Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Дали лице кое е осудено и пребегало во странство , можи да го продолжи својот пасош во наша амбасада или конзуларно преставништво ?
 
– во случај на смрт на член на семејното домаќинство на работникот му се исплатува надоместок во висина од 2 основици;

извор
... ДА, се исплатува доколку е според колективниот договор, зависи кој каде работа и каков колективен договор е склучен! Овде ! :toe:

Ај и ова да прашам. За родителот кој почина лани во ноември не подадов никакви документи за надомест бидејќи не знаев дека ми следува. Дали може сега да се земе надомест, иако има поминато една година од тогаш?
Работам во истата фирма и тогаш и сега сум уште тука.
 
Здраво! :) Би ми требала помош/совет од вас на тема добивање дозвола за престој/работна дозвола за странец во Македонија. Малку мешам термини, бидејќи сум во ќорсокак со процедурава, но во кратки црти, се работи за следново:

„Странецов“ е од Србија, би дошол во Македонија да живее и работи, т.е. веќе е тука. Каде треба да се упати и што да бара? По кој редослед? На која институција да се обрати?

Јас ко што разбрав по нетов, треба дозвола за работа која ја издава Агенција за вработување? Понатаму вврз основа на тоа дозвола за престој?

Има ли некој постручен од мене?
 
Жалам што дури сега Ви одговарам. Комисијата не е должна по службена должност да ме вметне. Ви цитирам одговор на ова прашање на WWW.uslugi.gov,mk . Немам излез ниту решение. Во Центар биле обврзани по службена должност да ме вметнат, во Карпош не. Во Гевгелија во истиот случај ги вметнувале по службена должност. Овој Закон е недоречен, непрецизиран и дупчест како швајцарско сирење. Или секој си го толкува како сака.
Ð Spored Zakonot za denacionalizacija baranjeto za denacionalizacija se podnesuva licno na propisan obrazec vo koj se vnesuvaat site licni podatoci i na koj se stava licen potpis od baratelot. Baranjata se podnesuvaa vo zakonski opredelen rok. Vo postapkata za denacionalizacija moze da Ve zastapuva lice koe Vie kje go ovlastite. Ako vasiot advokat Ve propustil da ve stavi vo propisaniot obrazec na koj trebalo Vie da se potpisete, odnosno Ve zapisal na livce ili dopolnitelno dostavil obrazec po istekuvanjeto na zakonskiot rok za podnesuvanje na baranjeto, vo takov slucaj se smeta deka baranje ne e podneseno, odnosno e podneseno po istekot na zakonskiot rok. Ova treba da go razjasnite so advokatot sto ste go angazirale.
Dali vo slucaj na denacionalizacija,kade sum izzemen od podelbata na obvrznici,istiot slucaj moze i dali zastaruva.
Blagodaram odnapred za odgovorot.Pozz....
 
Здраво , имам едно прашање до правниците кој членуваат овде.

За договор за позајмица кој бил склучен на 04.05.2012 со рок на враќање до 04.05.2013 беше покрената судска постапка на ден 15.09.2017 година. Веќе е завршена постапката и моите родители се задолжени со одредена сума.

На пред судската расправа адвокатот бараше рок за застареност од 3 години , но за жал не беше усвоен одстрана на судијата.

Незнам дали тој беше во право со оваа постапка ? дали е 3 или е 5 години рок за застареност.

И другото прашање кое е веќе можеби и е одговорено некаде на форумот ,
Родителите пред извршното решение имаа по еден потрошувачки кредит со административна забрана од 1/3 од плата , едниот родител го рефинансираше кредитот и одреден период немаше никакви проблеми со задршка на плата а сега веќе наводно Доверителот прави притисок и нему сега му се уплаќа по 6000 денари а за кредитот само 2000 рестото мојот родител да си ги сам доплаќа во банката.

Дали сметководителот има право да ја прави оваа задршка иако претходно го информираше извршителот дека има 1/3 задршка на плата и дека по нејзино исплаќање ќе се постапи по решението .

Се надевам дека јасно ги поставив прашањата ,
Поздрав
 
здраво.се здобив со тешка телесна повреда скршени носни коски,напад со секира под дејство на алкохол 1.3мг предметот е до јавно обвинителство.колку ке ме следва обештетуванје имам побаруванје на распитот..некој ми кашува 60.000 денари.обештетуванје.а мојот адвокатот има побаруванје 80,000 ден.молам за совет..позз
 
здраво.се здобив со тешка телесна повреда скршени носни коски,напад со секира под дејство на алкохол 1.3мг предметот е до јавно обвинителство.колку ке ме следва обештетуванје имам побаруванје на распитот..некој ми кашува 60.000 денари.обештетуванје.а мојот адвокатот има побаруванје 80,000 ден.молам за совет..позз

Надоместокот за штета зависи од медицинското вештачење.
 
Знае некој колку денови се чека Уверение дека не е изречена санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност, и дали може да се плати во Кривичен со картичка или мора на трансакциска? Благодарам.
 
Знае некој колку денови се чека Уверение дека не е изречена санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност, и дали може да се плати во Кривичен со картичка или мора на трансакциска? Благодарам.
Електронски ако плаќаш преку е-набавки за 2-3 дена, може и побрзо.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Електронски ако плаќаш преку е-набавки за 2-3 дена, може и побрзо.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
Ти благодарам многу на одговорот. Да не знаеш и случајно во колку саат почнуваат да работат шалтерите?
 
Ќе се обидам да објаснам убаво, па кој ме разбра ако може нек ми одговори

Имаме куќарка во селото од кај што е дедо ми, куќата е изградена мнооогу одамна со тек на годините е обновувана значи сега има основни услови за живот ама немаме имотен лист за неа. Не постои во катастар. Местото се води како земјиште на РМ. Што треба да превземеме за да добиеме имотен лист за неа и за дворното место? Возможно ли е да се упише некако?
Ако е стар објект мислам постар од 50-60 год.Мора да ја има во катастар зошто пред неколку години 7-8 мислам се правеше авионско снимање и сите објекти се вметнати односно се впишани во катастар оние постарите мислам дека се вметнати со маркица а оние поновите не постари од 20-30 год се вметнати како дивоградби .
Така да мора да ги има во катастар затоа излезе законот за легализација ако се сеќаваш.
Е сеа само да не фрлил око некој Биџован или некој функционер или некој вработен во катастар па да сака да го лапне земјиштето
 
Ти благодарам многу на одговорот. Да не знаеш и случајно во колку саат почнуваат да работат шалтерите?
Шалтери за што? За да се пријавиш на е-набавки и да можеш да конкурираш за тендери треба да имаш годишна претплата од 2000 денари мислам.
Тука имаш опција накнадно да купиш пакет со лична состојба која отприлика е 4000 и кусур. Чим ги платиш електронски преку сајтот ти се појавуваат во делот "мој документи" после еден ден отприлика.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Здраво на сите ,потребен ми е совет /мислење од правник.
Ви блгодарам однапред на одвоеното време.
 
Некој да ми помогне како да напишам представка до трудова инспекција?
 
Некој да ми помогне како да напишам представка до трудова инспекција?

За вовед, ќе напишеш во кое својство се обраќаш до инспекцијата, што би се рекло да се "претставиш".
( и во најгорниот ред од документот, испраќач ( барател ) , примач ( адресант ), или можеш и полесно да напишеш"ОД" ( твои генералии ) и "ДО ". ( податоци на инспекцијата, на интернет можеш да ги најдеш ).
Акцентот на писменото ( претставката ) треба да ти биде ставен на прекршувањето на правата кои сметаш дека ти се прекршени.
Ако се повеќе повреди на твоите права од работен однос, подобро е во посебни точки да ги опишеш, кратко, јасно, концизно.
И на крај, во завршниот сегмент, што бараш од инскепцијата да преземе, ( да изврши надзор во просториите на работодавачот, да преземе мерки против работодавачот доколку се констатираат неправилности при работењето и прекршување на правата на работникот итн ).
И ќе побараш, да те известат на писмен начин за преземените мерки и активности по твојот предмет.
На крајот на преставката, датум на составување, град и твои податоци, и скратен потпис.
Претставката составија во 2 примероци, ( еден задржи за себе). однеси ја ако можеш најдобро лично во инспекцијата, да ти стават архивски печат за прием, за да си сигурен дека е примена. ( ова ти ги напоменувам за да ти биде од корист доколку во иднина поведеш судска постапка, ваквите докази од претходна постапка ( пред поднесувањето на тужбата ) се многу значајни..
Или пак со препорачана поштенска пратка, со повратница...
Па потоа очекувај одговор, обично со оглед на огромниот број на поплаки не реагираат во разумен рок, па доколку ти е важен случајот ќе треба сам да се интересираш и да отидеш да провериш до која фаза е постапувањето по твојот предмет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom