Преку протест се бориш за колективни права,т.е. општествени,да исправиш некоја општествена неправда и кога ќе ја исправиш и тебе автоматски ќе ти е добро и на твоите блиски..а ако мислиш само за твоја черга гадно си се заебал..човек е социјално суштество,живее во општество и општеството делува врз него,исто колку што и он делува врз општеството..Како ја утре на тебе да ти дадам 100 денари ако немаш за леб и умираш од глад? Да ти кажам извини не те знам ,мене ме заболе курот за тебе... ? Или недај боже те најдам повреден на улица и да те оставам да искрвариш или да те однесам во најблиска болница..? Пошто не те знам ,така да направам ?
Брату, Игор имаше една "Само ситните риби пливаат во јато."...
Да можеше секој сам, немаше да се здружуваме за неправди да се буниме. Ама, на жалост, ситуацијата ни е таква каква што е и сме приморани да се здружуваме и собираме како волци во лов за да си решиме некој проблем.
Во таа маса на луѓе која протестира брат, на сите личниот интересен им е на прво место, заедничкиот на второ. Во средно, коа десетина деца сакавте да не бидете испрашувани, се собиравте цел клас и на чело со претседателот ги одложувавте испрашувањата. Случајно ти да не одложуваше испрашување за да не го испрашаат Митко или Трајко? Не. Одложуваше испрашување за да не го испрашаат Цитро, пошо не научил поради оправдани ил не причини.
Секад и сегде било така. На прво место сме животни со животински инстинкти, на второ место сме луѓе.
Оние кои тоа го сфатиле навреме сега се на врвот на food chain-от.
Ќе повторам, протестирам првенствено ради себе и блиските. Реков дека ми е жал и дека никому ама баш никому не посакувам такво зло.
Ама прво се почнува од себе си. За се.
Сакаш промена? Смени се.
Лично јас никогаш не би го напраил сценариото што ти го кажа, да оставам некој да искрвари, пошо кур ме боли. Ме боли брат, зашо несакам мене некој така да ме остаи. И баш таа мисла ќе ме јаде. Баш ради тоа ќе помогнам. Не ради незнам шо. Ради тоа.
Ја сум си на прво место себеси. Ти си си на прво место себе си.
Тоа е така, и така треба да биде. Тоа што човекот е толку бесрамно лицемерен и глуми дека не е животно е факт кој просто го презирам од дното на душава.