Работам во Бургер Кинг Германија

Член од
12 јануари 2015
Мислења
1.255
Поени од реакции
1.280
За студенти како летна работа е супер, затоа што се враќа данокот на крај, а и добиваш бруто* плата (Данокот што ти го одбиваат таму е не повеќе од 150 евра од брутото. Јас бев 2018та во МекДоналдс тогаш беше 9.05 саатница. Ама работев ноќна смена, па имав 15% повеќе на плата. (а и помалце работа)

За редовна работа мислам дека е малку потешко, треба да си во помал град/село за да имаш помалку трошоци, и местото е да е мртво за да нема ни кај да трошиш. Имам другар и другарка во Германија во мцд, пристојно живеат ама ништо повеќе од тоа. (Имаат и за во ресторан, за шеткање, и да се подноват нешто, ама не е нешто вау)
 
Член од
25 април 2011
Мислења
194
Поени од реакции
283
Е што погрешно сум те сфатил???
Ти пиша дека 1100€ е плата и јас те прашав дали е доволно за да се преживее во Германија, зашто знам дека тука барем јас лично со 1100€ тешко дека ќе го изгурам месецот. Скапа е Малта, ама па не верувам дека Германија е три пати поефтина па да се живее комотно со толкава плата. Не сум бил никогаш ама имам тетка (Штутгарт) и другар (Минхен) и од прилика си иам престава колкави се трошоците и мислам дека во Германија испод 1500€ не е добра плата. Од таму и моето прашање. Стварно очекував поголема да е платата во Мекдоналдс, ништо лично, нити па пробувам да се курчам. Сум работел и јас тешки работи претходно, не стигнав до канцеларија само што се симнав од аеродром тука.




Храната од година во година се поскапа е тука. Кога бев во Амстердам ефтино ми се видоа рестораните и фаст фуд храната таму.
Еве во Малта нема шанси да јадеш бифтек за помалку од 24€ во ресторан, а во Амстердам во сам центар јадев за 18€
Бургер обичен тука 11-15€ во ресторан, таму некои си 10. Јадев и за 15 во Амстердам, ама тој беше ептен профи дабл бургер што тука би чинел 18-19€
Кириите сега заради корона паднаа значително, ама не значи кога се ќе се врати во нормала дека ќе останат ниски како сега.

Иначе има и тука даночни ослободувања, јас секој месец 80-100€ помалку данок плаќам затоа што сум родител.
Цените во маркетите во Германија се 95% исто како во Македонија, а кога има акции ( а има многу често) е поефтино и од МК.
Најбројте конкретно некои производи за споредба ?
Пример за 10€ имаш мобилен месечен пакет со неограничени разговори и 4 ГБ интернет.

Горивото последно беше 1.29€ за литар бензин.

Samsung S10 купен еден во Германија еден во МК за иста цена.

Ова за во Дрезден.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
3.964
Поени од реакции
8.947
Цените во маркетите во Германија се 95% исто како во Македонија, а кога има акции ( а има многу често) е поефтино и од МК.
Најбројте конкретно некои производи за споредба ?
Пример за 10€ имаш мобилен месечен пакет со неограничени разговори и 4 ГБ интернет.

Горивото последно беше 1.29€ за литар бензин.

Samsung S10 купен еден во Германија еден во МК за иста цена.

Ова за во Дрезден.
Месечен пакет со неограничени минути и 6 гб интернет - 40€
Оптички домашен Интернет - 37€
Горивото - 1.34 заради ковид, кога ќе се смири ситуација ќе иде пак на 1.42/3
Ова со интернетот ти се најефтините пакети. Ма да за домашен интернет со тие 37€ добиваш 250 mbps.

Колите изгор скапи, на десна страна е воланот нема многу опции за увоз. ВБ и Јапан само. Тоа што ќе те кошта тебе во Германија 4.000€, во Малта ќе го платиш 6.000€

Телефони не пратам, не ме ни интересираат. Ама компјутер и лаптоп е +200-300€ од Македонија. Јас со тоа што го купив во Македонија мојот лаптоп, ми испаднаа гратис билетите за авиони.

Цени во маркет ме мрзи да пишувам, утре на работа од сабајле ќе ти пуштам линк од некој маркет, сигурен сум се по 20-30% поскапи од таму.

Overall ако доаѓаш во Малта за просечна плата, не доаѓај или дојди со ниски очекувања. Предност е англискиот, лесно наоѓање стан, работа, а и многу македонци добија документи пред корона за стален престој и дозвола за работа. Сега малце потешко до лична карта додека е коронава, после може ќе се врати по старо.
 

DonExo

Apex
Член од
1 ноември 2012
Мислења
421
Поени од реакции
245
Како е платата за програмери во Малта? мислам на програмери со веќе неколку годишнп искусво (3-5+ год).
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
6
Поени од реакции
17
Jas bi rabotel daleku od semejstvoto i tatkovinata.

Dali platata ti e normalna za zivot pa i familija vo odnos na standardot?
Dali ova moze cel zivot kako kariera da go rabotis ili e samo za pecalba trosenje u Makedonija?
Dali sef na smena e posledno, ima li uste prostor da se napreduva vo pozicii?
Sto da izbegnuvam koga jadam vo Burger King?
Платата зависи секој не зима исто, зависи колку саати месечно работиш. Платата е од 1000 па до 1500€(Steuer klasa 1-неженет) ако работиш над 210 саати месечно, а со 160 саата ти е 1200€ и не е лошо. Може да сњ напрадува до шеф на ресторан, но не се гледам долго у BK да работам, да завршам документи за престој и одма нова работа бидејки е премногу стресно тука.Па тука кај што работам е се ок од сендвичите нема нешто посебно што да избегаваш
Автоматски споено мислење:

Стаив таква реакција зошто стварно ме насмеа, ништо лично, убава тема е.

Во кој дел си, може и се знаеме или знаеме некој заеднички колега :D
NRW
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
3.964
Поени од реакции
8.947
Како е платата за програмери во Малта? мислам на програмери со веќе неколку годишнп искусво (3-5+ год).
Зависи во која компанија ќе влезеш.
Има 2к има и 4к

Ма да за тоа мора ЕУ пасош. Само за ресторани, градилишта, клубови, хотели средуваа документи од фирма со мак. пасош. ИТ компаниите би ти средиле само ако ептен им требаш.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
6
Поени од реакции
17
За студенти како летна работа е супер, затоа што се враќа данокот на крај, а и добиваш бруто* плата (Данокот што ти го одбиваат таму е не повеќе од 150 евра од брутото. Јас бев 2018та во МекДоналдс тогаш беше 9.05 саатница. Ама работев ноќна смена, па имав 15% повеќе на плата. (а и помалце работа)

За редовна работа мислам дека е малку потешко, треба да си во помал град/село за да имаш помалку трошоци, и местото е да е мртво за да нема ни кај да трошиш. Имам другар и другарка во Германија во мцд, пристојно живеат ама ништо повеќе од тоа. (Имаат и за во ресторан, за шеткање, и да се подноват нешто, ама не е нешто вау)
Сега е 10.33€ бруто саат минимален
 

Igorcemk

Само Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
10.871
Поени од реакции
13.792
Платата е моментално 9.5 минимална во Германија, во McDonalds кај нас ја кренаа на 10.33€ од 01. 2021...160 саати х 10.33 = 1650€ бруто, од тоа одземи некои 350€ за даноци и 300-350 за трошоци за стан...другите што остануваат се чисти.

Ова е најминимално, без прекувремено, без ноќна и без празнична дневница.

Или Х саати пута сатницата, која моментално со короната ретко е над 140, кај нас.
Ne znam kolku vo Mc Donalds ili Burger King rabotat 40 saati nedela. Im se najcesto 30 saati nedelno vo dogovorite sto normalno ne znaci deka ne moze i povekje.
 

Igorcemk

Само Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
10.871
Поени од реакции
13.792
И ова е доволно за нормален живот во Германија?
На Малта има да ти крчори стомакот од глад со волкава плата.
Може да се преживее, ама ако јадеш најефтино. Вреќа компир, вреќа кромид и туба масло за да преживееш.
Мислам претерувам малку, ама јас сум азган кога станува збор за трошење, и сега да ми кажат дека ќе работам за 1100€, со пливање ќе се вратам во Македонија.
Ма да овде мислам дека во Мекдоналдс и Бургер Кинг се на минимум сите вработени, односно 850-900€.
Zavisit od trskoj za stan i kolku lugje mora da hranis. Za eden clen i stan od 400€ ostanuvaat 700€. Odbij struja (60€), mesecna karta (70€) Internet i mobilen (50€) i ti ostanuvaat 500€. Ova vaka o rakav kaj sekogo i poinaku ama so 500€ eden covek moze da pomine i ok da se hrani ama nema golemi luksuzi, normalno.
Автоматски споено мислење:

Бидејќи имав блиски кои беа и во Малта и во Германија, мислам дека киријата беше горе-доле слична, а исто и храната (Малта може и поскапа :D).

Инаку математика во Бургер Кинг и слични само за студенти, за нормален живот на семеен човек мислам дека не се добар избор, апла ќе си на минималец.
Е сега има нели во Германија варијации во даноците, ако си фамилијарен си во друга класа со помал данок, па може и да прогураш, иако се ова зависи од град до град, т.е помалите градови ќе живееш и со оваа плата, во градови како Франкфурт, Берлин...тенка работа (само за кирија и транспорт ќе ти отиде цела плата).
Ima progresiven danok i ako si vo brak ides vo pomala danocna klasa a plus ako bracniot partner ne raboti moze i negoviot od danok oslobden del da si go prezemes. Primer na covek 8.000€ bez odanocuvanje a moze i 16.000 (Ehegattensplitting). No od druga strana, malite primanja i onaka se mnogu malku odanoceni i tie efekti se pogolemi so pogolemi prihodi. Kombinacija eden bracen partner da raboti polno vreme a drugiot Teilzeit so 20 ili 30 saati na kraj e poisplatlivo. Zatoa i rabotenje vo fast fud moze da bide opcija i za semejstvo no od druga strana za tie pari moze i polesno da se najde nesto.
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2009
Мислења
16.602
Поени од реакции
13.574
Добро, само БК и МцД ви се опции во Германија? Нели се како најниско платени позиции, позиции за студенти?
Нема ли опција за келнер во друг ресторан кај што има и бакшиш? Колку прават келнери во други ресторани?
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.427
Поени од реакции
14.841
Добро, само БК и МцД ви се опции во Германија? Нели се како најниско платени позиции, позиции за студенти?
Нема ли опција за келнер во друг ресторан кај што има и бакшиш? Колку прават келнери во други ресторани?
За мекдоналдс и бк најлесно се добива виза, агенциите соработуваат со тие две, за разлика од некој хотел или ресторан. Ма да и таму мислам дека е платено колку во мекдоналдс, ако работиш и во хотел врзан си цел ден таму, се работи и од сабајле и поручек.
Ма да и во мекдоналдс има бакшиш :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
16.602
Поени од реакции
13.574
За мекдоналдс и бк најлесно се добива виза, агенциите соработуваат со тие две, за разлика од некој хотел или ресторан. Ма да и таму мислам дека е платено колку во мекдоналдс, ако работиш и во хотел врзан си цел ден таму, се работи и од сабајле и поручек.
Ма да и во мекдоналдс има бакшиш :)
Мислев за тие што се подолго во Дојчланд, студенти не дискутирам :)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.427
Поени од реакции
14.841
Мислев за тие што се подолго во Дојчланд, студенти не дискутирам :)
Па за тие мислев и јас, за почеток во Германија таа ти е опцијата, па после кога ќе ти се смени визата може да менуваш и работа, до тогаш врзан си за нив (две години) или ако најдеш друг работодавач да ти напраи договор за работа, па да се префрлиш кај него (DPD, DHL брзи пошти).
Имај во предвид дека некои бараат и Б1 јазик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom