РЕАКЦИИ - нема поделби

Статус
Затворена за нови мислења.

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634



Почитувани,


Ја отвараме темава како еден вид архив на сите контра-реакции на последните случувања во државата.
коментари нема - само објави на текстови


Сите знаеме дека одредена спрега на т.н. невладини организации, добро потковани обучени и финансирани од структури познати само ним, сеат отров, омраза и нетрпеливост вешто манипулирајки со Македонскиот народ.

за помалку од еден месец, не навредија, не антиквизираа, не букефализираа, не поделија на вакви и такви, на паметни и глупави, на примитивни и европски.Станува збор за мала група агитатори кој имаат голема медиумска подршка , финансии и контакти.

Затоа ги повикуваме сите МАКЕДОНСКИ организации, друштва, интелектуалци и индивидуи, да се спротистават, да возвратат, да се изборат и викнат и за НАШИОТ ГЛАС.

еден век како сме поделени, да не дозволиме четврта, внатрешна поделба...


----------------------------------------------------------------------


Реакција на НВО, Неготино


Револтирани од кампањата на некои фондации и Центри произлезени главно од ист “Центар”- ФИООМ, Сорос, реагираме оти тие и не се НВО-секторот во целина.

1. За профитирањето. Како фондации и “развојни” центри, изгледа природен интересот за профити штом прашуваат: “Кој тоа ќе профитира од засилената античка пропаганда”? Се прашуваме: А кој ќе профитира од засилената анти-античка пропаганда ?

2. За античката пропаганда. Со вложувањата во културата, кај нас излегоа: македонски престолнини, штитови, кочии, маски, митски летачи,... Грците до сега печалеа од “приказна за Македонци ама Грци!”,со “приказна за Македонци од Македонија” се развива и нашиот културен туризам па и не чуди грчката паника, чуди онаа од нашиве Центри!

3. За именувањата. Грција смени највеќе топоними во ЕУ, особено низ Егејска Македонија.Таму хеленизира, низ остатокот македонизира од аеродроми и стадиони до вреќи цемент и шишиња масло.Тезата дека некој пат ќе не внел (или не) во ЕУ со именувања по ќеф на Грците, нема основа. Не не однесоа “државничките” смени на уставот, името и знамето а камо ли еден пат!

4. За античката историја. Со нашите илјадници артефакти и културен континуитет, еве потврда и од најпознатите светски генетски институти во Барселона и Женева. На барање токму од грчки националисти, чепкаа по нашата ДНК и на нивна жал ни најдоа најблиска сродност со античките Македонци. Изгледа и тие се против ЕУ штом извадиле такви резултати.

5. За добрососедството. За Грците останало: “На Данајци не верувај и кога те даруваат“, со фанфи пред ЕУ ветуваа ”дар за ФИРОМ” прочистителна станица на Вардар, но пред сам влез во Грција (чиста река само за нив!). Еве и пат “дар за ФИРОМ”, како да не врват по него туристи и стоки кон Грција! Кога таа гореше, со денови не пуштаа наши екипи ниту ги евидентираа во понудена помош!

6. За владината програма. И ние сме незадоволни од расфрлањата пари, на пример “восочни музеи” диригирани од Директори кои ни оспоруваат историски личности. Но, како и за нив така и за грижливоста кон Грците, порачуваме дека националното ни достоинство виза ви туѓите романтичарења, нема цена, камо ли понижувачка 50-милионска автопатска (у)цена.

Обезличени во ЕУ сме ништовност. Барањата постојано да се самозарежуваме до непрепознавање и искрвареност по што ќе ни помогнеле за ЕУ, ни го прави одвратно и онака грдото лице на јужниот сосед. Иако е XXI век тоа е истото она од андартите, балканските и други војни, Хунти и се до ЕУ-Грција со најнацистичкиот Устав кој признава само Грци по род! Ако е и од уценувачот, неговите маши (лобисти и платеници) и другари од ЕУ-друштвото, многу е.

НВО, Неготино

МАКЕДОНЦИ!!!!
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
авторот е универзитетски професор

Гневни зборови

Полемиките меѓу различните македонски интелектуалци што се повеќе земаат замав за тоа какво е потеклото на денешните Македонци, античко или словенско, се исто толку глупави колку и дискусиите на средновековните теолози за тоа колку ѓаволи можат да застанат на врвот од една игла. Имам чувство дека и автори со големи претензии не знаат во кој час и во кое време живеат. И, што е уште полошо, не сакаат или не можат да мислат со своите глави. Ги оставам настрана тие чиишто политички амбиции, или странски парични субвенции, или бесцарински продавници ги водат во една умствена деградација. Измислената дилема антички Македонци или македонски Словени би имала некаква смисла ако станува збор за етноси што живееле во едно исто време. Случајот, значи, не е таков. На една територија, но во широк временски дијапазон се создаваат две цивилизации. Меѓу нив нема луфт, што ќе рече празнина. Ниту биолошка, ниту културна, ниту духовна. Со два збора, на територијата на Македонија се осуштествуваат врски меѓу античките Македонци и македонските Словени. На пример, древниот антички македонски симбол Сонцето станува дел од христијанската традиција на средновековните Македонци. Типични македонски соларни симболи се откриени како на теракотните икони од шестиот и од седмиот век од Виница, така и во многу македонски цркви и манастири од 13-14 век и од 18-19 век. Заемноста меѓу античките Македонци и македонските Словени е многу поизразена отколку меѓу античките Грци и средновековните Византијци. Зашто за разлика од Грците, македонските Словени не го отфрлаат македонското античко наследство туку го официјализираат. Од 19 век наваму не само Грците туку и останатите балкански држави создаваат митови за заемноста на цивилизациите на нивните територии. Но каква е врската меѓу тракиските Даки, римските колонисти, средновековните Власи и денешните Романци? Хипотетичка и измислена како и таа меѓу Тракијците, Туркобугарите, Словените и денешните Бугари. А смешна е конкуренција меѓу Германците и Французите, чијашто нација е постара. Симболот на „двеилјадната“ германска нација е триесет метри високиот споменик крај Детмолц на водачот на херуското племе Херман, кој во деветтата година по Христа ги победил Римјаните. Како одговор во 1935 година Франсоа Митеран откри спомен-плоча на местото каде се случило обединувањето на галските племиња под водство на Версенжеторикс. Има ли врска меѓу некогашните Херуси и денешните Германци? Или меѓу некогашните Гали и денешните Французи? Идиотски е кога соседни или подалечни држави на Република Македонија војуваат со митови против македонската историја. Но уште понеупатно, дури и престапно, е поведението на македонските автори кои доброволно се откажуваат од историските факти и се приклонуваат на негаторите на македонскиот идентитет. Треба да си во ситуација на физички и духовен просјак ако си готов да го замениш античкото наследство за некакви мизерни грчки 50 милиони евра. Како да се заборавени зборовите на Вергилиј; „Но, јас се плашам од Данајците и кога носат дарови“. Ама ние сме Словени, пискаат едни чиниш на тие глупаци некој сака да им го одземе словенството. Други, пак, прашуваат: Ханзи ли сме? Притоа потенцирајќи го големото растојание на некогашните војници на Александар Македонски и Македонија. Или, пак, имаат предвид некои биолошки специфики меѓу нив и денешните Македонци. Почитувани господа, македонскиот цар дејствувал соодветно на карактерот и духот за разлика од вас, загрижени единствено за вашите мизерни души и живот. Вистина е дека сме антички Македонци (и во споменатиот случај - Ханзи), но и повеќе од антички Македонци. И Словени сме, ама повеќе од Словени. Зашто на територијата на Македонија се остварува уникатна практична симбиоза меѓу антиката и средновековието. Само недостојни луѓе или доктринери може да гледаат на нештата од позицијата „или-или“ (или антика или словенство). Таквите не ги гледаат само биолошката, културната и духовната многуобразност на македонскиот идентитет, туку и самата нејзина суштина. Во генетскиот фонд на македонскиот народ оставиле траги многу етноси од древноста до денес. Тоа не е минус, туку голем плус. Плус е не само затоа што се подобрени биолошките карактеристики, туку и квалитетот на народот. А и затоа што се потврдува македонскиот дух, кој што е во основата на македонскиот идентитет. Тие што го поставуваат прашањето зошто Македонците треба да го прифатат сродството со Ханзите и со другите антички роднини, на што се воодушевуваат Македонците од дијаспората низ целиот свет. Излегува дека ако не живееш во Македонија, на пример во САД, Австралија, Нов Зеланд, Канада и други подалечни места, не можеш да бидеш Македонец. По извесно време може да се јави некој идиот и да ги праша тие „надворешни“ Македонци зошто се нарекуваат така. Како што денес други идиоти ги прашуваат Ханзите зошто се чувствуваат како Македонци. Очигледно дека го заборавиле (ако воопшто и го знаеле) француското определување за нацијата, што во светски рамки се покажа поперспективно од германското. Меѓу другото, дефиниции за нацијата има само две. Француската гласи дека на француската нација и припаѓа секој што се чувствува како Французин и работи за интересите на Франција. Кратко и јасно - нема место на раѓање, биолошко сродство и слично. Американската нација се создава на истиот принцип. Сите балкански нации пред македонската се изградени на тој модел, но, за разлика од Французите и од Американците, не го признаваат. А се фалат со германската формула за биолошка припадност, заеднички јазик, заедничка територија итн., што не е докажано и кај Грците и кај Бугарите и кај Романците. И на принципот „крадецот вика - држете го крадецот“ и ги припишуваат на Република Македонија своите шпекулации. А токму во Македонија се остварува културен и духовен континуитет меѓу антиката, средновековието и новото време. Не само тоа. Уште од времето се тврди дека духот на една нација е еманација на нејзината суштина, на нејзиниот идентитет. Имено во тоа македонскиот дух има квалитетна предност, бидејќи е космополитски. Во споредба со него, духот на останатите соседни или подалечни народи е локален, ограничен, затворен во границите на нивните држави. Тие, вклучително и носителите на прославениот француски дух личат на петли кои кукурикаат на буништето на историјата и шовинистички ги вознесуваат своите нации. Космополитскиот македонски дух не е словенски патент, туку наследство од антиката. Тој дух се создавал врз основа на разнообразност и синтеза, а не на разделување и спротивности. Знаеме дека некогашниот панславизам пледираше на словенско единство и заедништво, но со господарство на Русија. Империјата на Александар Македонски беше создадена на сосема други принципи. Македонскиот дух, македонството како суштина и како послание претставува градење и на материјален и на духовен план. Македонскиот владетел не цензурира, туку поттикнува, не ограничува туку вдахнува слободна волја. Затоа и македонското слободољубие се одликува со стремежот за слобода карактеристичен за повеќето народи. Не само слобода за себеси, туку и за другите. Во национално-ослободителните движења на Балканот, многу Македонци се бореле за слободата на Грција и на Србија. За време на Руско-турската војна од 1877-78 година, која донесува ослободување на Бугарија, во речиси 400.000 руска војска учествуваат само околу 6.000 Бугари и повеќе од 1.000 Македонци. Емен Кеје, кој подоцна е француски финансиски инспектор во Министерството за финансии на Бугарското кнежевство, раскажува дека во зимата 1877 година бугарските селани не им помагале на ранетите руски војници дојдени да се борат за нивната слобода. Туку ги соблекувале голи во снегот, им ги краделе алиштата и ги оставале да умрат од студ. Поинаку кажано, македонскиот космополитизам е непозната појава за останатите Балканци зафатени од национален егоизам. Затоа се неприфатливи настојувањата на бугарските политичари и државници за заедничко празнување на минатото од страна на Бугарите и Македонците. Тоа би значело не само дека Македонците ќе го деградираат својот дух со локалниот, провинцилајен и ориентално шмекерски бугарски светоглед, а и ќе го предадат духот на своите предци. Може ли да биде чествувана заедно, на пример, Илинденската епопеја од 1903 година? Што ги поврзува македонските илинденци со Бугарите и со бугарскиот дух? Ајде да направиме споредба со бугарското Априлско востание од 1876 година. Илинденците се потпираат на сопствените сили, а Бугарите - на Русија. „Русија нека командува“, рекол вождот Бенковски. Водачите на Илинденското востание направиле се што било можно да ги ограничат жртвите на македонското население. Бугарските водачи сакале повеќе жртви за да ја трогнат Европа. Водачите на Илинден бараат соработка со турското население и останатите етноси. Бугарските водачи ги палат турските села и ги малтретираат претставниците на другите етноси. На крај, водачите на Илинден прогласуваат Крушевска република со рамноправност меѓу етносите во неа. Спротивно на тоа - водачот Бенковски се прогласува за „кнез“, си наоѓа и „кнегиња“ со акламација од населението. Демократија против диктатура, етничка рамноправност наспроти етничка дискриминација, човекољубие наспроти фанатизам и насилство. Ете само еден мал детаљ (само за една историска паралела) од разликите меѓу македонскиот и бугарскиот дух. Можете ли да ги гледате како двојка. П.С. Го претчувствувам дежурното спротивставување од страна на бугарските националисти и деградираните Македонци во врска со изразите што се среќаваат тук-там „Бугари“ и „бугарско“ за време на Илинденското востание. Ќе им кажам дека секоја вечер по завршувањето на работата патувам со човек наречен Исус. Сметате ли дека тој е „оној Исус“.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Контра-манифест за пропагаторите на букефализмот:


Денес над Македонија се раѓа ново сонце. Луѓето се будат, додека мугрите варат кафе и се обидуваат да ја прелажат додека не ги гледа, да украдат уште некоја минута. Ама не, сонцето ретко е толку добро да дозволи другите да дремат кога тоа веќе дошло на смена. Народот станува, мора да работи. Мора да сработи. Денес над Македонија се роди нов ден. Секој со својата грижа, секој со својата мака. Секој со своите интереси. Секој, освен новиот тип на вампири кои препродаваат крв, а живеат и дење. Тажно, но ја викаат туѓа крв. Тие бркаат туѓи интереси. Толку им дал горниот, момент пред да одлучи да ги отфрли и исфрли долу.

Вие што сакате да живеете во држава, а не во корпа која се наоѓа на некоја тезга на некој “зелен” пазар, не се придружувајте никаде на друго место, освен до сопственото јас. Не фаќајте ниту една страна освен својата, не посегнувајте по ништо туѓо, чувајте го вашето. Придружете ни се во борбата против трговците со дедовината и внукарината, против вистинските дилетанти на нашето време!


Нашата борба е за обновување на достоинството на граѓанинот.

И до тоа има лесен и тежок пат. Секој знае кој е правилниот, но честопати го бира другиот, оти правилниот му се чини многу тежок.
Да не се лажеме...тежок е!
Ама, тргнете по него. Ќе бидете горди на себе еден ден, ви ветувам. Горди ќе ве направи насмевката на вашето дете и внуче кои никој нема да ги вика пост-букефализирани европски Македонци, чунким такво преименување може да посака само некој кој пати од букефалов комплекс или т.н. лична персонификација во коњ, со сите фенотипски салтанати кои го красат грациозното животно почнувајќи од копитата, завршувајќи до уздите.

Нашата борба не е карате “ката”. Нема замислени противници, има реални подлизурковци кои на веќе виден, одамна прочитан начин сакаат, по секоја цена, да подметнат некакви идеи за неможноста да се одржи Македонија без интеграции во ЕУ. Нашата борба е да се спротивставиме на ваквите сејачи на страв и параноја чии жртви од ден на ден стануваат се повеќе и повеќе и самите.


Не сме против Македонија во НАТО, не сме против Македонија во ЕУ – но сме против изнајмување на задникот под долготрајна кирија за која ќе треба и ќе мора сметка да положиме пред поколенијата зад и пред нас. Цена, која не вреди да се плати. Никогаш!

Драги сограѓани и сограѓанки,

Ние не сме наивни! И знаеме зошто е форсирањето на постојаните тенденциозни кампањи со апокалиптични призвуци кои “не демнат доколку денарот не го замениме со евро, сега и овде!” Знаеме зошто не сме цицале кај две мајки, туку кај една, која ќе ја сакаме до крај на живот и нема да ја нарекуваме никако поинаку и никогаш – освен Мајка! Жалете ги отфрлените деца, но не побегнатите по своја волја кои умислиле дека има поголема мајка од родилката.


Почитувани сограѓани и сограѓанки,


Отворете било која книга, од дамнина до денес. Читајте ги историските факти, кој и победник да ги пишувал. Барајте низ архивите – денес е барем тоа лесно. Доколку некаде најдете дефинирање на еден ентитет како “Антички Македонци” или “Антички Македонец” во било која друга форма освен периодичното (епохалното) класифицирање (како што може да биде и терминот “Средновековен Македонец”, “Ренесансен Италијанец” итн.) тогаш ќе ви честитаме на личниот успех.

Ние, за момент, помисливме дека можеби грешиме слушајќи ги приказните за “букефализацијата” и доблесно проверивме секаде каде што можевме. Очекувано, не најдовме таква определба. Напротив, најдовме единствено дека стотици години пред новата ера, во библијата, во средновековието, во 18-от век, пред 50 години и денес има само народ кој се декларира како Македонски, без оглед на окупаторската рака која посегнала по него и по оваа света земја. Зачудувачки? Не, почитувани. Знаеме дека не ви е за чудење вам, бидејќи сте свесни дека сите ние сме биле, сме и ќе бидеме единствено Македонци. Сепак, не чудете се на оние кои ве уверуваат дека таква поделба постоеле. Како што рековме, толку им уделил горниот.

Ако вие успеете да пронајдете народ кој се нарекувал “Неолитски Македонец” или “Второсветсковојнски Јамајканец”, како господата кои жолчно се заложиле да не убедуваат дека е провокација да реименуваш аеродром или стадион во името на некои историски фигури на кои секој Македонец треба да биде горд и да му даде еднакво внимание и почит каква што добиле речиси сите синови на оваа земја кои оставиле свој печат во времето во кое живееле, тогаш не само што ќе ви честитаме, туку и ќе ве поддржиме. Дотолку повеќе, ќе се заложиме за носење на закон кој може да го наречеме “Закон за непровоцирање на соседите” (или на кратко речено “Еластична Кичма”) со кој ќе бараме во иднина да не се дозволи употребата регистрација на имињата Александар и Филип како имиња на Македонски деца, а ретроактивно ќе побараме прекрстување на покојните Александровци и Филиповци во имиња кои законот ќе ги утврди. Имаме неколку како предлог, но нејсе да не брзаме, еднаш нека влезе постапката во процедура.

Сите сме само и единствено Македонци. Антички, библиски, старовековни, средновековни, преродбенички, револуционерни, военодобски, комунистички, транзициони, капиталистички – ова е само периодичен ракурс, епохално појаснувачка кованка. Нема ништо пред и зад зборот кој ќе го дефинира народот кој живеел и трпел, живее и ќе живее во оваа земја.

А “блудниците од Вавилон” кои сакаат да не водат жедни низ пустина – на крајот на денот ќе треба да ги положат своите сметки. И ќе ги положат. И пред вас.

Македонија, Македонско, Македонци – ништо друго не прифаќаме!

Да живее Македонија!

авторот е студент
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Провоцираме ли ние, или сме испровоцирани?

Деновиве се појавуваат скапи огласи од невладини организации со независни и невладини мислења. Сосема независни од македонската влада. Отворено против неа. Но, дали не се во полза на друга? Првиот оглас е со прашање: Кој профитира од засилената античка пропаганда, кога Македонија тропа на портата на Европа. Целта на огласот е да ни објаснат дека нашата влада е виновна што, наспроти барањата на Грција, замислете, се уште не им забранува и граѓаните да ја проучуваат нашата античка историја. Со тоа сме ја провоцирале Грција. А голем грев владата направила со именувањето на автопатот од Куманово до Гевгелија со името на Александар Македонски. И затоа сме загубиле огромна грчка помош, без која ќе пропаднеме. Кога станува збор за автопатот „Александар Македонски“, фазата до која е изграден, ги задоволува нашите национални потреби. Тоа што треба да се доизгради е само за подобра врска на Грција со Европската унија. Штетата од неизградбата на тој пат е голема за Грција, а за нас не. Тој пат, до Гевгелија и до Дојран е доволно изграден и ги задоволува нашите потреби. Нам итно ни требаат пари за изградба на автопати од Скопје до: Струмица, Прилеп, Битола, Охрид, Ѓуешево. Навистина чудно како и зошто изучувањето на нашата национална историја може да се квалификува како непотребна и грозна провокација? И не од Грци, туку од страна на луѓе што се уште се декларираат со тоа наше име, но не се изјасниле како сакаат да ги викаме, ако им пречи. Не убедуваат дека штом ќе го прифатиме новото име, наметнато од Грција, во Македонија ќе течело мед и млеко, ќе се родело „ново сонце на слободата“. Каква е таа слобода, кога со сила сакаат да те принудат да си го смениш своето име, да си го викаш јазикот со друго име и црквата да не ти е твоја, да те понижат и направат никој и ништо, народ без свое минато?
Дали именувањето на автопатот Куманово - Гевгелија со името на Александар Македонски, навистина, е наша грешка и Грција оправдано го смета за провокација? Таа не објаснила? Ако е затоа што сметаат дека Александар Македонски бил Грк, бил нивни крал, тогаш тие треба да се гордеат со ова и да го сфатат како знак на добра волја од наша страна, што автопатот што ја спојува Грција со Европа сме го нарекле со името на „нивниот цар“. Навистина би реагирале така, кога и самите би си верувале во тоа затоа што ова може да се протолкува само како знак на добра волја од наша страна. Ако Грција смета дека е наш, тогаш тоа не е нивни проблем. Ако ние сметаме дека е наш цар, исто така не е нивни проблем. А ако тој, навистина, е нивни, нема зошто да се возбудуваат и да ни забрануваат. Изучувањето на историјата ќе им го потврди тоа. Тоа е минато. А, нашиот Аристотел рекол: се им е дозволено на боговите, само не им е дозволено да го менуваат минатото. И да не се прават посилни и од Бога и дека ќе можат да ни го променат името, кое го носиме повеќе од два милениума, ако не и седум. Тоа име е вечно и по волјата на Бога, запишано е во Библијата. Сме го сочувале наспроти сите негирања. Но, очигледно е, Грците се во паника затоа што немаат аргументи со кои ќе докажат дека Александар Македонски бил нивни крал. И, конечно, тие пред Европа се декларира дека биле демократија, а не монархија. Европа демократијата ја стави во темелите на својата иднина. Дали ќе се откажат сега Грците од демократијата и ќе пропагираат монархија?
Невладините организации често ја прашуваат владата од каде и се толку многу пари, кои ги троши на скапи огласи? Стана тоа вообичаено, па затоа ги прашувам невладините организации, од каде им се толку многу пари и зошто ги трошат непотребно, за скапи огласи, кога можат да ги дадат на бедните?
Историјата со антимакедонските пропаганди од 19 век ни се повторува. Ни се оспорува истото што тогаш ни се оспоруваше: името, нацијата, јазикот, црквата. Се цели да се разбие единството на македонскиот народ, кој масовно застанува во одбрана на своето име, јазик, националната припадност и за својата црква, Невладините организации се формирани и помагани од странство за да ги развиваат и кај нас позитивните европски вредности, за слобода, еднаквост меѓу народите, демократија. Но, веќе не е јасно дали тие стануваат обратно, противници на слободата, еднаквоста и демократијата. Како свесни македонски интелектуалци, за какви се декларираат, и како невладини организации, треба да застанат на браникот на правата на својот народ. Нека размислат дали се ставаат во служба на влада од друга држава, против определбите на својот народ, кој масовно се определи за своето вековно име. Ако му мислат добро на својот народ, со огласи, да се обратат до Европа (не до европските политичари) и да ја известат европската прогресивна и културна јавност, за неиздржливиот грчки и европски, не само политички, но и антикултурен притисок, со фашисоидно геноцидни цели. Да ја известат Европа, дека нивните политичари ја поддржуваат Грција во оспорувањето на нашето име, нашиот јазик, нашето национално чувство. Дека врз нашиот мал, но историски важен народ за Европа, се врши невиден психички притисок, со цел да ни се измени името и идентитетот. Сакаат да не претстават како нов народ, штотуку и вештачки создаден. Занемарувајќи ја вистината дека постоиме наспроти сите вековни притисоци и од Европа и од соседите и дека за нашата држава самите се изборивме учествувајќи во антифашистичката алијанса на страната на Обединетите нации, во рамките на кои место да ни се потврди, ни се спори нашето милениумско име. Зошто? Во име на кои цивилизациски вредности се врши тоа? Кога народите, барем денес, во 21 век имаат право на свое самоопределување. И зошто, овој Гордиев јазол, сплетен итро, не се реши со еден потег. Со поставување на референдум, на спорните прашања на кои народот на Р. Македонија ќе се изјасни, дали прифаќа својата држава да ја вика: Р. Македонија, својот јазик македонски, национална припадност македонска, и Македонската православна црква за своја црква. Многу едноставно решение, исто како што се решавале спорните прашања и за другите народи. И да се стави крај на сите спорови и дилеми. Јас би апелирал до невладините организации ова да го побараат од Европа, да се направи, како последен и дефинитивен наш одговор и како единствено исправно решение на спорот со Грција.

Авторот е писател
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Александар и ние


Има една интересна приказна, која е поврзана за еден мој соселанец, Митре Каламаров (Димитриос Каламарис) , кој, за разлика од најголемиот дел од жителите на нашето село Бапчор, кои по граѓанската војна во Грција од 1948 година беа принудени да го напуштат родниот крај, судбината сакаше да остане во Грција! Склон кон творештвото, Митре своето ликовно образование го здоби во Солун, а во Атина ги заврши студиите на Ликовната академија, отсек вајарство, во кое време се запознава со својата идна сопруга Ана, сега професор по ликовна проблематика на еден од универзитетите во Атина. Со време Митре Каламаров станува еден од најпознатите скулптори во Грција и во својата ликовна дејност има оставено значајни дела, кои и сега ги красат плоштадите во многу градови на нашиот јужен сосед! Во 2001 година имав можност да видам негови скулптура, како на војводата Коте, која е поставена на плоштадот од селото Руља, главниот споменик во Лерин посветен на независноста на Грција, исто така, е негово дело, таа 2001 година го видов и споменикот на некој си Гачев во селото Саракиново! За Митре сум слушал и порано, но кога за првпат ги видов неговите скулптури се уверив дека станува збор за сериозен и квалитетен автор. Пред триесетина години Митре го повика архимандридот Никодин Цркњас да го крсти неговиот син, не каде било, туку во урнатото село Бапчор, односно во разурнатата црква „Свети Ѓоргија“! За крштенката изворни информации добив од самиот Цркњас, кој на синот на Митре му дал име Филип, денес Филип предава ликовно во едно училиште во Лерин! Исто така, Цркњас ми потврди дека Митре Каламаров донирал пари за реставрирање на црквата „Свети Ѓоргија“ и благодарение на неговиот доблесен чин, сега црквата е единствениот објект во Бапчор, кој се уште му пркоси на времето и на незаборавот.
Зошто ја раскажувам приказнава за Митре Каламаров? Во неговиот творечки опус Митре има изработено неколку скулптури на Александар Велики! Уште како млад скулптор Митре на објавен конкурс во Атина ја добива првата награда! Откако споменикот беше готов комисијата не го прифаќа тврдејќи дека скулптурата не личела на Александар! Му сугерираат да направи корекции, но Митре не прифаќа! Цркњас тврди дека споменикот не бил прифатен затоа што авторот Каламаров бил познат по тоа што посочувал на своите македонски корени! Делото останува неколку години во некој подрум, слична судбина како и на споменикот на Александар, кој деновиве го споменува англискиот весник „Гвардијан“! Дали станува збор за истата скулптура, таа на Митре, или се работи за коинциденција, не е битно, важно е тоа дека по долги години Митре добива порачка за нов споменик на Александар. По изработката делото е прифатено и сега вториот Александар на Митре стои при еден од патните влезови на Атина! Цркњас, со кого деновиве се слушнав по телефон, ми кажува: пред крајот на животот на Митре му бил вратен неговиот прв Александар, кој со години стоел во некој атински подрум, но еднаш Александар во неговото ателје во Атина, почнало да го јаде Александрова јанѕа од што пред неколку години Митре и починува!
Која е поентата на приказната за животот и творечка ликовност на Митре Каламаров? Често индивидуалните судбини се испреплетуваат до таа мера што стануваат апсурдни и тешко разбирливи! Случајноста или вистината знае да си поигра и со големи историски личности, држави или настани! Сите бисти, скулптури и релјефи преку кои го препознаваме Александар или Филип не се создадени во периодот на античка Грција! Многу од нив се направени во римскиот период, познатиот мозаик за битката кај Ис е реализиран во Помпеја - Неапол, стотина години по смртта на Александар! Не толку одамна една биста на Филип и две на Александар се пронајдени во Пела, се претпоставува дека станува збор за ликовите на двајцата кралеви! Секој може да се праша зошто во временски простор од најмалку пет века грчката цивилизација не покажала интерес за изработка на скулптури на Филип или на Александар!? Ваквиот творечки вакуум е резултат на убедувањето дека и таткото и синот биле поробувачи, а со тоа не биле дел од грчката историја и култура! Штом е така, со кое право сега грчката политика би ни забранила да поставуваме споменици на Филип и на Александар, кога тие во цутот на нивната цивилизација не направиле ниту еден!? Но, да се вратиме кај мојот соселанец Митре Каламаров! Бидејќи сме родени во исто село, може ли некој да ми каже кои теми му припаѓаат на Митре и кои мене, односно дали творечките преокупации треба да се споделат според некој политички рецепт!? Ако јас направам голема слика или скулптура на тема Александар Велики, многумина од дома и уште толку од надвор ќе си дозволат да речат дека тоа е провокација! Дали сите скулптури за Александар и за Филип направени пред повеќе векови (не зборуваме за современите споменици) се провокација, бидејќи ниту една од нив не е изработена на грчка почва или од грчки автор!? Што е уште по чудно, ако Митре Каламаров изработи скулптура на иста тема, и истиот биде виден од погрешен агол неговото дело ќе изгледа како провокација и ќе остане да лежи во некој подрум, но ако се следи од вистинската насока тој нема да влијае како провокатор, нешто што на Митре и му се случило!
Како заклучок треба да ја имаме предвид историската вистина: не постои цивилизација во светот што се родила случајно, почнала одовде и завршила до не знам каде! Египетската цивилизација произлезе од асиро-вавилонската, грчката од египетската, римската од грчката и се така до денес! Сите култури и прогресивни творечки мисли произлегувале една од друга, тие се надополнувале, вршеле меѓусебно влијание за во дадени историски периоди секоја од нив да достигне сопствени творечки белези, височини или падови!
Од памтивек, единственото мерило за ликовните дела е следново: имаат ли тие своевидни творечки вредности или не? Според овој неприкосновен критериум времето и историјата го прават изборот што од создаденото ќе остане да се споменува и што ќе е фрлено во заборавот! Секое поинакво толкување, во случајов на споменициве, претставува политичка манипулација и злоупотреба, која секогаш завршува во длабокиот примитивизам!

Авторот е ликовен уметник
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Македонецот во Нас






Во текстот на уредникот на Утрински Весник Ерол Ризаов Насловен “Најголемиот Историчар за Македонија” објавен на 20ти Фебруари 2009та година се обвинува дека “опседнатоста со антиката” била пренесена од Македонската дијаспората. Јас не се согласувам со ова мислење, туку напротив сметам дека македонската имиграција има направено многу и сеуште допринесува за зачувување и промоција на македонскиот идентитет и историја. Имено македонската имиграција има можност да погледне однадвор, да прочита книги издадени од неутрални автори, и самата да донесе независен заклучок за македонската историја. Македонците во имиграцијата во последните 100 години можеа слободно да ја учат и слават Македонската историја без да се плашат дека ќе бидат прогонувани и апсени.


Можноста за несловенизам на Македонците е теза која е тешко сватлива за неколку генерации Македонци. Некои луѓе тешко можат да прифатат дека можеби 45 години биле лажени за нивното потекло. Тие генерации се пораснати во поредокот на Југославија каде унификацијата на државата Југославија опстојуваше под тезата дека сите националности во неа се Словени со цел да се создаде хармонија, братство и единство. Видовме што такви вештачки тези донесоа во 90тите.


Доколку навистина имало масовна преселба на Словените (теза која е дебатирани и негирана од повеќе историчари) на Балканот треба да се знае детално во колкав број и до каде тие се населиле на Балканот? Истотка, што се случило на населението што било тука пред да дојдат словените? Колкава бил сразмерот на овие новодојденци и староседелците и како тие опстојувале?


Поредокот од 1945 до 1991 во Југославија си имаше своја агенда. Зошто никој во Македонија до пред 1991 година не зборуваше дека Бугарија после втората светска војна го признавала македонското малцинство и примала македонски учители да го образуваат ова население? Зошто никој во Македонија до 1991 не зборуваше отворено за децата бегалци, за Македонците кои сега живеат во Егејска Македонија? Зошто до пред 1991 година во Македонија никој не зборуваше за поврзаноста на денешна Македонија со Античка Македонија? Македонската имиграција за овие историски настани може да отиде во библиотека и да прочита светски, независни, објективни истражувања.


Книгите како онаа на Борза детално ја проучуваат античката историја на територијата на Македонија. Голем број Грчки историски книги категорично кажуваат дека Македонците не биле Хелени. Ханс Лотар Штепан ни го објаснува македонкиот јазол. Голем дел меѓудржавни кореспонденции помеѓу Југославија и странски држави како Грција, Бугарија, Германија, Велика Британија ни се сега достапни и самите можеме да судиме што се случувало позади нашиот грб.


Македонската имиграција можеше за сите овие години после втората светска војна да согледа дека се прави тивко и умешно прекривање на вистинската македонска историја. Дека поларизирањето на Македонците како словени, игнорирањето на Македонците во соседството и молкот за 1912 одеа во прилог на поредокот во Белград. Но вистината, колку и да ја давиш, секогаш испливува на површина.


Наместо да се обвинува македонската имиграција како извор на некаво негативно влијание, треба да се присетиме како таа за времето на Југославија продолжи да работи за независна и слободна Македонија. Зошто во тоа време не се зборуваше јавно за Македонците во Македонија и надвор од неа (како Ченто, Гашев, Шамбевски, Богдановски) кои беа шпиунирани, тепани, убивани бидејќи работеа за независна Република Македонија? Во тие времиња таквите размислувања биле разбирани како националистички, радикални, иридентистички, а сега согледуваме дека биле патриотски.


Факт е дека Македонија се наоѓа на делот од античка Македонија. Факт е дека зборот Македонија беше Non grata во Грција до 80тите години од минатиот век (а зошто?). Факт е дека има илјадници артифакти пронајдени на територијата на Република Македонија кои докажуваат дека Македонија е античка земја. Факт е дека некому тие докази му сметаат.


Јас не знам колку имам заедничко со античките Македонци. Јас не знам колку имам словенско во мене. Но знам дека преку ДНК анализа може да се согледа од каде потекнува Македонскиот народ, од каде Грците, Бугарите, итн. Дел од тие анализи се веќе објавени. Има голем број нови историски книги кои зборуваат на оваа тема. Да читаме, да се образуваме.


Македонската историја долго време била заматувана и потребно е време таа да се избистри. Но не смееме да
дозволиме некој друг однадвор повторно да ни сугерира кои сме и што смееме да правиме. Не смееме да дозволиме Грција да создаде монопол врз античката историја на Македонија. Не смееме да дозволиме Бугарија тивко да ни всадува бугарски корења. Не смееме да дозволиме да се одрекнеме од Македонецот во

нас.


Авторот е истакнат член од македонската диаспора.


иако испратен, текстот не беше објавен во печат.







Кој се плаши од античкомакедонската историја?




Ние долупотпишаните им даваме целосна поддршка на Владата на Република Македонија и на сите невладини субјекти што се залагаат за обнова на спомените за нашата античка историја, наследство и култура.

Најенергично се спротивставуваме на некоректните напади, обиди за омаловажување и навреди против славното античко минато на Македонија, кои во последно време синхронизирано се спроведуваат низ медиумите од страна на некои наши новинари, политичари и други поединци и интересни групи. Не знаеме дали во некоја друга држава постои ваква срамота - некој толку жестоко да си ја напаѓа сопствената античка историја.

Возобновувањето на истражувањата за нашето античко минато воопшто не значи никаков национализам. Напротив, со ваквите активности само се исправа една историска неправда кога на Македонците за време на претходниот систем тенденциозно им беше оневозможувано и забранувано да ја истражуваат својата етногенеза и во антиката.

Категорично ги отфрлуваме манипулациите дека сите ние што сме се залагале за исправање на неправдата кон античкомакедонската историја сме биле против ЕУ и НАТО. Напротив, ние долупотпишаните агилно се залагаме за евроатлантската интеграција на Македонија, но истовремено сме и за зачувување на македонското достоинство. Не можеме да сфатиме како може патот за ЕУ и НАТО да ни биде отворен доколку се декларираме како Словени, а да ни биде затворен доколку (врз основа на аргументи) изјавиме дека и античките Македонци го внеле своето етнокултурно наследство во денешната македонска нација.
Токму тезата за наводното „чисто словенско потекло“ на денешната македонска нација има елементи на расизам, бидејќи форсира „чисто“ етничко потекло.

Сите оние што навредливо се нафрлуваат против културата и славната историја на античките Македонци и против вистината за нашите етнокултурни врски со нив, автоматски ја напаѓаат и Македонската православна црква, според која денешните Македонци се потомци и на античките. Овие субјекти ги напаѓаат и членовите на македонските организации во преостанатите делови на Македонија, кои исто така себеси се сметаат за потомци и на античките Македонци, а ги навредуваат чувствата и на припадниците на речиси целата македонска дијаспора. Ние не се откажуваме ниту од средниот ниту од новиот век, но се прашуваме кој зошто сака да ја ампутира античката историјата на Македонија? Зарем овие субјекти не знаат дека самото име МАКЕДОНИЈА е античко име? Јасно е дека ставовите на овдешните субјекти што ја напаѓаат античкомакедонската историја се идентични со ставовите на официјалната грчка антимакедонска пропаганда. На овие субјекти им укажуваме дека античкомакедонската историја никогаш нема да биде предмет на лицитација.

Впрочем, етногенезата на Македонците и на сите народи во светот се утврдува со факти, а не со желби и фрустрации на поединци и интересни групи на кои очигледно дека материјалниот интерес им е пред историската вистина.

Александар Донски, историчар
Аристотел Тентов, професор
Миленко Неделковски, новинар
Рубенс Муратовски, актер
Славко Манговски, новинар
 

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Реакција на НВО, Неготино


Револтирани од кампањата на некои фондации и Центри произлезени главно од ист “Центар”- ФИООМ, Сорос, реагираме оти тие и не се НВО-секторот во целина.

3. За именувањата. Грција смени највеќе топоними во ЕУ, особено низ Егејска Македонија.Таму хеленизира, низ остатокот македонизира од аеродроми и стадиони до вреќи цемент и шишиња масло.Тезата дека некој пат ќе не внел (или не) во ЕУ со именувања по ќеф на Грците, нема основа. Не не однесоа “државничките” смени на уставот, името и знамето а камо ли еден пат!

4. За античката историја. Со нашите илјадници артефакти и културен континуитет, еве потврда и од најпознатите светски генетски институти во Барселона и Женева. На барање токму од грчки националисти, чепкаа по нашата ДНК и на нивна жал ни најдоа најблиска сродност со античките Македонци. Изгледа и тие се против ЕУ штом извадиле такви резултати.

http://bulgarsandgreeks.blogspot.com/2007/07/differences-between-macedonians-and.html
https://www.igenea.com/index.php?content=49a&id=40
http://www.white-history.com/greece.htm
:pipi:

Indigenous Peoples in Macedonia

Antic Macedonians 30 %
Teuton 20 %
Hellenic People 15 %
Slav 15 %
Illyrian 10 %
Hunnians 5 %
Phoenician 5 %

--------------------------------------------------------------------------------

Indigenous Peoples in Greece

Hellenic People 35 %
Phoenician 20 %
Slav 20 %
Teuton 10 %
Illyrian 10 %
Antic Macedonians 5 %

--------------------------------------------------------------------------------

Indigenous Peoples in Bulgaria

Thracians 49 %
Hellenic People 15 %
Slav 15 %
Antic Macedonians 11 %
Phoenician 8 %


Сето ова треба да го прочитаат..ФИРОМОЉУПЦИТЕ на овој Форум..и да замолчат..за да не бидат замолчани..
:pipi:
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Ја отвараме темава како еден вид архив на сите контра-реакции на последните случувања во државата.
коментари нема - само објави на текстови



ИЗДИШАА КАРАВАНИТЕ НА ГЕРОВСКИ

Откако циркусот ја заобиколи Македонија, проба да ни ги силува сите сетила издишаа напорите на БЛОГЕРО за фебруарско просветлување.

Не само што трибините беа тотално фијаско, не само што не беа посетени туку наидоаа и на отворен грагански отпор во Струга, која ги натера во глувча дупка организаторите па со многу помалку помпа, тајно и мистериозно колку ради реда ја одржаа последната трибина во бастионот на сдс. штерјовиот (иронично)Александар Палас кој е добро обезбедуван од партиското обезбедување.

Се надеваме дека поделбите нема да продолжат, а доколку продолжат предизвикувачите вистински ке се соочат со македонскиот народ. Благодариме на сите контра реакции, лобирањеа , писма и притисоци.


-----------------
Секое делење на Македонскиот народ според историски поглавја на македоноиди букефалисти и словени е крајно анти македонски и не враќа во мрачното време на поделена Македонија.
Секој кој иницира такви поделби, работи за туѓи интереси.
За нас, македонскиот ген ги содржи сите делчиња од историјата, антиката, средновековието, новиот век и само како таков е имун на разни вируси и болести кои сакаат да го доведат на смртна постела.
За нас славењето на Александар Македонски не е провокација, туку одавање почит на неговиот лик и дело кое е трајно вграден во македонскиот идентитет .
Именување на автопат е суверено право на граѓаните на оваа држава и не може да се окарактеризира како провокација и за истата да се понудат грчки пари, предлогот е НЕПРИСТОЕН.
Патот кон Европа не е и не смее да биде преку македонскиот идентиет. Тој идентитет е граден со милениуми и нема ние денеска поради одредени светли иднини кои се повеќе се во рецесија да тргуваме со него, или поради личните интереси на одредени индивидуи и организации поврзани со грчки пари.
Граѓанскиот концепт на опшество не се гради преку негирање на историски факти.
Историјата е гранка од науката за која не дискутираат политичарите, туку историчарите.
За нас промакедонските невладини организации вистински провокации се следните:
- Непочитување на ОСНОВНИТЕ човекови права на Македонците во Грција.
- Промена на личните имиња на Македонците во грчки.
- Забрана за користење на Македонскиот јазик и писмо.
- Забрана за школување на мајчин јазик.
- Узурпација на одземените имоти на Македонците од страна на Грција.
- Грчките воени вежби на земјоделско земјиште од каде Македонците си го вадат лебот.
- Нациналистички маршеви на грчките воени сили каде се пропагира освојување на Македонија.
За нас ова се прашањата на кои се докажуваат вистинските вредности на европскиот континент.
Но во исто време за нас е жално да утврдиме дека и после 60 години од втората светска војна, Европа не може да реши прашање на кршење на основно човеково право на нејзина територија, да се биде Македонец.



Здружение на граѓани НЕПОКОР, Скопје.
Здружение на граѓани „М3“, Скопје
 
Член од
6 март 2009
Мислења
11
Поени од реакции
1
Нормално дека нема поделби!

Македонија и Македонци засекогаш!

Јас мислам дека прашањето треба директно да го упатиме до ОН и ЕУ што тие сакаат од нас!Не е проблемот Грција!Проблемот се ЕУ и НАТО кој ја подрзуваат!

Веке крајно време е безмозочните бирократи од ЕУ да излезат од глувчова дупка и казат јавно што сакаат од Македонскиот народ!!!

Слушам еве најнови вести ке препорачале дадум за отпочнување преговори,но Грција имала 61 начин да стави ВЕТО,јас ги прашувам нив што тие ке сторат во врска со тоа??????Ке ја искараат Грција,ке ја притиснат и ке и казат дека се однесува фашизоидно!?А не да ми казуваат дека Грција ке ни стави ВЕТО!!!


И кога ке ги слушнам само овие од опозицијата кога ке го изречат зборот поделба ми се поврака!Само да знаат дека не им се плашиме од нивните црни сценарија!Нека заборават на политиката на заплашување на Македонскиот народ!
Кај нас срцето чука само за Македонија!


МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ!

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Мило ми е што сме барем една година понапред со информациите, Имено , дискусииите кој излегуваа тука, и се отфрлаа како безначајни се почесто го наогаат местото до печатените медиуми...

само напред...


Колку е македонски Александар Велики?


Автор: Дарко Јаневски
Македонскиот народ живеел со легендите за Александар Македонски малку подолго отколку што траат мандатите на една наша влада и нејзините скапо платени аматерски спотови или 20-те дена на една изборна кампања во кои ќе се спротивставуваат обвинувањата и одбраната за т.н. антиквизација на Македонија. За тоа сведочат не мал број истражувања, како и зачуваните народни преданија и песни за славниот војсководец, кои, по логиката на тие што тврдат дека Александар Македонски ни е сега инсталиран, не би требало воопшто да ги има.

Пред некои 160 години, поточно во периодот 1844-1845 година, Царството Русија во Македонија го испратило Виктор Иванович Григорович во улога на фолклорен истражувач. Во тоа време, всушност, таква или слична улога (на пример, собирач на пеперутки) имале низа странски емисари чија задача, со денешен термин кажано, била разузнавањето. Уште тогаш, за посетата на Македонија, Григорович запишал: „Јас не слушнав други имиња, освен имињата на Александар Велики и Крале Марко“.

Песна од слепиот

Неколку години по него, во Македонија доаѓа Србинот Стефан Верковиќ со слична функција како и Русинот. Девет години поминува во талкање по нашите градови и села и, меѓу другото, забележува една песна за Александар Македонски, веројатно составена врз основа на преданијата што со векови се пренесувале меѓу генерациите. Песната е забележана некаде во 1862 година, а на Верковиќ му ја испеал Јован Михајлов, талентиран слеп пејач од серското село Броди (селото е познато по тоа што во него живеел Андреј Хрлев, човекот за кого Даме Груев вели дека го предал Гоце Делчев). Кирил Пенушлиски во своите студии за македонскиот фолклор вели дека всушност станува збор за две варијанти на песната, со тоа што нивното потекло и старост не се познати. Еден наш научник, кој ја проучува истата материја, а кој поради општата атмосфера во Македонија кога станува збор за Александар Македонски одби јавно да зборува, вели дека можеби станува збор за импровизација врз основа на преданија и легенди, со цел од Верковиќ да биде наплатен трудот. Како било, песната е прилично интригантна, а заедно со шесте преданија меѓу Македонците за Александар Велики (првото забележано од браќата Миладиновци, второто од Кузман Шапкарев) покажува дека војсководецот живеел меѓу обичните луѓе на овие простори и две илјади години по неговата смрт.

Патем, интересно е што од песната произлегува дека Филип Втори не му е татко на Александар. „Чедо си нема цар Филип, чедо си нема девет години, жалба му е останало, останало дур до Бога“, испеал слепиот Михајлов. Филип заминал да војува цела година, но пред да тргне и порачал на сопругата Олимпија дека кога ќе се врати сака да види машко новороденче. Така, во имагинацијата на народот влегува еден билкар што ја излечил Олимпија, по што се раѓа Александар, нормално, со прстен на раката.

Интересно, Верковиќ вели дека „корените на Словените се наоѓаат во антиката“, теза што кај нас била и е отфрлана како бесмислица (на што и се спротивставува „издржаната“ теза за цевчињата со кои истите Словени го минувале Дунав), но која денес наоѓа нови приврзаници, пред сè меѓу тие што сметаат дека преселбата на народите во 6 и 7 век одела од југ кон север, а не обратно.

Кресненското востание и Александар

Слична реченица се среќава и кај Ѓорѓија Пулевски, во неговата Славјаномакедонска општа историја. Пулевски пишува дека царот Филип и царот Александар се Славјани и дека „наши баби Славјанки ги родиле“. Гледано од фолклорен аспект, научната подлога на ваквите становишта не е ни битна, зашто тоа не го менува фактот за присутноста на Александар во свеста на народот, кој дури се обидел да најде решение за некои прашања што последниве месеци кај нас се предмет на расправа.

Сето тоа всушност само покажува дека македонскиот фолклор поврзан со Александар Велики има постари корени, а тоа што отсуствуваат повеќе пишани записи, во секој случај, се должи на други околности.

Посебно место во народната свест за Александар Македонски има неговата потрага по т.н. „жива вода“ од која се станувало бесмртен.

„Цар Александар сакаше да одит, да ја земит бесмртната вода. Но кој одеше, никој не се враќаше назад“, вели преданието запишано од Шапкарев. Александар ја пронашол водата, но сестра му го скршила шишето, по што побегнала, се фрлила во море и се претворила во делфин, кој, кога ќе го чуе името Александар, се крие во морските длабочини.

Кресненското востание од 1878 година својата подлога исто така ја бара кај славниот војсководец. Уставот на востанието, односно неговиот правилник, кој по својата габаритност не мора да се срами дури ни од „славниот“ Устав на СФРЈ од 1974 година, во членот 1 буквално вели: „Со нашата крв што ја пролеваме во планините и горите македонски, ние служиме како македонска војска на Александар Македонски за слободата со нашата девиза ‘Слобода или смрт‘“.

Бугарската историја, па и понекој во Македонија, сметаат дека Правилникот е фалсификат, становиште што досега посолидно не е аргументирано. Но дури и да е така, тоа не го негира очигледното сознание дека наводниот фалсификатор сметал оти на документот ќе му даде поголема веродостојност ако во споменатиот член го вметне и Александар Македонски. Зошто би го правел тоа ако војсководецот бил туѓ на тоа време и на македонскиот народ?

Ова е само мал избор од присутноста на Александар Македонски во колективната свест на народот од овие простори. Кога сето тоа ќе се погледне, попрво се заклучува дека во периодот по 1945 година тој вештачки бил отстранет, отколку што може да се каже дека сега вештачки му се поттурнува на Македонецот. „Фолклорниот лик на Александар Македонски... сè уште е неоткриен“, вели нашиот научник Танас Вражиновски во своето дело „Македонски историски преданија“ (1992 година). Сосема друга е приказната што денешното враќање на војсководецот меѓу народот се прави на начин што кај еден неутрален дел од јавноста создава нов анимозитет кон личноста што очигледно сосема природно била всадена во свеста на луѓето.





Шапкарев: Татко ми ми раскажуваше за царот

Кирил Пенушлиски во своите Студии и прилози за македонскиот фолклор го запишал и следното: „Освен овие шест преданија и песната, драгоцени информации за популарноста на Александар Македонски во нашиот фолклор оставиле нашите големи собирачи К.А. Шапкарев и Марко К. Цепенков. Така, Шапкарев кон кичевската приказна ‘Доброто (арното) никој пат не гинат‘, во која е вграден и мотивот за живата вода, во фуснота забележал: ‘Покојниот ми татко во детството наше ни раскажуваше многу прикаски, меѓу кои и некои за Марко Крале и за цар Александар - Александар Велики, во кои исто така се споменуваше живата вода што овие јунаци ја пиеле, та божем станувале бесмртни’“.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom