Предлог за серии и кратки рецензии

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Terminator: The Sarah Connor Chronicles



Конечно ги изгледав сите епизоди од овој серијал за кој можам да кажам дека е прекрасно направен и тоа само со една досадна епизода. Дејствието се случува после случувањата од филмот Terminator 2: The Judgment Day, Џон Конор и неговата мајка сакаат да го спречат СКАЈНЕТ во својата намера да створи вештачка интелегенција која ќе почне да работи по свое и ќе дојде судниот ден односно денот на самоуништување и борбата помеѓу доброто и злото односно помеѓу луѓето и машините(Терминаторите).
Како телохранител на Џон Конор во серијалот е Терминаторката Камерон која го следи Џон на секој чекор и неговиот чичко Дерек Риз.
Не знам дали ќе се снима трета сезона ама втората заврши многу интересно а како што читав по форумите многу од гледачите веќе бараат да се снима и третата сезона?
Во секој случај вреди да се погледне, затоа не губете време и симнувајте...
П.С. Оние со послаб интернет едноставно нека се откажат, секоја сезона тежи по 22 ГБ, квалитетот на сликата загарантиран!

Преместено... Оти ме мачите? Што сум ви згрешил?
 

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Не знам дали постов е за туку, али ај... Дај кажете некоја добра серија по можност комедија. Ама да не е Како ја запознав мајка ви, Трева, Фрејзер, Биг Бенг.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
callifornication e epten jaka, i nema nisto zaednicko so tie so gi nabroja.

Hank Moody (David Duchovny) e zaeban pisatel, koj nema ic sreka, spie so koja stasa, pravi so saka.

Razgledaj ja, epten e jaka^ ^, malku neobicen format e , so po 30 min ep. Od showtime e, i nema nikakva cenzura na jazik ili ponasanje
http://en.wikipedia.org/wiki/Californication_(TV_series)
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Не знам дали постов е за туку, али ај... Дај кажете некоја добра серија по можност комедија. Ама да не е Како ја запознав мајка ви, Трева, Фрејзер, Биг Бенг.
Ако сакаш црн хумор добра е Dead Like Me, јест да не е ептен комедија-комедија.
Ако не, класикот на сите времиња-3rd Rock From the Sun. Boston Legal не е лоша. Ама се' зависи каков тип на хумор сакаш :toe:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Не знам дали постов е за туку, али ај... Дај кажете некоја добра серија по можност комедија. Ама да не е Како ја запознав мајка ви, Трева, Фрејзер, Биг Бенг.
Arrested Development.
bobi2008 напиша:
Загледав уште една серија која сигурно ќе влезе во top 10 за мене.
Arrested Development

Урнебесна комедија која е една од ретките која нема laugh track, што во случајот е голем плус.
Синот Мајкл Блут ја превзема семејната компанија откако ќе го затворат неговиот татко поради малверзации со компанијата. Нема ни најмалку да му биде лесно да излезе накрај со забеганите двајца браќа, сестра и мајка, кои не сакаат да го напуштат луксузниот живот. Особено не кога кај него ќе се вселат сестрата, откачениот never-nude зет и ќерка им во која синот на Мајкл има блага затресканост. Се случуваат надреални ситуации кои никого нема да го остават рамнодушен.
Лесна за гледање, епизодите траат по 20 минути, а по веќе 2 епизоди веќе сте заразени.
И уште нешто, го има највисокиот рејтинг за серија што некогаш сум го видел на IMDB.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Постот е за овде, нема што да пишувате за серии во Предлог за филм.
 
Ј

јовица11

Гостин
Неколку нови серии, кои излегоа сезонава а мислам дека вредат да бидат погледнати.

Cougar Town, Кортни Кокс екс. Моника Гелер, се враќа на екранот како средовечна мајка, во кризен период. Разведена и искомплесирана поради годините, мотивирана од блиска пријателка ќе започне врска со момче кое може да и биде син. Урнебесна комедија, која вреди да се поглдне.

FlashForward, уште една серија која ќе предизвика интернационален бум како претходните Lost, Heroes, PB...Мистериозна драма која ги обработува настаните кои се случуваат во светот откако за 2 минути и 17 секунди сите луѓе на планетата ќе доживеат флеш од иднината.

Eastwick (мојот личен фаворит сезонава), во малото преградие, Иствик, живеат три уникатни жени со различни особености и водат многу карактеристични животи. Рокси, неуспешен уметник и самохрана мајка, Кет , исфрустрирана жена, мајка на пет деца и Џоана, новинарка чии успех кон момчињата е на најслабо можно ниво. Различни и се‘ уште непознати, тие одлучуваат да се здружат и да донесат промени во нивните животи. Неочекувано, харизматичниот човек Дерил Ван Хорн пристигнува во градот и ќе направи се‘ за нивните желби да станат успешни. Со помош на Дерил, Рокси, Кет и Џоана ќе се обидат да ги исполнат своите желби а со тоа и ги откриваат своите моќи за кои никогаш не знаеле дека ги имаат. Иствик, некогаш мирното градче, веќе никогаш нема да биде исто како некогаш.


Melrose Place 2.0
- Препорачливо за оние кои ја сакаат старата верзија и лесно се навлекуваат на сапунести драми, серија во која дејствието се врти околу станарите на елитниот комплекс во Лос Анџелес каде се борат со духовите на становниците кои живееле порано (оние од верзијата во 90-тите).
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
Не знам дали постов е за туку, али ај... Дај кажете некоја добра серија по можност комедија. Ама да не е Како ја запознав мајка ви, Трева, Фрејзер, Биг Бенг.


The IT Crowd

http://www.imdb.com/title/tt0487831/

Британска хумористична серија, досега има снимено 3 сезони по 6 епизоди кои траат по 24 минути.
Главни ликови се тројца вработени во фирмата Reynholm Industries, две машки Roy и Moss и една девојка Jen.
Roy и Moss работат како техничка поддршка во фирмата, додека Jen по избор на забеганиот директор ќе биде назначена за нивна шефица иако нема никакво познавање од компјутери, освен праќање и читање на mail :)
На следниот клип, Moss (легендарниот бушав момак), му ги поправа електричните пантолони на новиот директор на компанијата, откако неговиот татко се самоубива поради инспекција(види клип 2 :) )

Еве како заврши првиот претседател на Reynholm Industries, иако многу смешно, сепак можеа да го остават да биде уште во некоја епизода :)

Нејасно е тоа што истово сценарио било снимано и за американски пазар но набрзо бил откажан проектот, најверојатно слаба гледаност...
Доколку не ти се допадне серијава(што чисто се сомневам), моја следна препорака би била Two and a Half Man, моментално се емитува седма сезона, најавени се уште 2 после неа...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
Напишав во топикот за Лост ќе напишам и тука, сите оние кои што не ја гледаат Брејкинг Бед не знаат што пропуштаат, ова можда звучи како клише али е далекуууу од тоа! Перфектна серија у секој поглед! моментално најдоброто нешто што иде у етер без конкуренција..Тешка драма/комедија со уникатен и реален приказ на животот на еден човек заболен од рак во 50-те години од својот живот. Соочен со трагедијата на болеста на својот син и трудната жена, во момнентите кога на самиот него му се бројат деновите. Како капак на сето тоа мизерна финансиска состбоја и се разбира краткиот живот што му преостанува, тој се решава на радикален чекор во обид за пронаоѓање решение за обезбедување финансиска подкрепа за неговото семојство по неговата смрт која е несмонено многу блиску.

http://www.imdb.com/title/tt0903747/
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Burn Notice

Случајно ја загледав во едно досадно попладне, трилер серија со Jeffery Donovan како главен актер.
Се работи за бивш оперативец на ЦИА на кој му се одземаат сите привилегии не само пристап до информациите туку и му се замрзнуваат банкарските акаунти, движењето му е лимитирано само во Мајами каде е и главното дејство на серијата.
Секоја епизода си има своја посебна приказна што е добра работа но како додаток во низ сите епизоди се испреплетува приказната и потрагата на Мајкл за тоа кој го смести во ситуавијата која е сега најверојатно за да ве остави во дилема и да ја чекате наредната епизода со поголема нетрпеливост.
Морам да кажам дека исто така хуморот е на завидно ниво
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Only fools and horses

Се работи за стара(1981) Британска серија во која Дерек "Дел Бој" Тротер и неговиот брат Родни Тротер по смртта на нивната мајка се останати сами на себе најпрвин живеејќи со нивниот дедо а потоа со нивниот вујко. Дел Бој има фирма(нелегална нормално) наречена " Trotter's Независни Трговци" преку која продаваат стока од "сомнително потекло" т.е. или е украдена или е оштетена. Иако сиромашни, Дел Бој секогаш вика: This time next year we'll be millionaires. Хуморот е на највисоко ниво, британскиот акцент го прави уште подобар, актерската екипа - совршена...
Серијата е прогласена за најдобра ситком во Британија....

Имдб рејтингот според мене е мал, би требало негде за 0.6 да биде повисок.....
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Tru Calling 2003

Tру Дејвис е девојка која што после матурирањето сака да запише медицински факултет. Бидејќи не успева да се вработи во болница, наоѓа работа во градската мртовечница. Наскоро открива дека има дарба да ги спасува мртвите кои биле донесени во мртовечницата, на тој начин што и бараат помош и нејзиниот ден почнува одново.
Интересна серија, добра за губење на време, само после 26 епизоди ја прекинаа:toe:
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Неколку нови серии, кои излегоа сезонава а мислам дека вредат да бидат погледнати.

Eastwick (мојот личен фаворит сезонава), во малото преградие, Иствик, живеат три уникатни жени со различни особености и водат многу карактеристични животи. Рокси, неуспешен уметник и самохрана мајка, Кет , исфрустрирана жена, мајка на пет деца и Џоана, новинарка чии успех кон момчињата е на најслабо можно ниво. Различни и се‘ уште непознати, тие одлучуваат да се здружат и да донесат промени во нивните животи. Неочекувано, харизматичниот човек Дерил Ван Хорн пристигнува во градот и ќе направи се‘ за нивните желби да станат успешни. Со помош на Дерил, Рокси, Кет и Џоана ќе се обидат да ги исполнат своите желби а со тоа и ги откриваат своите моќи за кои никогаш не знаеле дека ги имаат. Иствик, некогаш мирното градче, веќе никогаш нема да биде исто како некогаш.
Aбе ја гледа некој оваа серија? Впечатоци?
 
Н

'Никола'

Гостин
Ај да си ја предложам. Верувам сите имате слушнато за серијава - NCIS (Naval Criminal Investigative Service). Значи не е нова, првата сезона се емитуваше во 2003 година. И верувам како и многумина во државава, така и јас, кога ја даваа на Сител порано сум гледал епизоди, ама онака неповрзано, и немаа никакво значење тогаш. Дејствието во секоја епизода ми беше различно, заплети кулминации и расплети, сето тоа во една епизода, уаауу еј супер прекрасно. Но, кога заврши втора сезона, 2005 година, ги симнав двете сезони и ги изгледав баш како што треба. Целото првично гледање падна во вода. Луѓе, не сте свесни колку е добро осмислена во целост серијава, колку секоја епизода си влечи нешто мало, но сепак важно од претходната. Приказната во целост е прекрасна, ликовите се неповторливи, хуморот е доста застапен, и после прва сезона гарантирам дека се врзувате емоционално со ликовите.
Моментално заврши седма сезона и последна информација што ја прочитав, сите глумци ги продолжиле договорите, така да има светла иднина серијава и по 7 сезони (многу е популарна во Светов).
И морам да нагласам, скоро сите сезони досега завршија мада факинг килинг перфектно, и умирав дури ја чекав новата сезона. Предност на тие што ќе се решат да ја гледаат ќе им биде што нема да мораат да чекаат до наредна сезона, ги има веќе.:) Ама до седма сезона, после ќе се дружиме.:)
Топло ви ја препорачувам на сите што не сакате да испуштите нешто што вредело додека сте биле на овој свет.:wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom