Прашање во врска со работен стаж

Член од
14 февруари 2011
Мислења
4
Поени од реакции
1
Здраво. Можеби е веќе поставено и одговорено ова прашање, се извинувам однапред доколку е, но ме интересира дали можам сам да си го плаќам работниот стаж или мора да сум вработен во некоја компанија?
Ви благодарам.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468

Како физичко лице не можеш самостојно.

Треба или да си вработен или да си самовработен во твоја приватна фирма.

Можеш да отвориш ТП само за таа намена чисто формално и да си плаќаш придонеси како самовработен во сопствено трговско друштво (фирма) под форма на трговец поединец.

Ако те интересира подетално за отварање на фирма пиши ми во порака.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.252
Поени од реакции
3.176
Можеш како занаетчија. Зашто сакаш да се пријавуваш?
 
Член од
10 март 2022
Мислења
149
Поени од реакции
185
Здраво. Можеби е веќе поставено и одговорено ова прашање, се извинувам однапред доколку е, но ме интересира дали можам сам да си го плаќам работниот стаж или мора да сум вработен во некоја компанија?
Ви благодарам.
Native teams е Македонска фирма која мислам дека ќе ти заврши работа. Пред две години кога прашував кај нив беше 30евра провизијата за минималец. Значи ќе им плаќаш провизијата, платата на која сакаш за се пријавиш и придонесите за платата. Они тебе ти ја враќаат платата. Така ги разбрав тогаш али најдов пријател кој ми заврши работа без провизија и за тоа им откажав.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Ако имаш барем еден пријател со фирма може да те пријави на минималец.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Здраво. Можеби е веќе поставено и одговорено ова прашање, се извинувам однапред доколку е, но ме интересира дали можам сам да си го плаќам работниот стаж или мора да сум вработен во некоја компанија?
Ви благодарам.
Ако немаш амбиции да се градиш бизнис, не отворај фирма, барај некој пријател со фирма да те пријави кај него, или пробај преку нејтив тимс. И двете комбинации ќе те фатат далеку поефтино отколку да бидеш човек фирма.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom