Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.205
Поени од реакции
2.051
12 Years a Slave

Најпрво има две ''ситници'' за мене. Прва, филмов има материјал за да оди барем уште пола саат повеќе. Не секој филм може да трае долго,можат само големите и јаките, а овај е баш таков. Друга замерка околу Бред Пит. Улогата си ја одигра топ,има неколку хумани реченици и шмекерски настап. Мислам дека му е дадена мала улога што не ми се допаѓа.,се појавува неколку минути а сепак впечатлива поради тоа што се бори за црнците.
Приказнава е инспирирана според вистинити случувања,екранизација на автобиографската книга на виолинистот и столар Соломон, роден како слободен човек, во својот роден град му приоѓаат двајца циркуски промотори кои му ветуваат восоко платена работа како музичар во циркусот. Без да ја информира својата сопруга тој ќе го прифати предизвикот и заминува со странците, за тогаш да биде одведен во ропство, лишен од личните документи и под ново име Плат, присилен е да работи по плантажите на големите земјопоседници....
Одлична и веродостојна глума,врвна сценографија и костимографија. Вреди да се одвојат134 минути. Нема да останете рамнодушни и сигурен сум дека ќе му се допадне на вистинските љубители на филмот. Тажна и инспиративна приказна која не води кон преиспитување,размислување, учење за храброст и пријателство,црпење снага од надежта...
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.472
Поени од реакции
4.627
Rescue Dawn 2006​

Американскиот пилот Dieter Dengler(Christian Bale) е погоден и се урива во џунглата за време на Виетнамската војна 1965 година, Dieter е фатен, малтретиран , уапсен од страна на селаните. Од кога ќе биде испратен во затвореничкиот камп, таму запознава пет веќе психички пореметени затвореници. Тој веднаш пробува да организира бегство, но другиве затвореници му укажуваат дека тоа е невозможно. Тој не мисли така :icon_lol:


10/10 според мене , нема пормашај со Бејл:)
 
Последно уредено:

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Everybody's Fine (2009)



Филмов го имав изгледано пред некој месец. Мислам дека го пишав во темата за последно гледани филмови, ама мислам дека заслужува да биде и тука. Уште ми се врти во глава и после толку време.

Френк е вдовец кој има проблеми со срцето и живее сам. Пробува да ги собере сите 4 деца, ама сите го откачуваат. Па, и покрај тоа што докторот му забранува, тој решава да оди на пат и да ги посети сите, кои воедно живеат на различни места. Едниот син е артист во Њујорк, едната ќерка е извршен директор во Чикаго, другиот син е диригент и е во моментот во Денвер, а другата ќерка е танчерка во Вегас. Но, никој од нив не е тоа што тој има замислено.

Многу многу жален филм. Значи се утепав од плачење :D Можеби зашто на некој начин се пронајдов малку во филмот.

Дефинитивно вреди да се погледне. Де Ниро е одличен како и секогаш. И приказната која филмот ја има е толку вистинита и толку добра. Едностано немам доволно зборови да кажам колку е добар :D

100/10 :D
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.472
Поени од реакции
4.627
Men On Fire


Во изминатите 6 денови во Мексико има 24 киднапирани деца. Mr.Creasy(Дензел) е бивш оперативец во ЦИА и поради недостаток на подобра работа се нафаќа да биде телохранител на 9 годишната Пита Рамос.

10/10

Еден од најдобрите филмови што сум ги гледал дефинитивно.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.472
Поени од реакции
4.627
Good Will Hunting



Приказна за своеглав млад човек кој има високо ниво на интелегенција...

10/10

Ќе го гледам уште 100 пати и ќе ме воодушеви уште 100

Најдобриот филм на Мет Дејмон без конкуренција Уживајте:свиркам:
 

Hardy1

Juventino`
Член од
2 јуни 2014
Мислења
15
Поени од реакции
33
Warrior 2011

Двајца браќа се соочуваат меѓу себе во борбата на нивниот живот

Многу добро филмче, уживанција е го препорачувам на секој од вас !!!
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.662
@Usher$ те молам пишувај реченица плус за гледаните филмови.
Сите постови ти се за бришење, рецензија треба да пишете.. не твит од 140 карактери.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
DIVERGENT e sci-fi, авантура, романса. Филмот е сместен во временски период од иднината во која луѓето се поделени на неколку фракции во зависност од интелектуелните ,психички и физички способности на индивидуата, поради што на нивна 16- годишна возраст мора да изберат на која фракција и припаѓаат, дали ќе останат во истата во која живеат со своите родители и во која се израснати или ќе заминат во некоја друга. Во секој случај одлуката е неповратна.
Заплетот настанува кога главната протогониста покажувава капацитет кој не се вклопува во ниту една од постоечките фракции.

 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Ретки се филмовите што ме импресионираат. Овој е еден од нив.
The Secret Life of Walter Mitty
Филмов е во режија на Бен Стилер. Вау! Нешто што не го очекував. Многу поразличен стил од оној на кој што сме навикнати и е типичен за Стилер. На крајот очекував некое име било какво, но не Бен Стилер. Филмов се работи за еден 42-годишен дечко што работи како развивач на негативи во еден магазин. Главниот лик го глуми лицето со иницијали Б.С. (Б.С. не Б.Ц.). Типов од време на време се губи и влегува во паралелен свет. Во тој негов свет самиот тој е поискулирана личност, имам супер моќи енд соу лонг. Ова е комичниот дел од филмот. Во реалниот дел од филмот и не-комичниот дел се запознава со...ќе напишев нешто , но ќе откриеше добар дел од приказната затоа нека остане вака.

Кој го гледал „Ethernal Sunshine on The Spotless Mind“ и истиот му се допаднал, ќе сака да го види и овој. Филмов страшно потсеќа на тој филм. Инаку пред 2 децении била планирана реализација на приказната ( која што ја напишал некој Џек/Џим во 1939, а 1947 бил направен и филм по таа приказна, што го прави овој филм римејк на тој од ’47-ма) и главниот ллик требало да го глуми Џим Кери. Но ете не дошло до такво нешто. Можеби и подобро, зошто Бен С. улогата ја изигра „мајсторски“. И уште ова за крај, приказната се одвива околу едно дело на ликот што го глуми Шон Пен.
Моја оценка 9/10. Препорачувам.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
страшно добар филм кој морате да го изгледате, без ништо сувишно во него.
филмов има ДУША , несомнено ќе ве натера да се подзамислите за вредностите на животот , ќе бидете просто дел од филмот чекорејќи веднаш зад главниот херој и слушајќи ги неговите извонредни раскажувања и мисли.
http://www.imdb.com/title/tt2182115/
-....дај му на човекот цел за која треба да живее и тој ќе преживее во било каква ситуација и средина..
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
http://www.imdb.com/title/tt0114369/

Двајца детективи,Сомерсет и Милс,едниот ветеран,а другиот руки се во потрага на психопат кој за своите убиства како модел ѓи користи седумте смртни гревови.Уште едно ремек дело на Дејвид Финчер кој што според мене е еден од најдобрите режисери кога во прашање се мистерии.Во главната улога се Бред Пит,Морган Фриман и Гвинет Палтроу.Многу од филмоманите веројатно го имаат погледнато филмов,но доколку го немате веднаш сторете го тоа,Седум е еден од филмовите кои љубителите на седмата уметност мораат да го гледаат.Вистинско ремек дело.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.333
Поени од реакции
57.894
Ете ме мене со тазе репорт од
Dawn of the Planet of the Apes (2014)




Вториот дел од reboot-от на стариот серијал "Планетата на мајмуните" со Чарлтон Хестон во секој поглед е подобар од неговиот предходник Rise of the Planet of the Apes. Иако отидов со големи очекувања не се враќам разочаран - филмот го надминува првиот дел во сценарио, приказна, глума, музички скор и во анимациите кои се неверојатно добри. Јас избегнав да го гледам филмов во 3D зошто не ми е веќе интересно, но сега мислам дека сум пропуштил дополнително задоволство.

Дејствието на филмот е 10 години после првиот дел. Мајмуните во блиската шума на Сан Франциско веќе имаат организирано заедница додека во исто време човечката цивилизација доживува апокалипса. Кога двете цивилизации повторно ќе стапат во контакт ќе започне и борбата за опстанок и преживување. Толку околу тоа зошто не сакам да расипувам. Патем, ако ви се гледа трејлер погледнете го овој:


затоа што останатите се подолги и откриваат премногу од содржината.

Она што го прави филмов подобар во однос на предходниот и сигурно најдобар од оригиналот од 1968 наваму, покрај работите што ги споменав предходно, е тоа што овој филм е исполнет со емоции. Во морето од блокбастери во кои главна атракција се борбите и тепачките, овој филм се одликува пред се со емотивни сцени. иако акцијата не е воопшто лоша.

Стариот лисец Гари Олдман многу придонесе иако се појави во неколку сцени, но преку него е изразена позицијата на човечката цивилизација во очите на заканата. И покрај стравот кој го чувствува пред заканата од истребување, тој прави се што може за човечката раса да преживее. Но иако е најавен како главен актер поради името, дефинитивно таа улога ја имаше Кери Расел кој пријатно ме изненади со неговиот перформанс. Сепак, ова е филм кој повеќе гледа од аспект на Мајмуните и централна фигура е Цезар, кој е толку добро направен што ќе го доживеете како вистински лик. Како го направија него и останатите мајмуни:


Филмот трае околу два часа и се одвива со добро темпо. Ако нешто можев да изменам, можеби би уфрлил поголем број на мајмуни и луѓе за пограндиозен конфликт. Исто така можеби малку повеќе простор за глума која многу подобро би го доловила чувството на страв и исчекување. Исто така би пиел помалку течности за да не морам да го стискам Тасе во завршните сцени. Ќе ми се извините на сликовитоста ама уште сум лут на себе си.

Се надевам дека ќе има и трет дел во кој астронаутите кои полетаа на пат за Марс во првиот дел би требало да паднат назад неколку стотици години подоцна, што практично би било римејк на оригиналот. Се надевам дека ќе има 2-3 дела уствари.

За крај, уште еднаш да ве потсетам на претходните филмови.

Уживајте!
 
Последно уредено:
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.472
Поени од реакции
4.627
Catch Me If You Can




Станува збор за младиот Frank Abagnale jr-Leonardo DiCaprio, кој е револтиран од разводот на неговите родители, приморан е да избере со кој би продолжил да живее. На само 16 години заминува од дома со 25 долари во џеб.
Почнува да се занимава со фалсификување на чекови, со овој вид на криминал заработува голема богатство, во неговата авантура постојано менува идентитети најпрво е представен како пилот потоа како педијатар и адвокат
ФБИ постојано го прогонува и му дише во врат (поточно Carl Hanratty-Tom Hanks) . Но момакот е пре паметен и секогаш е чекор напред.

Мислам дека не треба да откривам повеќе детали околу филмов. Преходно сум критикуван за кратките рецензии се надевам ова е доволно.

Филмов е базиран на вистинска приказна. И мора секој од вас да го погледне
Моја оценка е 10 - 10
 
Последно уредено од модератор:

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Death at a Funeral (2007)
Филмов го обожавам! Го имам гледано најмалку трипати. Ова е британската верзија, има уште една понова, меѓутоа прочитав дека е тапа, па нејќам да си го покварам мислењево. :D
Ретко кога сум се смеела олку на некој филм. Има една сцена којашто ја премотував којзнае колку пати и се смеев ко удрена, поцркав од смеа. :D Иако на почетокот можеби делува досаден, али дефинитивно ќе се каев ако го прекинев. Според насловот нели... може да се процени од прилика за што се работи. Има погреб, проследен со многу интересни моменти, башка многу ми е интересен британскиот акцент. :D


Before Sunrise (1995)
Омилен! Го изгледав буквално во еден здив. Романтична драма. Совршен е. :D Цело време се врти околу два лика, се среќаваат во воз како тотални странци, знаејќи дека нема никогаш повеќе да се видат, решаваат да поминат време заедно. Водат различни разговори, раскажуваат по нешто за својот живот, премногу интересни дијалози поврзани за љубовта, семејството, уметноста, за сешто... Времето буквално лета со филмов. И си се изнаплакав на филмов, за сите пари. :D Инаку има уште два дела, но за мене првиов е врвот. :D


Diary of a Wimpy Kid: Rodrick Rules (2011)
И ова филмче има три дела, ова е вториот дел. Предобар. :D За да утепате време е одличен. Семејна комедија, би го гледала безброј пати. Малку е троа детски, но е многу смешен. Мислам дека нема да бидете разочарани. :D
Diary_Of_A_Wimpy_Kid__Rodrick_Rules_2011_WS_R1-front-www.FreeCovers.net_.jpg

Foster (2011)
Уште еден британски. Според мене заслужува поголема оцена на имдб. Брачен пар не може да има деца, се одлучуваат да посвојат. Во нивните животи се појавува детенце, кое е толку многу слатко, што ти иде да го изедеш. :D Мене премногу ми се допадна, семејна драма која го задржува вниманието. Многу емотивен филм. И да... и на овој си пуштив солза. :noze:
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.472
Поени од реакции
4.627
B R A V E H E A R T



William Wallace e така наречен бунтовник кој води востание против суровиот Англиски владетел Edward Longshanks кој сака да ја наследи круната на Шкотска само за себе. William кога бил младо момче, неговиот татко и постар брат заедно со многу други ги губат своите животи обидувајќи се да ја ослободат Шкотска. После смртта на неговите најблиски тој е земен под крило на неговиот чичко. После 20 и кусур години William се враќа во родниот крај. Тој се заљубува во прекрасната Murron. Од како нејзиниот живот ќе биде одземен од страна на Англичаните тој се решава да ја оствари својата животна цел односно да ја направи Шкотска слободна земја, ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ.

Филмов е добро познат и некој од вас ако го нема гледно топло му го препорачувам. Најјака улога на Mel Gibson без конкуренција. Го имам гледано над 4,5 пати, и секој пат го гледам како да ми е прв:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom