@мкд владе
Си ме спомнал без да цитираш и тоа оф топик, затоа да не ја уништам темата ќе ти пишам овде.
Може ли тебе некој Владе да ти забрани да се чуствуваш како Македонец?
Може ли некој договор, некој лист хартија да ти го смени чуството, може ли некој друг да каже што си ти ако ти самиот се чуствуваш како дел од одредена територија, од одредена песна, одредено знаме, одредена организација?
Јас тоа сум го објаснил сто пати, како што многумина Власи денеска се горди Романци, Срби, Грци, Албанци така и јас сум горд на земјата кај што сум се родил, на идеалите на организацијата која се борела автономија, на сите Власи од Егејска и дел од Вардарска Македонија кои имале свои чети и се бореле заедно со истите Македонци од кои потекнуваш ти.
Сите сме ние слика на нашите предци, истото сум и јас.Од мал секогаш сум растен во тој дух, песните на кои стихови ги знам од најмала возраст од дедо ми биле, жално плаче мајка егејска, кралу Александар еве ти ја јужна Србија, слушам кај шумат шумите буките, итн.
Секогаш кога како дете сум гледал доле кај него телевизија единствено нешто што се гледаше е македонска програма, и тоа народни песни и ора или пак Тврдокорни, македонските филмови со патриотски предзнак(Мис Стон, Републиката во Пламен, Македонска крвава свадба.)
Многу од моите генерации('99, '00) иако се чистокрвни Македонци нивните дедовци ниту ги учеле на овие песни ниту пак ги гледале овие работи.
Не го кажувам ова за да ти се правдам или објаснувам тебе, сметам дека џабе сме се навредувале тука на неколку пати, туку го кажувам баш заради македонските работи и од нејзините интереси.Дека ако некој има влашко име или презиме(дел од нас сеуште имаат такви па се лесно препознатливи) не значи дека се против оваа држава и дека работат за некој друг.Истото тоа се случило со Македонците Муслимани па денеска ете за жал се асимилирани во Албанци, наместо да бидат Македонци кои клањаат и одат во џамија, денеска тие се Албанци и тоа само по наша(македонска вина)
Сум кажал и друг пат треба самите да се запрашаме зошто од сите други држави каде што има Власи(Србија, Грција, Албанија, Романија) само овде има Власи кои не работат за македонските политички интереси како што е случај во овие 4 држави кои ги набројав.
ПС:Сите сме грешни и сме правеле грешки, па дури и оние од минатото чии идеали ги следиме денес, биле приморани и сме биле приморани и ние денес, ретко кој е "чист" и безгрешен.