Потребни информации за студентска виза во USA

Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Здраво,

Дали може некој кој поминал низ мојава процедура да ми помогне со информации околу потребната документација и процесот кој треба да се одвива.

Добив можност да студирам во USA под покровителство на роднини, каде што соодветно ќе бидат покриени сите трошоци за патувањето, престојот/сместувањето и студиите. На мене останува да ја средам потребната документација, да аплицирам на факултетот и да добијам студентска виза.

Дали може некој да ми објасни во темава или преку приватна порака околу целокупната документација која ќе ми биде потребна за аплицирање и добивање виза. Дали ќе треба да полагам toefl иако имам напредно познавање на англиски јазик. Каков е процесот и условите на аплицирање за виза и колку време се чека за одобрување. Ми требаат што подетални информации од некој што поминал низ истиов процес, какви се препреки може да се сретнат, колкави се трошоците овде и сл.

Моментално сум прва година на ФИНКИ и со оглед на тоа што е нов факултет дали некој знае дали ќе ми бидат признаени поени од ектс системот.

Благодарам однапред за сите информации и помош.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Здраво,
Дали ќе треба да полагам toefl иако имам напредно познавање на англиски јазик.
Моментално сум прва година на ФИНКИ и со оглед на тоа што е нов факултет дали некој знае дали ќе ми бидат признаени поени од ектс системот.

Благодарам однапред за сите информации и помош.
Пред сѐ, за да добиеш студентска виза мора да бидеш веќе примен на некој факултет.
Прво треба да се одлучиш на кои факултети би сакал да аплицираш. Подобро е да аплицираш на повеќе за да имаш повеќе шанси да те примат. Мора да имаш доказ за познавање на англискиот јазик на одредено ниво. Во САД најчесто се бара TOEFL. Другите критериуми за примање се во зависност од факултетот. Доколку факултетот реши да ти ги признае испитите од ФИНКИ, нема да треба да полагаш SAT, во спротивно ќе мораш да почнеш од ново со студии, а како влезен критериум исто така е и резултатот од SAT испитот. За визата можеш да се обратиш во амбасадата, таму најточно ќе ти кажат кои документи се потребни.
Значи, прво разгледај кои факултети се во близина на местото каде би престојувал, отвори ги нивните сајтови, види кога се роковите за апликација, исконтактирај со нив, па потоа размислувај за визата.
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Фала друже :)

веќе ги разгледувам факултетите во околината и ќе ги контактирам за подетални информации.
 
Член од
30 јули 2011
Мислења
589
Поени од реакции
246
А дали ако се запишам на факултет во прва година да аплицирам за некоја work and travel програмите дали ќе ми дадат виза ? Имам 25 г
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
А дали ако се запишам на факултет во прва година да аплицирам за некоја work and travel програмите дали ќе ми дадат виза ? Имам 25 г
Да друже, ама имаше таму некој минимум колку испити треба да имаш положено за да можеш да аплицираш и да одиш да работиш. Види на интернет мислам дека некаде имаше информации колку положени испити се задолжителни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom