Еве и од мене неколку упатства, важат само за кадри со високо образование, посебно инжинери.
Прво и основно е да се најде работа, а таа не се бара преку посредници туку исклучиво преку интернет. Отвараш
перфектен/совршен профил на xing.com, може на англиски не е проблем. Не мора да се знае германски за да се добие работа како инжинер, но е пожелно. Сликата мора да биде перфектна, т.е. да ги влече луѓето да ве запознаат. Оделце, насмевка све да биде пиц.....
На овие страни се информираш кои профили и кои скилс се бараат, тоа пишуваш, ама не се занесуваш со шминкање и претерување. На 70% од условите да одговараш, е доволно.
stepstone.de
monster.de
jobscout24.de
jobworld.de
Можеш и преку овие страни да аплицираш, може ќе се насмее среќа.......Само упорните успеваат....
Ова со Германија е пренапунпано малце. Нема толку работа и толку благосостојба како што се зборува, ама сепак е 100 пати подобро од Македонија во моментов. Има доста фејкови огласи и триста тракатанци. Се бараат луѓе само да се држат платите ниско, ама само за високообразованите. За другите е катастрофа......
1200 евра плата е за кучешки живот, во право е дечкото.......
А има и луѓе што зимаат и по 700/800, па зимаат социјални додатоци, јадење од и во црква, гардероба на старо итд.
100евра во Германија се исто токлу вредни колку 1000ден во Македонија.
п.с. Заборавив да кажам, пишуваш во профилот што нудиш на пример C++,Java,SQL,Eagle,Python,Catia, Solid Works,Pro Engenieur, Simulink/Matlab, LabView itd.
За работа во автомобилската индустрија треба да се има поим од CAN-Bus, Ethernet,LIN, Flex Ray, MOST, ECU Flashing, Coding и сл.
п.п.с Македонски пасош не е проблем, си има blue card за трети земји.
Две работи од овие работи да знаете, значи сте на коњ, останатото се учи. Google помага. Ајт со среќа, па да пиеме пиво кај мене на тераса да даде господ.....

)