The Taking Of Pelham 123
Понов акционен филм режиран од Тони Скот ,со одлична актерска екипа : Дензел Вашингтон,Џон траволта и "Сопрано"(Џејмс Гандолфини) . Се започнува кога еден во метрото во Њујорк ќе биде превземено од штотуку излезен затвореник и неговата "екипа" , Дензел е само диспечер , на почетокот на филмот помислив дека Дензел ќе го има само 15 мин , но киднаперот сака да преговара со полицијата само под услов да збори со Дензел цело време , Сопрано е градоначалник на Њујорк кој на почеток нема да изгледа многу загрижен, но потоа сфаќа дека типот е сериозен
Моја оцена 7.5/10
Неверојатна драма. Чарли дознава дека татко му, со кој не се во контакт од детството, починал. Тој го оставил целото наследство на неговиот аутистичен брат. Низ филмот се менува односот меѓу нив, како и целите во животот на Чарли.
Легендарен филм, неверојатна глума на Дастин Хофман. Еден од ретките филмови кај кои навистина добра впечаток ми остави и саунтракот.
Нема да откривам многу за филмот само ќе кажам дека се работи за платен убиец кој се крие во Италија и го спрема последното убиство. Да бидам искрен, очекував повеќе од филмот и можам да кажам дека ме разочара. Приказната не е нешто посебно, а и самиот филм делува некако премногу смирено, премногу едноставно, нема некоја тензија, неизвестност...
Заклучок: Просечен филм. Моја оцена 5.5 или 6/10. На imdb има 6.6 и горе-долу е реално.
___________________________________
The Social Network
Конечно стигнав да го гледам деновиве. Добар филм. Оцена: 8/10 A Tale of Sex, Money, Genius and Betrayal. Најдобро го опишува. Потврдува дека човек за пари и моќ ќе направи се и сешто.
На крајот имаше добар цитат кој ме бендиса
"You're not an asshole, Mark. You're just trying so hard to be one."
Само што го гледав филмот Сонот на Касандра (Cassandra's Dream - http://www.imdb.com/title/tt0795493/). Фантастичен филм на Вуди Ален. Ако сте го гледале Match Рoint, филмов е многу сличен на него.
Двајца браќа кои се наоѓаат во парични неволји, бараат помош од нивниот богат вујко. Но, тој си има свои проблеми. Кога тој ќе побара помош од нив, дилемата е што доаѓа на прво место: семејната лојалност, личната етика или парите? Откао ќе одлучат, дали ќе можат да живеат со одлуката.
Tim Burton :wub: Таман како за периодот кој ни претстои, само овој пат поинаква Божиќна приказна Ептен забавен анимиран филм во кој Џек Скелингтон, кралот на Хелоуин пробува да стане Дедо Мраз. И нормално-општ хаос!
Despicable me 2010
Анимирано филмче со одличен хумор! Лесно и интересно за гледање.
Гру е крадец и сака да ја украде месечината, но тука е Вектор кој нон стоп му се меша во сметките. Гру посвојува 3 девојчиња кои отприв му служат само како средство за постигнување на целта, за на крај, како што и обично бива, да се приврже за нив.
Моментот ми беше кога ја украде месечината и сите последици од тоа
Станува збор за филмувана адаптација според новелата Тhe Lovely Bones - Alice Sebold од страна на Peter Jackson . Иако имав сосема спротивна слика во врска со она што го работи Jackson, сепак филмов максимално ме изненади зашто реално не очекував нешто вакво од него.
Да не ви го тупам филмов многу со спојлери .... Susie Salmon (Saoirse Ronan - феноменална актерка ) брутално убиена од сериски убиец ... изгубен дух кој се наоѓа некаде помеѓу светот на живите и мртвите ... Limbo(кој сака да прочита повеќе во врска со католичкото верување за живот после смрт) .. го набљудува својот убиец и своето семејство кое страда од желбата за одмазда и разрешување на мистеријата на својата убиена ќерка . Mark Wahlberg, Rachel Weisz, Susan Sarandon, Stanley Tucci со својата феноменална глума го надополнуваат она што всушност претставува Lovely Bones ... фантастично и емоционално филмско остварување надополнето со на моменти воодушевувачки пејзажи ....
Не дека секој може да свари холивудски филм и она што истиот го нуди т.е. квантитет и штанцање на срање филмови .... понекогаш за некое чудо ќе се појави и нешто феноменално како што е и The Lovely Bones .
Ако ти се допаднал The Lovely Bones, сигурно ќе ти се допадне и Heavenly Creatureshttp://www.imdb.com/title/tt0110005/. Јас го гледав одамна во кино, мислам дека се базира на вистински настан. Крајот е ужасен, не можам да го опишам чувството со кое што излегов од киното-веројатно ќе да беше измешано изненадување, чудење, згрозеност...Оноа што е важно е дека филмот го окупира вниманието интензивно од почеток до крај. Нема потреба да кажам дека Кејт Винслет е феноменална (но, тоа не изненадува), исто како и нејзината филмска другарка. Инаку, ваквиот стил на изразување на Џексон, за мене е премногу вознемирувачки, едноставно не ми е баш по вкус. Но, и покрај ова, сметам дека филмот вреди да се погледне.
Прво што можам да кажам е дека не сум видел трејлер што го опишува подобро филмот:
Сега да преминеме на главното: Buried е типичен го сакаш / го мразиш филм. Ѕирнав нешто коментари по IMDB, во главно се 10/10 или 1/10. Не препорачувам читање пошто тие што се 1/10 имале потреба да го прераскажат филмот.
Buried е филм со еден (и со бројки, 1) глумец. Еден лик закопан во ковчег. Локацијата на филмот е ковчегот. Тоа е. И сега одма ќе си речете: ок, што по ѓаволите може да се случи со еден човек во еден ковчег и како од тоа може да излезе филм? Добро прашање.
За почеток, потребна е добра глума од актерот, пошто е само тој и нема кој да го покрие ако не си ја одработи задачата. Актерот е Ryan Reynolds и тоа ми беше доволно да решам да го гледам филмот. Верувам во неговите квалитети, го гледав во повеќе филмови меѓу кои Van Wilder, The Amityville Horror, Definitely Maybe... и знам дека го бива. Да беше Nicolas Cage во ковчегот немаше да се замарам многу.
Понатаму, потребна е атмосфера на страв, тензија, неизвесност, затоа што треба нешто да те држи фокусиран. И тоа постигнато.
Што се однесува до содржината: Paul Conroy е возач на камион (не е војник) во Ирак. Неговиот конвој е нападнат, повеќето (или сите) се убиени, а тој е киднапиран и сместен во ковчег заедно со една запалка и еден мобилен телефон, кој е негова последна надеж дека може некако да се спаси од ситуацијата во која се нашол. Во ковчегот, Paul ќе се увери колку малку вреди човечкиот живот во време на војна, и колку се малку луѓето кои сакаат да помогнат.
Има една сцена во која малку претераа, останатото беше на место. Честитки за режисерот, сценаристот и за Ryan Reynolds. Од мене има 9/10, како што вика Крејзи Појол, филм од 1.30 минути кој помина за 15 минути.
Филмот ја опишува романсата помеѓу двајца невротичари.
Општо го обработува односот меѓу луѓето кои се во врска, и како нивното минато, средината, работата влијае врз неа. Како врската влијае врз луѓето, како тие се менуваат поради неа и обратно.
Еден од најдобрите филмови на Вуди Ален кој има освоено четири оскари, и општо еден од ретките романтични комедии кои имаат освоено оскар. Освен овој, од романтични комедии знам само за Shakespeare in Love дека има освоено оскар.
10/10
Океј, знам дека сите го имате гледано. Мене не ми остави некој wow впечаток. Значи, зборувам за приказната. Не ме интересираат ни ефектите, ни квалитетот на анимацијата, не се ни разбирам од тоа. Јас филмови гледам ради приказната. А таа тука беше пристојна, просечна. Се работи за едно момче кое ќе измисли машина која прави јадење по избор и кога машината ќе летне, ќе почне наместо дожд да врнат најразновидни јадења. Њам. Типично анимирано филмче. Up на пример е подобро од ова. Од мене има 6.5/10.
Филмови со убави наслови ми се слабост + обожавам бројки (што освен насловот немаат веза со филмот). (Поради ова ќе го гледам и филмот 12:01) Ме привлече таглајнот па го симнав. Во филмов глумат Хилари Свонк, Патрим Свејзи, Рејчел Ли Кук, а сега на имдб видов дека го има и Џејсон Segel (Маршал од How I met your mother). Другите глумци ми беа непознати. Значи актерската екипа е супер. Али екипата на карактерите во филмот е од лошо на полошо. Нема допадлив карактер. Е сега, ќе речете, филм во кој не можеш да се поистоветиш со ликовите е катастрофа. Се сложувам, али овој филм отскокнува од тоа правило.
Не сум луда по филмов, али има многу добра приказна. Се работи за сообраќајна несреќа во 11:14 часот и настаните кои водат до неа. Филмот е поделен на неколку дела. На моменти ми се гадеше од тоа што го гледав (сцената со машкиот полов орган) и од карактерите на некои од луѓето во филмов. Како и да е, го препорачувам. Има неверојатно добра приказна. Начинот на кој им се испреплетуваат животите на луѓето е неверојатен. Има многу пресврти. 7/10
Математички филм. Нема потреба од знаење математика за гледање на филмов. Иначе, се работи за "Најди го натрапникот". Се случуваат низи убиства кои се поврзани со некакви симболи. Професор на Оксфордскиот универзитет и студент на кој тој професор му е идол работаат на наоѓање на убиецот. Има и секс сцени колку за плакнење очи. Има интересен непредвидлив крај, и едно нешто што приметив:
салфетката на Елајџа Вуд на која наводно професорот го нацртал не знам кој знак во низата беше празна. Океј. И на Елајџа Вуд на аеродромот кога ја отвори салфетката веднаш му светка дека професорот врска немал од симболот. А тој симбол беше триаголник. Е сега, салфетката беше свиткана во форма на триаголник и очигледно беше дека Елајџа, пошто нели е многу паметен, наместо да сфати дека професорот немал врска, да си рече "Леле бе еј како не ми текна, симболот не е нацртан туку така е свиткана салфетката"
Феноменало, феноменално филмче. Стана едно од моите омилени. И тука се работи за математика али пак нема врска математиката со разбирање на филмот.
Четворица математичари се поканети на еден мистериозен настан од непознат човек. Кога ќе пристигнат во собата, ќе почнат да им стигнуваат загатки за кои доколку не ги решат за дадено време, собата почнува да се собира и да станува се помала и помала. Набрзо секој од четворицата математичари ќе почне да си ги кажува тајните. Ќе излезе дека тие се многу поврзани.
Дефинитивно го препорачувам, секој треба да го изгледа. Загатките се премногу интересни. 10/10
There will be blood
Филм со споредна тема за почетоците на бизнисот со нафтата-црното злато во америка ,а со главна тематика -Животот на Дениел Плеинвју,човек на кого работата и успехот(неуспехот на конкурентите) му се опсесија.
Нешто што неможе и не смее да не се спомне и пофали е глумата на Деј Луис,ако во филмот нема ништо посебно и необично неговата глума е над сите нивоа ,ако се направи листа на најзаслужени оскари-Деј Луис сигурно би бил во топ 3.
Едноставо неможам да најдам зборови со кои би доловил како глуми (имаше моменти кога се наежував од неговите говори,ѕверка)....
Друго што би се спомнало е музиката-која е на ниво а околу камерата неможе нешто да се спомне затоа што во сушни и пусти предели нема некоја убавина која би се прикажала.
Значи филмов човече... Да беше во поново време направен ќе постигнеше успех рамен на Аватар. Значи Камерон се потврдува како режисер на мега-филмови. Одамна го имав филмов в компјутер ама ете дочека на Божик 2011 да му дојде редот Одличен филм кој 95% се случува под вода. Самото тоа ве тера да се запрашате како по ѓаволите е снимен филмов?! Толку добри сцени...па и тие суштествата што се појавуваат...па на крај финалето...пораката...ремек дело. Ми останува од Камерон уште Alien да ги изгледам и ќе имам комплетна слика за овој ѕвер од режисер.
Значи филмов човече... Да беше во поново време направен ќе постигнеше успех рамен на Аватар. Значи Камерон се потврдува како режисер на мега-филмови. Одамна го имав филмов в компјутер ама ете дочека на Божик 2011 да му дојде редот Одличен филм кој 95% се случува под вода. Самото тоа ве тера да се запрашате како по ѓаволите е снимен филмов?! Толку добри сцени...па и тие суштествата што се појавуваат...па на крај финалето...пораката...ремек дело. Ми останува од Камерон уште Alien да ги изгледам и ќе имам комплетна слика за овој ѕвер од режисер.
Ме интересира еден филм од Nikolas Cage мислам дека се викаше филмот "Работникот на џаволот" или можеби грешам а ако има таков филм малце воввед од тој шо го има гледано филмот фала однапред
Многу добра комедија. Филм во кој станува збор за животот на една девојка која во средно секогаш била исмевана од најпопуларната типка во цела гимназија. По неколку години, откако „бубалчево“ ќе стане успешна деловна жена, нејзиниот брат ќе се жени. Најинтересно е што жената на нејзиниот брат е истата онаа која во средно животот и го имаше направено пекол.
Сепак, збрките стануваат уште поголеми кога тетката на популарната и мајката на „бубалчето“’ ќе се сретнат. Тие две всушност се другарки од средно кои се скарале поради дечко...
Целото организирање на свадбата ќе се одива доста интересно.
Лесна комедија, која и покрај слабите оцени на IMDB јас би ја оценил со 7/10.
Жими све еј. Не знам како сум го промашвел досега филмов.
Обавезен за љубители на Sci-Fi трилери, љубители на Одисејата, Moon итн...
Добри изведби, прекрасни кадри... Би рекол дека малце е и потценет, ама малце.
Апокалиптично сценарио, горе долу веќе видена идеја, ама сепак интересно од прва до последна минута. Јако стварно, голем плус од мене.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.