- Член од
- 11 април 2013
- Мислења
- 355
- Поени од реакции
- 183
Здраво на сите. Ова ми е прв пост. Имам едно прашање малку подолго прашање ве молам не се лутете. Значи веќе 2-3 месеци активно се бавам со Insanity Workout. Иако трае само 60 дена, јас го почнав одново.Но друго ми беше зборот. Денеска ми беше на ред Pure Cardio. Финтата е што после загревањето и истезањето, наредна фаза на вежбање не е интервална туку трае цели 15 минути. Вежбав што вежбав колку што можам повеќе и одвреме навреме правев пауза од 3-4 секунди колку да земам длабок здив и да пуштам. Приметив дека во текот на целиот workout ми беше потешко да земам воздух, цело време дишев површински(кратко и брзо, одвај доаѓав до длабоко вдишување). И после не правење пауза од 2 минутки добив некако страшна болка во левиот дел од градите(блиску до срцето). Колку што успеав да измерам пулс(со пипање на раката, броење до 10 секунди и помножено со 6) ми излезе некаде околу 180. Што значи пред тоа ваљда ми е бил 190. Утре правам одмор, дали да продолжам понатаму или да престанам. Дали му штети тоа на срцето. Може ли да добијам срцева болест(инфаркт пример што ја знам). Инаку имам 16 години.