Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
10 септември 2011
Мислења
23
Поени од реакции
30

Во летото 1944 година убавата пејачка еврејка Рашел (Карис Ван Хутен) се крие од нацистите.

Кога скривалиште и е бомбардирано, таа и нејзиното семејство се приклучуваат кон група Евреи, одлучни да избегаат од германската окупација и да се префрлат на сојузничката територија. Но, она што започна како очаен стремеж кон слобода, наскоро се претвора во крвава бања, од која Рашел едвај преживува. Таа го прифаќа лажното име и се приклучува на Отпорот, чиј водач ја убедува да навлезе во германските служби за безбедност, за да го спаси неговиот син од егзекуција...

http://www.imdb.com/title/tt0389557/


 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Repeaters (2010)


Канадски филм со "time limbo" од типот на Groundhog Day, Source Code... итн... посериозен од првиот и поемотивен од вториот. Во една установа за рехабилитација на малолетни зависници од дрога, една вечер се случува струен удар, по што настанува временски циклус: утредента се будат, но се повторува истиот ден. Тројца од овие тинејџери, Кајл, Соња и Мајкл, за разлика од останатите, се свесни за ова. Работите земаат нов правец кога ќе сватат дека можат да прават што сакаат, без последици...

Тоа што не е холивудски скоро секогаш е позитивна работа кога се зборува за обработката на ликовите. Се навлегува во животните проблеми на овие деца и начинот на кој се справуваат со истите. Филмот има врска со справувањето со тешките работи и продолжувањето понатаму. Глумата е на солидно ниво, со оглед на тоа дека се работи за непознати млади актери. Саундтракот е многу добар и се вклопува со содржината на филмот. Изборот на местото и атмосферата исто така ми се допадна, ги доловува емоциите на главните ликови. Дејството добива на темпо како што се одвива филмот.

Претпоставувам дека може да се најдат многу мани, но ова сепак е нискобуџетен филм со непозната екипа, и во тој поглед не ви треба многу џагара-багара :)

7.5/10 и препорака.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Арчи Grey Owl е ловец во Канада во раните 30-ти кога една малада жена од едно индијанско племе која веќе долго време живее во градот бара од него да ја научи на начинот на живот и обичаите на едно индијанско племе. Арчи кој е сиромашен одвај преживува во меѓувреме добива понуда од еден англиски издавач да напише книга во која тој ќе се изјасни и ќе го опише животот кој го живее во дивината односно да напиши еден вид на биографија. Неговата книга е читана низ целиот свет и пред да замине на турна за промовирање на неговата книга тој се жени со Пони, девојката која ја спомнав погоре.
Меѓутоа Арчи не е индијанец и нема индијанско потекло и е во постојан конфликт со самиот себе за тоа дали да ја кажи вистината или не, а додека тоа трае некои од новинарите успеваат да дојдат до некои инфирмации за животот на арчи па пред почетокот на една од промоциите тој ја раскажува својата приказна на новинар. Новинарот кој што подоцна присуствува на промоцијата на книгата гледа дека Арчи иако генетски не припаѓа на ниту едноо индијанско племе тој со целата своја душа, разум, срце се предал на племенскиот живот па решава да не ја објави приказната за него. Арчи по промоцијата е познат како најголемиот борец за животната средина и најголем претставник на индијанските племенски заедници .
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
После турскиот филм за Загор мислев дека нема ништо да ме изненади од нивната сцена но најдов дека Турците направиле и копија од Стар Ворс, ако ви изгледаат комедиите од Бен Стилер и Вил Ферел навреда за вашата интелегенција ова е филм кој може да биде откровение за вас.Еве го подолу целокупниот филм на тубето комплет. Обратете внимание на музичкиот дел на филмот, it's awesome :)



 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.748
Поени од реакции
13.965
EURO TRIP 100пати сум го гледал мн е добар постар филм кој сигурно сите го знаете.. за тие што незнат се работи за еден дечко од Охајо и ке се запознае со девојка на нет од германија и ќе ке сака да оди кај неа во Германија(Берлин)бидејки се заљуби во неа..и така ке тргнат со другар му на пат до берлин и сеа почнуваат авантурите низ европа а после ке им се придружат и едни близнаци(машко и женско) и авантурните продолжуваат низ многу познати градови низ европа..аместердам,лондон,парис,братислава,берлин,ватикан..
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
474
Поени од реакции
152
http://www.imdb.com/title/tt0180093/
Requiem for a dream
Обично не гледам драми некако досадни ми се, ама филмов е досега по "Mullholand Drive" најдобриот што сум го гледал, од истиот режисер на "Pi" кој ми е многу сличен со Линч. Се работи за неколку зависници од дрожни средствиа и како зависноста станува поголема се јавуваат поголеми проблеми. Добра приказна, глумата е одлична, моја оценка 9/10.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Serdar Kara Simsek I



http://www.imdb.com/title/tt1401239/

Уште еден од серијалот на турски филмови од Б продукција со кој сум преокупиран деновиве. Филмот е замислен како спортска драма која преминува во пародија.

Мислам дека самиот трејлер на филмот е доволен да ве натера да го погледнете.

 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Ваљда некогаш сум го рецензирал филмов ама ја би ипак уште еднаш.
Човекот кој официјално никогаш не се родил, никогаш не свирел, никогаш не постоел. А сепак кога добро ќе го запознаете ликот во филмов нема да останете рамнодушни.Името му е Danny TD Lemon 1900. И тој е пијанист - легенда во истоимениот филм. Или пак за тие кои ги мрзеше да дочитат до тука посликовито да им опишам.

Наводно како бебе оставен на милост и немилост во еден брод, животот на овој лик започнува откако еден црнец од екипажот, кој работи во ложата за јаглен го прифаќа за свој син. Израснат во груби услови по несреќата на неговиот потатко, 1900 ја открива својата дарба за пијано.
По неколку одминати години го запознава Макс - трубачот. Единствениот човек кој знае дека 1900 постои суштински.
Повеќе не кажувам за приказната како тече...
Сега би се осврнал на психолошкиот момент на филмот.
Што е 1900 за останатиот народ? Нешто што оди заедно со бродот. Предмет. Додека ти си на бродот, го имаш тој луксуз да уживаш во неговата музика. Но откако ќе излезеш, животот продолжува понатаму. Нема спомени, чувства, причини кои би те вратиле во иститот брод. Така и во животот. Се` е пролазно. Тоа го знае 1900. Тоа е и неговиот страв. Дека ќе постане како нив. Дека ќе ги заборави сите оние чувства кои ги гаи чистата душа. За него, копното е голем брод. Преубава жена. Многу силен парфем. И се плаши да не остане загубен во него.

Од друга страна Макс (неговиот пријател - единствениот кој го разбира тоа) се обидува на некој начин да го наговори да слезе од последното скалило на бродот и барем за миг да го почувствува сето она што обичниот живот го нуди. Егоцентричност? Не. Кој не го гледал филмот нема да дознае тука.

1900 како и да е, го има искусено повеќето што го нуди животот. Во маса од 2000 луѓе. Секој различен секој со своите маани, доблести. Љубов... Ја има и неа. Ја опишува со музика како што и се` останатото.
На пример пиано дуелот со џезерот. Еден вид на исмевање на луѓето кои се мислат себеси дека се богови во она што го работат. 1900 не се смета себеси за бог. Тој е само пијанист кој е роден и живее на бродот на неговиот свет.

За мене овој е филм е еден од врвовите на кинематографијата и заслужно го ставам во топ 3 секогаш гледани.
Исто како и книгата. Дури и за мала нијанса подобро прикажано.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.766
Поени од реакции
1.460
Alive (1993)

http://www.imdb.com/title/tt0106246/

Го даваа филмов на Канал 5+ пред некоја вечер. Баш кога барав добар филм за гледање.

Филм сниман по неверојатна вистинска приказна која што и тоа како е доловена во филмот и доследно прикажана како што навистина се случила. По гледањето на филмот проверив низ интернетов за случкава и навистина не претерале со ништо во фимот (барем за главните настани).

Авион ке се урне во Андите и преживеаните патници ке прават се за да..... преживеат. Неверојатна вистинска приказна.
 
А

Анноун

Гостин
После одличниот шпански филм Cell 211 ( :drk:) , изгледав уште еден филм кој се одвива во затвор.

Felon - http://www.imdb.com/title/tt1117385/

Wade Porter ќе заглави во затвор поради убиство на разбојник кој провали во неговата куќа . Полицијата ќе го извести дека убиството не е во самоодбрана бидејќи го убил надвор од неговата куќа бркајќи го . Така неговата жена и малото синче остануваат без него , тој оди во затвор . Во затворот стандардно : расипани чувари , кланови помеѓу затворениците , задкулисни игри .
Цимер во ќелијата ќе му го донесат Вал Килмер :) , кој е осуден на убиство на луѓето кои му ги убиле жената и ќерката ..

п.с филмот според мене е MUST SEE . Не сум знаел до пред некое време дека затворските филмови не се само тепачки до бесвсест.

8.5/10
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
474
Поени од реакции
152

^Ако си затерал со филмови со затворска тематика, мust see е Midnight Express, претпоставувам дека повеќето го имате гледано, но сепак мала рецензија вреди за класикава. Значи во поголемиот дел од филмот дејствието се одвива во затвор и тоа во турски затвор. Базиран е на вистинска приказна и е доста реално прикажан, ова е еден од оние јаки филмови, едноставно како кога ќе увлечеш јака цигара 10/10 и ќе те лупне у глава, same here. Вреди да се погледне ако ништо друго од општа култура, сепак е класика. 8/10
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Bad Teacher (2011)



Филмот е комедија со Cameron Diaz и Justin Timberlake и игра моментално во кино Милениум.
Заплетот на приказната започнува кога во едно средно школо доаѓа тип со јака кола да предава математика и веднаш почнува натпревар помеѓу откачена и згодна плавуша која има багаж зад себе и богато искуство во измами и исфрустрирана црвенокосa што се смета себеси за најпаметна.
Која од нив ќе успее да го заведе типот и со какви методи и интриги ќе се служат и двете во овој љубовен триаголник?
Тоа треба секој да го види ако сака да се згази од смеење, не е интересно да се раскажува (y)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Once Brothers (2010)


Филм за крајот на една супер-талентирана екипа и распадот на пријателството помеѓу Владе Дивац и Дражен Петровиќ, двајцата другари од репрезентацијата и играчи кои ги отворија вратите на НБА за европските кошаркари. Филмот е еден вид исповед на Дивац кој не стигна да се помири со својот другар поради неговата прерана смрт. Нема потреба од повеќе коментари за содржината, барем за оние кои разбираат по нешто од кошарка.

Во филмот покрај Дивац зборуваат и Тони Кукоч и Дино Раџа, како и семејството на Дражен и неколку НБА ѕвезди меѓу кои и Меџик Џонсон.

Препорака за сите, а еве и линк ако не сакате да го симнувате:

http://www.filmaffinity.com/en/evideos.php?movie_id=746096
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Orphan (Сирак) - 2009
Жанр: драма, хорор, трилер

Тие што не сте го гледале филмов, инсистирам да го направите тоа...Сценариото и глумата ги надминаа моите очекувања...Сега пред малку го гледав...
На кратко за содржината:
Едно прекрасно семејство, со две дечиња(едното од нив е глувонемо) доживуваат трагедија кога жената ќе биде бремена со трето дете и на пораѓањето бебето ќе умре. Мајката запаѓа во депресија и почнува да пие...После извесен период кога ова семејство закрепнува од загубата, решаваат да посвојат дете со цел да ја надоместат празнината и љубовта што требало да му ја пружат на третото детенце, да ја добие друго дете...
Ја посвојуваат 9-годишната Естер од дом за сираци...
Ако помисливте дека ова е веќе видена приказна грешите...
Морбидни, језиви сцени кои ќе ве извадат од такт...
Повелете линк - http://www.imdb.com/title/tt1148204/
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Блонди, ти го едитирав крајот од рецензијата. Баш тоа што треба да ја убеди публиката зошто не е веќе видено го имаше пишано. Среќа го имам веќе гледано филмот и не сме на стариот форум па не ми пречи. Инаку, ќе те наполнев со црвени до крај.

Ако сакаш друг пат да пишеш нешто такво, стави [споилер] текст [/споилер] (само на латиница) и ако сакаш раскажи го цел филм.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom