Право на градење

Член од
22 февруари 2024
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво, ми треба помош и совет
Помеѓу мојата куќа и куќата на комшиите имаше празен плац што си го купивме по пола. Некогаш на тој плац имало објект (штала, шупа) којшто е упшан во катастер и истиот сега ни припаѓа и на двајцата, ама физички не постои.
Јас сакам да направам физичка делба, и на мојата половина од новиот плац да изградам соби со тараса што ќе си ги спојам со мојата постоечка куќа. Имам имотен лист, цртеж од архитект до каде можам да градам, ама проблем е што комшиите не ми потпишуваат согласност.
Сакам да играм чесно и поштено, до каде што си е мое и до каде си имам дозвола, ама дали постои начин да почнам со градба без нивна согласност, ќе се повлечам колку треба.
Ве молам за одговор, било каква информација би ми била од корист
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.655
Поени од реакции
3.770

Колку знам од туѓи искуства, ако соседот не ти дозволува да градиш, тој сосед мора точно да посочи што би му пречело од твојата градба, а тоа да биде засновано на изработена проектна документација, веќе доставена до општината на одобрување. Не може соседот да ти забрани целосно градeње, ни случајно. Нема тој таква власт и надлежност. Земјиштето мора да биде правно означено како „градежно„.

Пред секое градење, потребно е решавање на имотно-правните односи по прашање на сопственоста на одредено земјиште, па после тоа следи изработка на проектна документација, заснована на важечка планска документација (ДУП) ако се работи за градење во греад или општ акт, ако се работи за градење во населено место/село.

Нашите општини имаат многу „чудни„ пракси при решавање на вакви правно-сопственички несекојдневни и „необични„ проблеми, кои тешко се решаваат според постојната регулатива, така да најдобро е решението да го бараш во самата општина, онака како што општинарите ќе те посоветуваат и упатат.

Ваквите проблеми, како твојот, се решаваат со „досетки„, кои ги знаат и практикуваат само оштинарите...
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.295
Здраво, ми треба помош и совет
Помеѓу мојата куќа и куќата на комшиите имаше празен плац што си го купивме по пола. Некогаш на тој плац имало објект (штала, шупа) којшто е упшан во катастер и истиот сега ни припаѓа и на двајцата, ама физички не постои.
Јас сакам да направам физичка делба, и на мојата половина од новиот плац да изградам соби со тараса што ќе си ги спојам со мојата постоечка куќа. Имам имотен лист, цртеж од архитект до каде можам да градам, ама проблем е што комшиите не ми потпишуваат согласност.
Сакам да играм чесно и поштено, до каде што си е мое и до каде си имам дозвола, ама дали постои начин да почнам со градба без нивна согласност, ќе се повлечам колку треба.
Ве молам за одговор, било каква информација би ми била од корист
Дали тој плац ви е во заедничко владение?
Ако е, врзани ти се рацете!
Физичка делба е изводлива, ама ако они не сакаат, ќе мора на суд. А во тој случај, делбата може и да не излезе според вашите желби и потреби.
Ако е веќе ваков случајот, подобро е да им понудиш да им го откупиш и нивниот дел.
 
McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.779
Поени од реакции
10.545
Па пред да го купите заедно плацот и после да го поделите, им даде ли до знаење дека ти планираш да градиш на него?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.681
Ако ти имаш дозвола за градба од општината тогаш за тоа што соседот не се согласува има право на приговор до општинта и таквиот приговор спречува решението да ти стане правосилно за да можеш да отпочниш со градбата. По тој негов приговор треба да реши општината, може да му го прифати може да му го одбие. Ако му го одбие тогаш соседот има право на тужба против тоа решение до управниот суд каде што ке се донесе и конечната одлука. Е сега, ако во планот односно дозволата за градба има пропусти тогаш по приговорот од комшијата ке треба да се исправат тие пропусти, пример оддалеченост од соседната недвижност, висина на градбата, прозорци.... Види на што се однесува приговорот, онака од ќеиф не може да те спречи али може да ти одземе доста време....
Автоматски споено мислење:

Сега видов дека пишуваш и дека немаш физичка делба. Тоа може да е и основниот проблем, малку ми е нејасно. Најверојатно тоа што немате физичка делба е проблемот. За да ти издаде дозвола општината мора да има согласност од сосопственикот, во тој случај не се работи за сосед туку за сосопственик на земјиштето и не се работи за приговор од соседот туку се работи за тоа што сосопственикот не ти дава согласност. Во тој случај мораш да си покренеш постапка за физичка делба на плацот, физички да се одредат деловите и да си добиеш посебен имотен лист по што нема да ти треба негова согласност за градба.
 
Последно уредено:
Член од
22 февруари 2024
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ви благодарам на сите
Значи како што разбрав , прв чекор е физичка делба и може да ми одобри општината , и не ми е потребна негова согласност, секако ќе си ги почитувам правилата за оддалеченост ,прозорци и сл
А дали откако ќе се направи физичка делба ќе може да ги спојам парцелите на новиот плац со мојата куќа
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.655
Поени од реакции
3.770
Ви благодарам на сите
Значи како што разбрав , прв чекор е физичка делба и може да ми одобри општината , и не ми е потребна негова согласност, секако ќе си ги почитувам правилата за оддалеченост ,прозорци и сл
А дали откако ќе се направи физичка делба ќе може да ги спојам парцелите на новиот плац со мојата куќа
Значи:
- земјиштето од поделената/докупената парцела мора да биде на твое име, на твој имотен лист, со што стекнуваш право на градење, како сопственик на тоа земјиште,
- проектот за твојата доградба го нарачуваш од проектант, според условите за градење кои ти ги одредува општината,
- соседот, ако има забелешки кон твојата идна градба, може да се пожали до општината, но не може целосно да те спречи да градиш,
- по отстранувањето на забелешките, одредени од твојот сосед, ќе можеш да градиш според поправената проектна документација,
- твојот сегашен плац (ќе) можеш да го споиш со поделениот односно со делот од докупениот плац.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom