Првата слика:
Од Карафилоски Гаврилов Софронија, земјоделец од с. Врбјани, роден во 1865 год. а сега живее во с. Издеглавје околија охридска.
За време на славната Илинденска епопеа на македонскиот народ, во борбата против турскиот народ, поред останатите учесници во востанието и јас со пушка в рака се борев со останатите борци против турската тиранија, што немилосрдно го пленеше и гонеше македонскиот народ.
Во оваа борба учествував уште од 1898 год. а со пристапувањето примивме заклетва дека, доследно ќе се бориме до уништувањето на турската империја, што тогаш го владееше балканскиот полуостров.
Од тој момент секогаш бев во редовите на востаничките чети, под водство на Дејан Мицкоски, родум од с. Лактиње што крстареја на теренот, Охрид, Струга, Дебар и Кичево.
На овој терен директно сум учествувал во борбите против турската војска, што се изведувани во село Издеглавје, Арбиново.
Втора слика:
местото викано Горица, Раменов Камен, село Кленоец, Гари, над селото Душогубица место викано Два Камена.
Поред тоа што директно учествував во изведуваните борби и материјално сум го помагал македонското револуционерно движење. Како последица од водените борби и движење во невреме од едно место на друго, дојдов до скратување на слухот.
Мојте соучесници, можат да ги потрврдат горе наведените изложенија, преко својте дадени потписи и то: 1. Наумоски К. Трене, 2. Наумоски Т. Спасе, 3. Ристески Ј. Дејан од с. Врбјани, кои што денес добиваат заклетва од страна на народната власт илинденска пензија.
Поред тоа, што јас од порано имам барано да ми додели илинденска пензија, и до денес не сум примил.
Во фамилијата, имам 7 членови, од кој работоспособни се 2 члена, останатите чекаат издршка од нив. Член сум на бројни занати селски работни задруги, во која задруга уклучен ми е
Затоа, молам да се мојата молба разгледа и донесе правилно решение, би добил Илинденска пензија, која што ќе ми биде како признание за мојето уче
Трета слика:
ство во Илинденското востание, а истовремено помошта ќе ми биде како потреба во мојата изнемогла старост.
Сметам дека молбата че биде правилно решена и како употреба ви останувам крајно благодарен.
22. 11. 1951 год.
Молител
Неписмен-
Гаврилов Карафилоски Софронија, Цоле
Потпис на соучесниците:
1. Наумоски К. Трене
2. Наумоски Т. Спасе
3. Ристески Ј. Дејан
Сигурно имам некои грешки, зошто и за мене беше помалку нејасно што пишува, ова сепак се оригинални документи, пишувани пред повеќе од 50 години.