Протести во Тел Авив против политиката на Нетанјаху

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Сепак правдата победи. Ерусалим е главен град на Израел.

А што ќе биде со Ерусалим доколку се интензивираат протестите уште повеќе... има ли шанса UN да дојдат за интервенција а Ерусалим да биде под посебна меѓународна управа :popce:
 
За интенвизирање, секако ќе дојде до тоа. Не попушта ниедна страна. ОН не мислам дека ќе помогне многу.
 
Нетанјаху цело време со години лобираше САД да излезат од договорот со Иран (а исто поодамна лобираше и притискаше дома Израел да го нападнат Иран).
Постапката на САД за излезе од договорот и ова со амбасадата, личи ко трампова Америка да е послушник на Израел и со непромислени потези го загрозува кревкиот мир таму.
Детски и непромислено.
 
Како дојде до заклучок, дека потезите на светскиот полицаец се "детски и непромислени" ... такви потези може да очекуваш од банана републики, а светскиот полицаец ако при толку информации, аналитичари и планери, прави детски и непромислени потези, нема да станел и опстанел тоа што е.
Плус ако гледаш само еднострано и Путинова Русија е нивни послушник.

Со амбасадата, голем дел од евреите не се согласуваат, знаат дека е непотребно и ќе предизивка немири. Прочепкај за влијанието на Папата врз Израел :cool:
 
Како непотребно? Како дојде до заклучок, дека потезите на светскиот полицаец се непотребни?
 
:confused::confused::confused:o_O
Реков обичен народ во Израел смета дека се непотребни, а не дека Светскиот полицаец или јас тоа го сметамр . Тој си знае зашто го прави тоа и резултатите ќе ги видиме за некоја година. Туку ти дали се читаш што пишуваш а и други што ти пишуваат или тролаш :cautious:
 
Мазел Тов :icon_lol:

Шо ти значи политичар и политикант.
 
Мазел Тов :icon_lol:

Шо ти значи политичар и политикант.

Ти текнува на муабетот пред неколку месеци дека Израел најверојатно го чекаат тешки времиња:
https://m.mkd.mk/svet/vesti/izrael-...a-mozhna-e-celosna-kopnena-ofanziva-fotovideo

Тенкови и други воени возила уште пред месец дена почна со распоредување Израелците.
 
Израел секогаш има стационирано силни борбени ефективи кои се веројатно во состојба на приправност околу појасот Газа, причините се повеќе а една од нив е токму директивата Ханибал. Така да ова не е ништо ново или уште помалку чудно.

Ќе им прават шалом на палестинците и тоа е тоа. Слично и нас ни се случува во моментот, само во некој поелегантна верзија прилагодена за европско тло.
 
Абе јасно дека се спремни дечките ама до толку немале воени возила на терен. Има по интернет видеа како носат тенкови, како се позиционирани воени оклопни возила итн итн.
Од околу 200 ракети испалени над Израел, пишуваше дека 60тина ги пресретнале, што не е баш некој добар %.
 
Нормално дека носат, не можат цело време да бидат во воена состојба со пола армија ангажирана на терен.
Кога е мирно (релативно) се вклучени мал број на единици (патрола, набљудување, ПВО).
Кога се планира инвазија, потребни се дополнителни сили да ги држат териториите, додека остатокот навлегува во непријателска територија. Основи на војување, јбг.

Iron Dome, системот што пресретнува ракети (со балистичка траекторија, други неможе) ја проценува патеката и според тоа одлучува дали ќе ја пресретне. Имено, ако ракетата паѓа во населено место таа ќе биде пресретната, во спротивно се остава да падне во ненаселено место.
 
Нема 100% ефикасност ниту еден ПВО систем, одредена веројатност за погодок под дадени услови да речеме со 0,7 и на втора ракета тоа оди во пораст и така се стигнува до 0,99 шанса за погодок.

Треба да се земе во предвид дека се лансираат претежно ненаведувани ракети и тоа од импровизирани лансирни рампи, ако може и така да се наречат. Обично се катјуша ракети од ВСВ замисли или кинеска копија на БМ21 град ракетите. Тоа е строго на отприлика гаѓање, така да системот веројатно штити воздушни правци кон населени места кои им се во домет, друго и нема потреба. Тие може да лансираат на одредено населено место, меѓутоа што точно би погодиле и сами веројатно не знаат. Инаку штити и од минофрлачки гранати, така да :pistoldz:

Инаку за Iron Dome и неговата ефикасност, начин на функционирање и опфат еве убав напис со цртано со мапи со све :icon_lol:

IronDome.jpg

how_it_works_2.png

Range_of_Rockets.jpg

WHAT IS THIS IRON DOME THAT IS PROTECTING ISRAEL FROM HAMAS ROCKETS?
 
Нормално дека носат, не можат цело време да бидат во воена состојба со пола армија ангажирана на терен.
Кога е мирно (релативно) се вклучени мал број на единици (патрола, набљудување, ПВО).
Кога се планира инвазија, потребни се дополнителни сили да ги држат териториите, додека остатокот навлегува во непријателска територија. Основи на војување, јбг.

Iron Dome, системот што пресретнува ракети (со балистичка траекторија, други неможе) ја проценува патеката и според тоа одлучува дали ќе ја пресретне. Имено, ако ракетата паѓа во населено место таа ќе биде пресретната, во спротивно се остава да падне во ненаселено место.

Јасно е тоа за инвазија. Муабетот со Клин беше од претходно, каде пишував дека Израел го очекуваат немирни времиња. Претходно како што напиша беа обични патроли, сега имаш тенкови и разни други оклопни возила активирани.
Пишуваше министерот за одбрана си дал оставка, па ќе видиме.

А за куполата, претпоставував дека проценуваат кои ракети се опасност а кои не, па затоа 60 се уништени.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom