Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
„Првично од тоа што го знам од разговорот, осомничениот вели дека воопшто не знаел во прв момент дека момчето починало, можно е да се работи и за убиство од небрежност“, рече Котевски. Срце мори мое небрежно!

Aбе гревче тигарчево, треба да го пуштат на рехабилитација на Малдиви 20-ина дена, да заборави и да се среди од психолошкиот шок што го претрпел...

sick:
 
Грешка?
Се работи за злочин. Намерен. Не се обидувај да релативизираш.
Тој злочин е прикриван од колеги и од портпарол на таа институција.
Давани се дезинформации и играно е со достоинството на фамилии.
Дури откако увиделе дека неможе да се прикрие настанот се појавија со поинкава верзија на настанот.
И не само тоа туку имаме и медиуми, се знае какви и под чија контрола кои почнуваат да бараат оправдување на злочинот со наводна делумна одговорност на жртвата.
Ниту пак ова е изолиран инцидент, туку редовна појава која во неколку наврати има завршено со смрт, како и во случајов.

И кое е решението? Ако не, да ја распуштиме полицијата и да немаме полиција во земјава? Да ги казниме и добрите полицајци? Добрите алфаши? Добрите тигри? Да ги казниме и сите оние кои запленуваат дрога, се борат против криминал? Нема општество без корупција и без идиоти во секој сегмент. Но, има и добри луѓе кои добро си ја работат работата, и јас од почит према таквите, не се ни осмелувам да ја осудам целата полиција. А овој пример на полицаец и сите такви како него, се согласувам дека не им е место во полиција. Дека од погрешни причини се примени на работа.
 
Епа затоа,затоа што ја гледаш грмушката,а не целиот пејсаж :)
Се додека се бара групна одговорност за поединечни злодела, тешко дека ќе го видиме "целиот пејсаж".
 
Има право да го удира за да го оневозможи тој да го повреди полицаецот, преку ,,техники,, кои не се благопријатни, и спаѓаат во грубости. И тоа право го има се додека осомничениот не се предаде. Во овој случај, тигарот излегол од контрола и тепал, дури не било ни самоодбрана. Затоа ќе биде казнет. Што не е јасно?
Па ние за овој случај збориме, јас конкретно три пати ти го потенцирав фактот дека се работи за двајца несразмерни по сила луѓе, од кои едниот бега и е свртен со грб, значи на крај памет нема никаква намера да даде отпор, се сопнува и паѓа, по што е брутално претепан.

Така да се е јасно, само ти не си јасна зошто вртиш како киша око Крагуевца цела вечер?
 
Не бе,ништо нејќете да разберете и крај...пак со тие казни и закони...и вие од умот си патите :)
 
далеку си од интелигентен а уште подалеку од паметен едно само не ми е јасно дали е ова дуплиот јузер на тонџи или на цитро

Прво сум жена, второ со тебе сум завршила засекогаш со твоите планински муабети. Пријатно. Не е фер према оној кој умре, тука да се објаснувам со тебе. Можеби, ако имаш некој нормален пост. До тогаш, поважна ми е вистината, отколку твоите лични фрустрации.
 
Можеби не ги познавам полициските техники, ама знам нешто што ти не знаеш, дека оваа држава има закон, според законот ќе биде судено на убиецот, а не според твоите или сенародните чувства и емотивни состојби. Мене ме интересира да биде донесена правдина, да биде казнет убиецот, и да не се мижи или прогледува низ прсти. Немам намера да протестирам и да лелекам. Еден поединец нема да ми ја смени сликата за целото.

Ти спаѓаш во иста класа со оној виктор и уште неколку партиски полтрончиња тука...
Кажи ни што тоа ти сакаш да ни докажеш? Дека не треба да протестираме? Дека полицијата не е насилна?

Ние сите од дамна знаеме како стои работата со полицијата кај нас а и голем дел од нас имале искуство со алфи и ги знаат какви се.
Која си бре ти да ни солиш памет тука, дека можеби со право го тепал, кој применува таква сила на 22 годишник КОЈ Е НА ЗЕМЈА, припадник на таа специјална единица може да собори човек во еден потег БЕЗ ДА МУ ГО СКРШИ НОСОТ И ДА МУ ЈА ТРЕСНЕ ГЛАВАТА ОД КЛУПА.
Дали си ти студент на полициска акаедмија или на правен и го учиш правото кое полицаецот или престапникот го има? Ако не си тогаш дај престани да тролаш и да се правиш дека све знаеш а уствари си неписмена.

А во врска со законот, сите знаеме колку добро се спроведува кај нас, ако си криминалец и имаш врски со тие што се на власт или нема да те осудат или ќе те осудат и надвор си за максимум 2 години - се случуваше кога беше и СДСМ се случува и сега.

Ај сеа трк до надвор да прошеташ куче.
 
Преку протест се бориш за колективни права,т.е. општествени,да исправиш некоја општествена неправда и кога ќе ја исправиш и тебе автоматски ќе ти е добро и на твоите блиски..а ако мислиш само за твоја черга гадно си се заебал..човек е социјално суштество,живее во општество и општеството делува врз него,исто колку што и он делува врз општеството..Како ја утре на тебе да ти дадам 100 денари ако немаш за леб и умираш од глад? Да ти кажам извини не те знам ,мене ме заболе курот за тебе... ? Или недај боже те најдам повреден на улица и да те оставам да искрвариш или да те однесам во најблиска болница..? Пошто не те знам ,така да направам ?

Брату, Игор имаше една "Само ситните риби пливаат во јато."...
Да можеше секој сам, немаше да се здружуваме за неправди да се буниме. Ама, на жалост, ситуацијата ни е таква каква што е и сме приморани да се здружуваме и собираме како волци во лов за да си решиме некој проблем.
Во таа маса на луѓе која протестира брат, на сите личниот интересен им е на прво место, заедничкиот на второ. Во средно, коа десетина деца сакавте да не бидете испрашувани, се собиравте цел клас и на чело со претседателот ги одложувавте испрашувањата. Случајно ти да не одложуваше испрашување за да не го испрашаат Митко или Трајко? Не. Одложуваше испрашување за да не го испрашаат Цитро, пошо не научил поради оправдани ил не причини.
Секад и сегде било така. На прво место сме животни со животински инстинкти, на второ место сме луѓе.
Оние кои тоа го сфатиле навреме сега се на врвот на food chain-от.

Ќе повторам, протестирам првенствено ради себе и блиските. Реков дека ми е жал и дека никому ама баш никому не посакувам такво зло.
Ама прво се почнува од себе си. За се.
Сакаш промена? Смени се.
Лично јас никогаш не би го напраил сценариото што ти го кажа, да оставам некој да искрвари, пошо кур ме боли. Ме боли брат, зашо несакам мене некој така да ме остаи. И баш таа мисла ќе ме јаде. Баш ради тоа ќе помогнам. Не ради незнам шо. Ради тоа.
Ја сум си на прво место себеси. Ти си си на прво место себе си.
Тоа е така, и така треба да биде. Тоа што човекот е толку бесрамно лицемерен и глуми дека не е животно е факт кој просто го презирам од дното на душава.
 
Се додека се бара групна одговорност за поединечни злодела, тешко дека ќе го видиме "целиот пејсаж".

Повторно нејќеш да ме разбереш?
Станува збор за индивидуалност,сам себеси да се доведеш во ред.
Тоа е лекот,индивидуален закон.
И да си стоиш пред него.
Колкумина го можат тоа овде?
Јас можам.
 
„Првично од тоа што го знам од разговорот, осомничениот вели дека воопшто не знаел во прв момент дека момчето починало, можно е да се работи и за убиство од небрежност“, рече Котевски. Срце мори мое небрежно!

Чекај, ова озбилно!? Стварно не можам да поверувам... од минута во минута е се полошо и полошо. Одам лексилиумче да си земам, а препорачувам и на ПОВЕЌЕТО од тука!
 
Tuka gledam se razgoruvaat strastite, gledam i protesti imalo i ke ima dodatni protesti. Mladinava ke se raspali, ke baraat lincuvanja i radikalni promeni na sto vladata ke odgovori so nekolku otpusanja, nasata ministerka ke si ja zadrzi pozicijata zosto dokaza deka e sovrsena marioneta i nasiot drag premier ke najavi reformi koi ke bidat zapocnati no nema da nikogas da bidat zavrseni. Vo megjuvreme opozicijata koja gleda sansa za osvojuvanje na dodatni politicki poeni ke ja pluka vladata vo sekoj cekor normalno, ne deka im e gajle za momceto, na nikoj ne mu e.

Se na se, za edno sum siguren, ova ke se zaboravi za brzo vreme i nikoj nema da se sekava na momcevo za godina denai se ke ostane isto osven za negovite roditeli.

Samo sum realen.
 
За жал, таму објаснував за нешто друго, неповрзано со темава, заради луѓе кои ги вадат од контекст постовите.
Не не мотај сега тука сите, не сме 10 годишни деца или со испрани мозоци.
Без разлика што си цитирала и објаснувала и раскажувала, на кого и за што. Убаво си пиша ти, според дефиниција за полицаец..

Ти рече: Има овластување да дејствува(под овој збор не знам што подразбираш, али ќе ги прифатам сите мерки на дејствување, од бесење и палење до шамарање и усна опомена) кога ќе забележи опасност.

Моето прашање до тебе:
Дали постои опасност* кога осомничениот е на земја и моли за својот живот?

*опаснот за полицаецот, околината...
 
Се согласувам! Грешката на еден човек не треба да ја плаќаат сите негови колеги.
Тоа мислам дека се подразбира, но сепак во најмала рака треба да се реформира единицата Алфи. Бидејќи како што кажав веќе неколку пати ова не е едиствен инцидент во кој алфите имаат употребувано прекумерна сила и си ги пречекоруваат овластувањата.
Лично имам искуство со нив многу пати, никогаш со мене не се однесувале културно, секогаш биле убедени дека имам нешто илегално и на неколку наврати, без мој приговори и спротиставувања имам добиено шамари и пцовки тотално непровоцирани, ова се има случено во рутински рандом контроли.
Ги имам видено како пијат на должност гага, ги имам видено како шмркаат кокаин или анфетамини во клубови, ги имам и пријавено но ништо нема излезено во медиуми ниту пак да добијам некаква информација дека нешто е превземено.
Можеби сум biased заради моите искуства но размислете и погледнете колку полиција (не алфи) има низ градот, зарем тие не се доволни да не чуваат безбедни? Зашто има потреба од Алфите?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom