискиот период од 3-4 години кој моравме да го преживееме. Сега ми се чини ќе може постепено да одиме нагоре. Дали пак ќе стигнеме до ситуација кога континуирано неколку години по ред играме конкурентен ракомет во втора фаза на ЕП/СП - што беше максимумот на претходната генерација во периодот 2012-2018, ќе покаже времето. Сега конкуренцијата е поголема и ќе биде потешко... НО - чекор по чекор, далеку сме уште.

Неколку коментари вака од прва:
- Како одма се познава разлика кога се има жар и борба и кога се нема. Тоа реално не е само до желба, психолошкиот начин на кој влијае самодовербата врз твоите моторички способности е клучна во ракометот, како и во секој спорт. Веднаш има повеќе победени дуели, повеќе фаули, повеќе освоени топки на подот...

- Морам да го пофалам и стручниот штаб на чело со Кире. Освен 5 минути кога ги стави Кузмановски/Талески/Велковски на 7-6 во второ (не знам дали го одмараше малку Митев или што беше проблемот, ама тоа не смееше да биде решението, барем Џонов или Јагуриноски да беа во игра...), останатото беше одлично сработено. Правилно подготвен натпревар. Пишав и пред мечот клучот е да се спречи конекцијата Шмид со пикерите и најдобро е тоа да се направи со плитка 6-0 и да се остави Шмид и Рубин да решаваат од 9. Без разлика што Шмид даде 12 гола, тоа беше рецептот како да се победи Швајцарија. Шмид со 12 гола и една асистенција не е убиствен за противникот, Шмид со 5 гола и 12 асистенции е (како што на пример дозна Франција на свој грб). Генерално правовремени измени и ситни тактички измени. Закасни со вадење на Томовски во второ, ама па многу тренери и воопшто не би го извадиле по перформансот од првото полувреме - добро е што имаше доверба во Кизиќ во тој момент. Правовремени тајмаути на кој психолошки исправно реагираше. На крајот се виде свежината заради ротацијата дека ни овозможи да добиеме во финишот

- 11 изгубени топки (22% од нападите). И тоа е во принцип многу, ама барем е под 12-13 што е некој максимум што може да си го дозволи екипа, а да има шанса за победа.

- Томовски ни овозможи да направиме предност и се на се можеби беше играч на натпреварот (бидејќи тој ја крена психата на цела екипа со одбранетите зицери). Ама Томовски беше и главен виновник што не стигна Швацарија, прими неколку гола од Шмид во средина на второ што не смееше да ги прими (4-5 со ред меѓу нозе или на страната што ја брани низ раце од изнудени шутеви од 9)

- Испитот го положија повеќе млади играчи (и не само на овој натпревар туку комплетно на првенството, иако губевме по 10 разлика): Митев, Костески, Атанасијевиќ, Лазаревски, Томовски, Јагуриновски - овие си ја заработија својата улога и на некои идни репрезентативни настапи. Веќе можам да го замислам составот за следните неколку години:
Томовски / ? (Галевски, Кизиќ, Брестовац)
Петар А. / ?
Костески / ?
Лазаревски / Пешевски / ? (Стојковиќ, Ристевски, Карасманакис)
Талески / Кузмановски / ? (Дамјан Митев, Ѓорговски... ?)
Митев / ? (Џонов, Павле А., Калајџиевски од 2004?)
Јагуриноски / Серафимов

Треба да најдеме уште едно крило што може да брани на халф, треба да најдеме уште еден креативен среден бек, најбитно од се еден сериозен дефанзивец... Не е ова уште комплетна екипа, ама барем има контури на нешто логично што има шанси за модерен ракомет.

- Поеднакво важно на вештините е што конечно најдовме и неколку играчи какви што карактерно ни фалеа. Јагуриноски можеби не е којзнае каков квалитет, ама дрскоста и лудоста која ја има му е потребна на оваа репрезентација која има премногу "фини дечки". Лазаревски и Атанасијевиќ исто покажаа борбеност и пожртвуваност каква што е едноставно клучна во спорт со сериозен контакт каков што е ракометот. Баш такви, условно кажано "споредни" играчи им се потребни на оние кои треба да го понесат главниот товар. И на крај храбоста на Митев е тоа што апсолутно ни недостигаше по пензијата на Лазаров. Не треба да го вивнеме во облаци и да претераме со пофалби моментално, има уште многу фурни леб за јадење, ама неспорен факт е дека има храброст да преземе одговорност, блок што на пример Талески и Кузмановски никогаш не успеаа да го надминат (за што трпеа многу критики, ама не се тие криви што имаа зголема улога од онаа што реално можеа да ја пружат).

П.С. Се надевам дека малку од малку поведра атмосфера на форумот ќе донесе победата :)
Автоматски споено мислење:

Како не им значеше на Швајцарците?! Сега ќе бидат во втор шешир за бараж за светското.
Од што не им значеше се изнаплачи Шмид на крајот...
Автоматски споено мислење:

Ако некој мисли дека ова е небитна победа тогаш е во голема заблуда, обезбедивме прв шешир за баражот за Светско, со тоа и најверојатно продолжување со редовни настапи на големите собири.
Не би се истрчувал јас со ова, не дај боже да ни се падни Србија ќе си ги чукаме главите, ама против барем 8 од проектираните 11 мислам дека имаме повеќе од 50% шанси за триумф (Србите ќе се фаворити против нас, а со Фарски Острови и Швајцарија сме тука негде)
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.809
Поени од реакции
24.121
Последно уредено:
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.961
Поени од реакции
3.544
Малку утакмицава ме потсеќаше на онаа со Чешка во 2020 во Австрија, кога водевме +2 на полувреме и примивме 9 гола, па Чесите се вратија во второ и даваа голови. Само што овој пат бевме поприбрани кога беше тврдо и дури и кога поведоа, не паднавме комплетно. Никола Маркоски направи многу грешки, оставајќи го Шмид. Океј е тој да шутира, ама не е ок да ти прави 40-годишен продори на 6-метри и да си прави позиции за гол. Не знам баш дали помага или одмага. Гледам се труди, ама па и многу флегма е на терен. Инаку одбраната беше добра. Пак во второ примавме голови од транзиција брзо и тоа мора да се намали. Нападот си функционираше супер. Митев дефинитивно е мотор на екипава, поготово денес. Која разлика има меѓу него и тој Ѓорѓиев. Велковски слабо играше и оној безвезе млак шут и не му беше потребен. Нека земе Кире со Серафимов еден ден во неделата да вежбаат по 2 саати еден на еден во сала (со или без голман, небитно) и нека го спреми да биде шутер барем приближно до него. Има материјал таму, мора да се одработи. Инаку сосема сложен со останатите за Томи. Две години по ред се бори на терен, гризе, и тоа треба на терен. Крилата си се солидни. Ако сакаат подефанзивно десно крило, нека го земе назад Поповски (тој и оваа сезона ја игра во добра форма). Тале денес доста се трудеше, дури и во два наврати плус скокна за цепелин (иако не беше проигран). Дури и во одбрана беше доста подобар денес. Кузмановски исто подобар од прошлата. Пикерите стандард солидни! Томовски - за мене man of the match. Доста добри топки фати, некои и те како битни. Мислам дека Швајцарија ја изгуби утакмицата најмногу во онаа контра кога имаа празен гол и ја подадоа топката во празно. Тоа на крај им се удри во глава, а и со право, затоа што реално заслуживме победа денес.
Што се однесува до баражот. Мислам дека сме убедливо фаворити против оние предбаражни екипи како Украина/Естонија, Италија/Белгија, Луксембург/Словачка/Израел, или Финска/Литванија, а исто и против Грузија и Босна (само јас не би ја потценил Босна, иако нивниот ракомет моментално најмногу би ни одговарал мислам). И со Грција сме фаворити, па може и благ фаворит против Романија. Не би сакал да играме со Србија или Швајцарија. Ете тие две да се избегнат. Ако треба да бирам, би сакал со Грузија да играме. А и со Белгија од многу одамна не сме играле, па зошто не и нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom