Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Не знам точно како било во времето на Томас Џеферсон бидејќи гледав на ТВ дискавери или нешнел џиографик не се сеќавам кое канал беше за Томс Џ. и правеше баш како Трамп , а тоа што е постиран на англиски и не знам дали е така или нешто друго како би знаел не знам

Sent from my iPhone 6s Plus using Tapatalk

Верувај Трамп прави држ'те го крадецот финта.

За период од 40 години бруто домашниот приход по глава на жител во САД е дупплиран, ама работниците и средната класа не земаат дупло поголема плата, а скоро се е поскапено заради инфлацијата.

Тоа е клучот на сите проблеми, ама сега засега успешно се пренасочува кон сосема глупави теми, од страна на демократите (Клинтон, Обама) и од страна на републиканците ( Буш, Трамп)
 
По твое Ротшилдови и компанија ги користат како дефокус на јавноста од корумпираните политичари, нешто како дежурни страшила.

Па така му доаѓа.
Банкарите имаат корист од корумпирани политичари но имај во предвид дека не сите банкари исти.

Верувај Трамп прави држ'те го крадецот финта.

За период од 40 години бруто домашниот приход по глава на жител во САД е дупплиран, ама работниците и средната класа не земаат дупло поголема плата, а скоро се е поскапено заради инфлацијата.

Тоа е клучот на сите проблеми, ама сега засега успешно се пренасочува кон сосема глупави теми, од страна на демократите (Клинтон, Обама) и од страна на републиканците ( Буш, Трамп)

Трамп сепак со намалување на даноците, укинување на Обамакер направи доста позитивни работи за приватниот сектор и одржување на САД на престолот. Е сега дали ќе остане на ова (колку да смири народ) а после ќе премине на други финти ќе покаже времето.
 
Па така му доаѓа.
Банкарите имаат корист од корумпирани политичари но имај во предвид дека не сите банкари исти.

Трамп сепак со намалување на даноците, укинување на Обамакер направи доста позитивни работи за приватниот сектор и одржување на САД на престолот. Е сега дали ќе остане на ова (колку да смири народ) а после ќе премине на други финти ќе покаже времето.

Чек малце, намалувањето на даноците и укинувањето на Обамакер е позитивна работа?
 
Укинувањето на било какви трошоци кои државата им ги наметнува на граѓаните, а кои само дополнително ги олеснуваат нивните џебови, секогаш е добредојдено од страна на обичниот смртник.

А укинувањето на законот за задолжително здравствено осигурување познат како Обамакер не само што е позитивна работа, туку и позитивна потреба за обичниот американски смртник, особено за тие кои едвај врзуваат крај со крај, а државата им вели дека мораат да извадат задолжително здравствено осигурување кое од една страна не ги покрива сите нивни здравствени потреби, а од друга страна дополнително им ги олеснува и онака лесните џебови.
 
Викаш му олеснува на обичниот смртник :pos:[DOUBLEPOST=1533473554][/DOUBLEPOST]Трамп вика ефектот од трговската војна со Кина е се подобар оти Кина била спремна да разговара.

Од друга страна:
Ford and General Motors lowered profit forecasts for 2018, citing higher steel and aluminium prices caused by new US tariffs.

However, there has also been a positive impact for China, as Anna-Marie Baisden, head of autos research at Fitch Solutions, points out.

"We have seen a number of carmakers, including Tesla, accelerating plans to invest in local production facilities in China to avoid import tariffs," she says.

Other firms in the broader industry are also considering their options.

US motorcyle maker Harley-Davidson plans to shift some production away from the US to avoid the "substantial" burden of European Union tariffs, imposed in retaliation to US duties on steel and aluminium.
 
Последно уредено:
Викаш му олеснува на обичниот смртник :pos:

Трамп вика ефектот од трговската војна со Кина е се подобар оти Кина била спремна да разговара.

Од друга страна:
Ford and General Motors lowered profit forecasts for 2018, citing higher steel and aluminium prices caused by new US tariffs.

However, there has also been a positive impact for China, as Anna-Marie Baisden, head of autos research at Fitch Solutions, points out.

"We have seen a number of carmakers, including Tesla, accelerating plans to invest in local production facilities in China to avoid import tariffs," she says.

Other firms in the broader industry are also considering their options.

US motorcyle maker Harley-Davidson plans to shift some production away from the US to avoid the "substantial" burden of European Union tariffs, imposed in retaliation to US duties on steel and aluminium.

Тоа се вика нормализација.
 
За даноците и јас мислам е позитивно, секој камен симнат од стопанството доведува до реинвестиција и развој а може и да поттикне помалце оф-шор одлив од големите корпорации. А за Обамакер искрено никогаш не сум ни седнал да прочитам што беше тоа, само како поим сум го слушнал и толку,
 
Чек малце, намалувањето на даноците и укинувањето на Обамакер е позитивна работа?

А зашто сметаш дека е лоша работа...
Јас сметам дека е најпозитивната што ја направил Трамп.
 
Затоа што намали даноци на големи корпорации, а не на некој од средна или нешто побогати.
И што направија големите корпорации со тие пари ?
 
Имав постирано на темава, НЕ е само на корпорации, баш поголема група опфаќа.

И ете да биде само на корпорации, тие корпорации надвор од САД чуваа преку 1 трилион (една илјада милијарди :D ) . Почнаа да ги враќаат, да реинвестираат, да откупуваат акции, да делат дивиденди итн т.е вбризгуваат свежи пари директно во стопанството. За разлика од ЕЦБ или обичните банки.
 
...

А за Обамакер искрено никогаш не сум ни седнал да прочитам што беше тоа, само како поим сум го слушнал и толку,

Законот за задолжително здравствено осигурување во САД, познат како Обамакер, е` закон со кој се предвидува обврска за секој граѓанин на САД да извади здравствено осигурување од државата и да плаќа редовно за истото.

Алтернатива на ваквата обврска е` или граѓанинот да извади приватно здравствено осигурување - кое секако е` поскапо - или да не извади никакво здравствено осигурување, но затоа ќе и` плаќа казни на државата бидејќи воопшто не извадил никакво здравствено осигурување.

Или со други зборови кажано, Обамакер го претвори здравственото осигурување во САД од услуга која граѓанинот може, но не мора да ја користи, во задолжителна обврска за која граѓанинот ќе мора да плати казни доколку не ја користи.

Ова е нешто слично како Интернетот да стане обврска на секој граѓанин, замисли државата да отвори свој државен Интернет провајдер и да воведе закон со кој ќе мораш или да користиш Интернет од државата или од некој приватен Интернет провајдер, но доколку да речеме си пензионер или од здравствени или финансиски причини не можеш да си дозволиш ниту мобилен телефон, а камо ли па компјутер, сепак ќе мораш да и` плаќаш казни на државата бидејќи си одлучил да не користиш Интернет.

Кога Обамакер заврши на ревизија пред Врховниот Суд на САД во 2012 година, федералната влада на САД на чело со Барак Хусеин Обама која го воведе законот за задолжително здравствено осигурување, го бранеше законот со аргументот дека законот не покрива здравствено осигурување, туку претставува здравствен данок. А бидејќи владата има право да предлага даноци пред Конгресот - кој го изгласа Обамакер - Врховниот Суд на САД пресуди дека законот е` во целост во согласност со Уставот на САД - со исклучок на некои помали ситници кои судот ги укина, но кои немаа сериозни последици врз самиот закон.

Со оглед на фактот дека Врховниот Суд на САД го прифати законот за задолжително здравствено осигурување како здравствен данок, федералната влада на САД на чело со Доналд Трамп во целост има право - ако сака - да го укине ваквиот здравствен данок, и секако дека неговото укинување е` добредојдено од страна на обичниот американски смртник.

Богатите воопшто не ги засега ваквиот закон, бидејќи можат финансиски да си дозволат приватно здравствено осигурување.
 
Само една мала ситница со Обамакер огромен број на луѓе најпосле видоја доктор и тој ги виде нив. Имаше примери за луѓе кои 50 години не можеле да си го дозволат тоа. Бројка?
Ситница 20 и кусур милиони :)
 
Убо велиш, и кај нас ГТЦ Скопје не ќе видеше повторно автобуси ако не ја вратеа плавите жолтици во употреба автобуската постојка кај ГТЦ Сутерен. Но останува фактот дека повеќето нови автобуси се превисоки за автобуската постојка, а не мислам конкретно на двокатните градски автобуси.

А цената на превозот што ја зголемија - ја зголемија, па кој сака нека дојде на власт, цената на превозот никако да се намали.

Истото и во САД - со воведувањето на законот за задолжително здравствено осигурување се зголемија цените на приватното здравствено осигурување и на лекарските услуги. Но битно тие 20 и кусур милиони за прв пат во 50 години дочекаа да видат лекар и лекарот да ги види нив.

Немој да ме разбереш погрешно, знам дека американскиот здравствен систем е катастрофален од гледна точка на здравственото осигурување, но законот за задолжително здравствено осигурување во САД познат како Обамакер не е решението за ваквата состојба.

Таков закон ни во Македонија не би бил решение за катастрофалната состојба во која е македонското здравство.
 
Последно уредено:
Само една мала ситница со Обамакер огромен број на луѓе најпосле видоја доктор и тој ги виде нив. Имаше примери за луѓе кои 50 години не можеле да си го дозволат тоа. Бројка?
Ситница 20 и кусур милиони :)

Прво, не се 20милиони, туку ц.ц. 8 милиони.

Второ, зашто воведуваш ДАНОК на сите, кога можеш тие 8м да ги ставиш во досегашниот здраствен систем.

Штом слушнеш од власта дека нешто ново воведуваат за сиромашните, знај дека тоа е мамка. Обавезно 90% од населението ќе наебе,само им треба да замаскираат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom