Преурамување (на животот, на себеси)

Колку често си поставувате прашања на самите себе и за животот кој го живеете ?


  • Вкупно гласачи
    20
  • Гласањето е завршено на .
Член од
5 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
64
Знаете како и сите други вечери некако ми стана ритуал , додека денот ми поминува со активности си најдувам простор на мојата тераса која е преполна со разни цвеќина. Во најспокојна форма да се прочистам и напишам се она што ми оставило впечаток во моите виуги. Секогаш во ноќта поминувам време гледајќи во небото како поминуваат авиони предизвикувајќи мал хаос меѓу звездите кои изгледаат толку совршено распоредени. Не сум богат со податоци за нештата кои се случуваат над мојата глава но проклето верувам во целото тоа универзално,космичко влијание. Не знам колку време си најдувате вие драги мои пријатели посветувајќи време кое е апсолутно ваше и треба да останете што повеќе во себеприсутноста , размислувајќи за вашите секојдневни обврски , успеси , неуспеси,емоции, проблеми , семејни случувања,љубовници, сопруги и сопрузи и многу форми(улоги) кои го прават вашиот живот интересен или помалку интересен. Јас често си го поставувам прашањето какво е моето влијание врз сите значајни и помалку значајни личности во мојот живот? И верувсјте понекогаш ми е тешко да си го објаснувам сето тоа затоа што и не сите работи зависат од самите нас, понекогаш и луѓето околу нас не се свесни за постапките што ги прават во
нивното секојдневие или пак во нивните важни одлуки. Кои подоцна тие важни одлуки во животот полека ја губат формата на важност и стануваат помалку важни. Дали знаете на што се должи тој феномен , се должи на времето кое го немаме за самите себе, каде што причина е секогаш или минатото или иднината .Ете во тие две времиња обожаваме да го поминуваме нашиот живот, и кога ќе дојде време ќе разбереме дека времето изминало ќе разбереме дека делумно од нашиот живот во најбитните моменти сме ги претрчале како маратонска трка. И ќе се поврзуваме со целото минато што не сни постапиле така како што сметаме дека требало. А подоцна работите редоследно се преплетуваат почнувсјќи да живееме во каење за се она што сме пропуштиле. Таа е вистината сакаме ја признаваме или не, или пак тоа е само моја вистина. Дали убаво се чуствувате кога и објаснувате на вашата другарка или другар колку се убави чевлите ? Како изгледаат какви детали има на нив , па колку добро ви стојат, да сето тоа е убсво но тука постои уште една вистина за тие детали и тие пријатни чуства, дали семејните или чуствата кон некого кај вас поминуваат низ таков детален опис најпрво низ самите себе а потоа слушнати од вашите најмили кои ете можеби ќе ги разнежнат, разберат или пак освестат што всушност имаат покрај себе. Понекогаш зарем немате чуство дека премногу време поминуваме во апсолутни банални форми на изразување кои и те како цедат како лимони? Па некако не си најдуваме време малку да зборуваме за самите себе.Јас често се фаќам на такви експресии но еве барем ќе се обидам да го надминам ако не вака повторувајќи во пишана форма. И знаете убаво е да имаме едно подсетувало во себе кое ќе не шамари и не подсетува да бидеме што повеќе присутни во себеси и со себеси затоа што моментот е тој сега и овде, нема прееска нема после. Зошто да го поминуваме нашето време во каење и сомнеж , животот цело време ни дава можности да бидеме подобри од вчера, и така мојата присутност постои и оваа тивка ноќ полна со звезди , како и мојата тераса со цветови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom