Превоз од Братислава аеродром до Виена

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.116
Поени од реакции
1.401
Локација
Скопје
Здраво

Планирам во Јануари да патувам за Виена. Ќе летам до Братислава бидејќи картите беа џабе. Видов дека од самиот аеродром до Виена возат две компании, Flixbus и Slovaklines. Ме интересира дали некој ги има користено? Јас претходно се имам возено со Flixbus и автобусот каснеше околу 1 час. Незнам некако немам некое големо мислење за нив. Другата компанија не ја знам. Дали некој патувал со некоја од двете компании до Виена и дали се точни? Знам дека постои и воз од железничката но ова ми делува како поедноставна варјанта. Јануари е прилично ладен месец па незнам дали има каснења и слично...
 
За евтините компании увек има можност за каснење пошо реално колку пари толку музика, а ако сакаш да е на време, плати си посолено, иначе јас имам одено од Меминген за Штутгарт со ФликсБус и автобусот беше 5 минути пред тргање таму. Значи на кој како ќе му се погоди, али за тие пари, и да касни ќе соџвакаш :D
 
Здраво

Дали некој има искуство со патување во Братислава (или било која дестинација во Словачка) со сертификат од вакцинација со Синовак?
Прашав во нашата амбасадата во Словачка ми кажаа дека не е признаена оваа вакцина од ЕУ и Словачка, но имале искуство со граѓани кои биле вакцинирани со Синовак и ги пуштиле на граница. На граница само им прегледувале сертификат со QR код без разлика на вакцина. Одговорот не ми е убедлив па затоа прашувам дали некој има патувано да сподели искуство.
 
Case to case сценарио е. Ако идеш со авион, најдобро извади си PCR. За копно преку Унгарија и такви и такви случаеви знам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom