Не се труди друже.
Поздрав.
Јас се трудам, но ти не се трудиш.
А таман се израдував што се врати да ја оживееме оваа заспана тема. Штета!
Туку, доколку се предомисли, дај мислење за следново:
Meлекот не му се претставува на Мухамед, а по наговор на својата жена Хатиџа, Мухамед оди кај нејзиниот роднина Верека, кој му кажува дека тоа е мелекот кој му доаѓал и на Муса, не споменувајќи никакво име. Подоцна, во хадисот се вели дека тоа е мелекот Џибрил, притоа не кажувајќи кој го утврдил тоа, и врз основа на што донел заклучок дека тоа бил баш мелекот Џибрил.
Инаку, Ангелот Господов што му се јавува на Мојсеј во Несогорливата капина,
никаде, ама баш никаде, во ниту еден христијански и еврејски извор, не се идентификува со Гавриил.
Интересно е, што овој Ангел Господов кој се појавува на многу места во Стариот Завет, во Новиот Завет престанува да се појавува. Што мислиш, зошто?