Годишната средба на Светскиот економски форум денеска почнува под сенката на економските тревоги, опасноста од растечкото влијание на Кина и за вознемиреноста од должничката криза во Европа.
Организаторите на петдневниот Форумот во Давос, Швајцарија се оптимисти оти дебатите на приближно 2.500 светски лидери, бизнисмени и претставници на други економски институции ќе доведат до прифаќање на планови за справување со кризата.
На Форумот ќе присуствуваат рускиот претседател Дмитриј Медведев, британскиот премиер Дејвид Камерун, германскиот канцелар Ангела Меркел и шефот на француската држава Никола Саркози.
Форумот ќе биде отворен од Медведев, иако претходно најави дека го откажува присуството поради терористичкиот напад на московскиот аеродром Домодедово. Тој по своето обраќање веднаш ќе се врати за Москва.