Прваче маче! :)

Хмм еден од најлошите денови на мојот живот.. како може да го заборавам ?? :)))

Беше тоа во Песталоци во далечната 1990 год,и памтам дека како не прозиваа требаше да идеме на бината да се качиме .. Хеллооуу???
Малце ли беше трема,народ ова она па и на бина да се качиме ??!?!:nesvest:
За облека не се секавам што сум носел,сигурно нешто модерно било од крајот на 80тите и почетокот на 90тите,нешто Ретро од денешна гледна точка :pos2:..
Кај не однесоа после тоа и што праевме навистина незнам,не дека не сакам да ви кажам..

Интересно е тоа што и во средно на првиот ден беше нешто слично ,опет имаше бина и пак не групираа..само овој пат имав искуство од 8 години претходно и поминав малце подобро :))

Ахх сеќавања ..
 
пааа со голеееми бели букви на црвено платно пишеше ДОБРЕДОЈДОВТЕ :)
по двајца не поредија влеговме во I-1 :) седнав во последна клупа со едно плаааавоо а бе жолто виткано детенце, и на крај дознав дека било машко ... лол мама стоеше позади мене и се сеќавам дека уште наредниот ден кога ми изнакупија све за школо мама ми вика ајде спремај се...
знам ранецот беше розев со цртани филмови некој по него со 12 џеба:vozbud: највеќе од цел клас:vozbud:!
и си влагам ја у соба си средувам и се што беше можно набутав , водени бојци, мрсни, пластелини моливи боички тетратки блокчиња, книги а бе све, (12џеба бе све збира хаха)...
и тргам да излегувам се симнувам по скали дотерана таква рипкам...
и мама :еееееееј каде ма ти без ташна! ха!
толку ми се одеше шо и ранецот си го заборавив! и го крева така мајка ми... вика лелеееееее шо е ова ма 5кг! хахаха ко ѕирна внатре се и сешто...
хах па во последните 5мин ме седна да ми објасни шо е распоред ахахахахаха
 
Jaс ништо не памтам од првиот училишен ден, ама ич. :cry:
Што меморија имам. A памтам други глупости од детството ама ова не. Ни знам кај не носеа, ни дали во сала или во училница, ни дали благо ни дале, а камо ли што сум носела.

Вајда толку интересно ми било што ете "се сум запамтила" :icon_lol:
 
пааа со голеееми бели букви на црвено платно пишеше ДОБРЕДОЈДОВТЕ :)
по двајца не поредија влеговме во I-1 :) седнав во последна клупа со едно плаааавоо а бе жолто виткано детенце, и на крај дознав дека било машко ... лол мама стоеше позади мене и се сеќавам дека уште наредниот ден кога ми изнакупија све за школо мама ми вика ајде спремај се...
знам ранецот беше розев со цртани филмови некој по него со 12 џеба:vozbud: највеќе од цел клас:vozbud:!
и си влагам ја у соба си средувам и се што беше можно набутав , водени бојци, мрсни, пластелини моливи боички тетратки блокчиња, книги а бе све, (12џеба бе све збира хаха)...
и тргам да излегувам се симнувам по скали дотерана таква рипкам...
и мама :еееееееј каде ма ти без ташна! ха!
толку ми се одеше шо и ранецот си го заборавив! и го крева така мајка ми... вика лелеееееее шо е ова ма 5кг! хахаха ко ѕирна внатре се и сешто...
хах па во последните 5мин ме седна да ми објасни шо е распоред ахахахахаха

А кое оделение си сега/??:smir:

Вака како што објасни ко да било пред 3-4 години преку сила :))))
 
А кое оделение си сега/??:smir:

Вака како што објасни ко да било пред 3-4 години преку сила :))))


xxaxaxa одамна не сум у одделенија ахаххаха :( лол
зашо, многу детално да не е? :wink:
 
Памтам дека вечерта пред да тргнам прваче се измочав у гаќи(6 години магаре :S) eптен бев напнат пичку матер.
После немаше ништо интересно, во одделение имав двајца другари од градинка и така.Идев на школо без проблем(за разлика од градинка кога беше тепање секое сабајле)....али тоа шо се испомочав не ми требаше ич :)))
 
Ја знам дека беше у Сплит и дека ми купија нов ранец и многу му се радував...а да и до другар ми владо седнав :))) топојни беше бе.
 
ми текнува дека бевме сите деца и родители во полукруг наместени. Знам дека носев едни сребрени кратки пантолончиња со трегери , исто така сребрени и портокалово маиче. Знам дека ја рецитирав првата ( и воедно најголемата) песна која ја научив на памет во мојот живот.Мајка се викаше, незнам од кого беше, до ден денес ја паметам.. Знам дека имаше едно дете шо плачеше зато шо не беше кај учителката шо сакаше да биде... Mи текнува и на првиот час ликовно.. цртавме риби во мрежа и мене ме пофали наставничката и ме бакна и петка ми пиша на рака... толку од првиот ден..:pipi:
 
Бев како изгубен германец.Да не беше мајка ми да ми рече иди по учителката,немаше да отидам ќе се изгубев.:pos:
Lost in space.Со едно девојче делевме едне стол и зјапав во таван.
И не знаев што да правам.И после 2 месеца не можев да се навикнам,башка дека бев и левак.
Ама на буквата Е кога ја учевме ,бев најбрза и 5ка добив.И се гордеев со себе.:pipi:

Добро, некои работи сепак останале исти. :wink:

А на буквата О ?

онтопик.

Јас имам некоја нејасна слика и многу бучава, појма немам што ни делеа ниту се сеќавам со кого сум седнал првиот ден.

Знам дека не местеа по висина и па ме ставија со најружното девојче у клупа. Која беше бабина маза, сонце не видела нити скитала по шуми, морав да ги трпам нејзините повраќаници на моите убаво спакувани книги бидејќи беше анемична и скоро секоја недела ми повраќаше на клупа.

После тоа обично седев со деца од Домот 11 Октомври и префатив вошки.

Бидејќи бев диво дете од шумите на Водно, додека научив да се однесувам цивилизирано ги поминав сите степени на укори и сесии кај педагогот.

Во 4то одделение заедно со 3ца од моите потоа најдобри другари :) бевме кај педагогот и требаше да кажеме дека учителката не прати оти ги фаќавме девојчињата за срамното.
:pos2:

Како сум се смеел тогаш..дури и ден денес ме фаќа некоја манијакална смеа кога ќе ми текне на моментот. После тоа си го јадев дома.

Неможам да поверувам дека сум бил и претседател на класот во 5то. :pos:
 
Хаха, не беше интересно за тоа време ама сега ми е смешно. Знам многу деца пиеа шамари од мајка им зошто нејќеа да се одделат :pos:
 
Ја до сеа сум имал 3 први школски денови пошто 3 школи имам сменето :pos2: Во сите било закон, малце страмежливо на почеток ама со тек на време, опуштено :)
 
Како и секое дете се радував што ќе одам во училиште, а почнав порано една година. Првите шест месеци ми предаваше еден стар учител, кој јас ич не го сакав, така што првиот ден се плашев од него и си седнав во последната клупа...сама... до мене седна мојата соседка Ана. Иначе и јас бев ко изгубен Германец...можеби и полошо :pos:.
Да не беше мајка ми да ме запознае со децата...ништо.:kesa:
 
Неколку дена пред да почне учебната година мама ми купи црна кратка суќничка и елече за да бидам најмодерна од сите. :)
Кога тргнував за на училиште баба ми тргна по мене да пофрли вода демек со лесно да ми одело и ме направи утоп. Се налутив ептен и тргнав заедно со мајка ми. Близу до школото влеговме во една продавница и мама ми купи 3 ланчиња, со крстови целите беа, огромни како на поп! :pos2: Ги собрав и влеговме во училиштето. Таму преполно, многу нови лица ама и неколку комшиски деца.
Ме прозваа и учителката ми даде чоколада, се израдував ептен и ја гушнав. :) Ете како си фатив поени кај неа, ме засака жената и 4 години ме прескокнуваше кога ги шамареше останатите што бегаа од часови за да играат ракомет пред школо. :pipi:

Еве ви слика да видите колку сум била среќна на тој ден. :helou:
 

Attachments

  • Индијанка.jpg
    Индијанка.jpg
    49,1 KB · Прегледи: 6
Првиот ден....имав среќа, имав другарки од забавиште во истиот клас, седевме сите заедно, го знаев училеиштето, и лесно ми беше, не се сеќавам што носев, но знам дека ни закачија виолетови панделки и таква панделка имаше на вратата на училницата!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom