Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Идејата на темава ја црпам од едициите Промени го моето мислење (Change my mind) каде се поставува политизирана тема, за која постои широка поделба и голем интерес во јавноста, и која е од општествено значење. Целта не е само да се промени мислењето на соговорникот, туку да се има една рационална дебата, базирана на аргументи и на крајот барем да се најде некое компромисно решение. Насловот на темата ќе биде променет за неколку недели. Сите предлог теми, пп, се добредојдени.
Прва тема ќе биде Францускиот предлог односно Предлог преговарачката рамка за решавање на македонско-бугарскиот спор, со цел тргање на бугарското вето и започнување на преговорите за пристапување на Македонија кон Европската унија.
Овој предлог опфаќа три клучни прашања, кои воедно претставуваат и обврска за Македонија, а тоа се: вметнување на Бугарите во македонскиот Устав; ревизија на историските учебници и евидентирање на говорот на омраза!
Првото прашање ќе отвори внатрешно-политички проблем затоа што за промена на македонскиот Устав е потребно 2/3 мнозинство односно 80 пратеници, а власта ни одблиску го нема тоа потребно мнозинство. Од една страна се соочува со внатрекоалициска криза, каде неколку партии отворено и гласно, кои се дел од владејачкото коалициско мнозинство, најавуваат напуштање на владата ако се прифати овој Предлог. Вториот условувачки проблем доаѓа од АА, која бара свои уставни промени за да го прифати овој Предлог, односно на местото во Уставот каде пишува "малцинството кое го сочунуваат 20% од граѓаните" да се замени со "Албанците". Последниот проблем е во тоа што овој проблем е проблем на ЕУ од два аспекти. Првиот, самата ЕУ, односно Европската комисија, гарантира за спроведување на ова барање, а второ истото е спротивно на Општиот став на ЕУ за подобрување на правата на малцинствата и стимулирање на меѓудржавната соработка. Бугарија не го признава македонското малцинство! Бугарите треба да бидат вметнати како во Преамбулата, така и во Нормативниот дел (според мислењето на Пендаровски)!
Вториот проблем е самата ревизија во учебниците. Таа ќе се врши под диктат на Бугарија. Во секој момент може да стави ново вето ако не и се допадне одреден историски факт, кој претходно беше под ингеренција на Комисијата за историски прашања. Тоа прашање треба да се реши билатерално.
Последниот проблем е со воочувањето на говорот на омраза на социјалните мрежи и на јавните натписи! Притоа треба да биде известува а Бугарија за истото, што нашата држава и режим ќе ги стави во одредена подредена улога. Што е со говорот на омраза во Бугарија? Посебно во бугарскиот парламент!
Сите овие барања го кршат македонскиот суверенитет. Самите барања се адхезиони, нема место за преговори и внатрешна ревизија, за што јасно се изјасни претседателот на Владата, Ковачевски. Истиот беше против самиот предлог, за само по неколку денови да стане покровител на истиот.
Тука е претседателот на државата, Пендаровски, кој пред само неколку месеци имаше јавни критички излагања дека јазикот и историските прашања не смеат да бидат дел од Преговарачката рамка, за потоа да излезе со став дека овој Предлог не е штетен за Македонија! Кај истите нема конзистентност по ова прашање и е евидентна доминацијата на партиското едноумие.
Држава која прва не призна под уставното име, со држава која имавме широка економска соработка, со држава која имавме релативно топли односи, со држава која потпишавме два Договори за пријателство (и добрососедство). Но и држава која воедно не го признава нашиот јазик (за кој нема никаква гаранција во Преговарачката рамка, иако некои тука ја наведуваат точката 11 како некое компромисно решение), не признава дел од нашата историја, не го признава нашиот народ како засебен!
Дали ви се допаѓа оваа Предлог преговарачка рамка? Што ви се допаѓа, а што не? Дали треба да се прифати? Дали нејзиното спроведување ќе го реши македонско-бугарското прашање? Дали ќе го крене бугарското вето? Дали постои можност за внатрешно-политички компромис? Дали постои можност за билатерален компромис? Дали Македонија, под овие услови, треба да ги прекине преговорите за членство во ЕУ?
пи.ес. На сила стапуваат превентивни мерки за зачувување на интегритетот на дебата, така форумските тролови и Бугарите ќе добијат автоматски пермбан уште на самиот старт.
Пријатни дебати!