Помош: SQL и останати бази на податоци

  • Креатор на темата Креатор на темата Dejan]
  • Време на започнување Време на започнување
Работам со SQL Server 2012 и сакам да ги внесувам податоците со македонска подршка меѓутоа ми ги дава како прашалници во некој глуп формат. Македонски фонт не можам да најдам во Option->Tools...Има ли некој начин да се инсталира македонски фонт или било какво решение што е ми го реши проблемот?

Наместо char, varchar и text користи nchar, nvarchar и ntext типови и ако и тогаш имаш проблем што може да се случи во зависност од клиентот кој го користиш за запишување во базата во INSERT/UPDATE стрингот користи N'запис'
 
Имам SQL база во која клуч ми е интеџер поле ставено на autoincrement. Сега сакам иста база со автоинкремент на клуч, но да не почнува од 0, туку од некоја моја одредена вредност. Како да го напаравам ова?
 
Имам SQL база во која клуч ми е интеџер поле ставено на autoincrement. Сега сакам иста база со автоинкремент на клуч, но да не почнува од 0, туку од некоја моја одредена вредност. Како да го напаравам ова?


Покрај опцијата од Mr.InF3ction можете и без код, при креирање на табелата кога ставате Is Identity = true, во Identity Seed можете да наместите од која почетна вредност да се почне.

Ова сега чепкајќи го најдов па да пишам ако му треба уште на некој.
 
Пишувате цел код и за структура или има готова стуктура само функцијата треба да се напише?
Инаку нема потреба од нова тема.
 
Ако може мала помош околу следново:
Имам 2 табели, едната е product, другата е product_special. Во првата имам product_id и price (останатите полиња не се важни), во втората исто така имам product_id и price.
Продуктите што сакам да ги ажурирам се со ID од 73 до 101. Потребно ми е сите продукти што во табелата product имаат цена 29 во табелата product_special да добијат цена 19.95. Мојот упит беше слендиот:
Код:
UPDATE product PRVA, procut_special VTORA SET VTORA.price = 19.95 WHERE PRVA.price = 29 AND VTORA.product_id >=73 AND VTORA.product_id <=101
Кога го извршив ова, сите 28 производи добија специјална цена 19.95 иако требаше само 15 да ја добијат оваа цена.
Потоа пробав со следново
Код:
UPDATE product PRVA, product_special VTORA SET VTORA.price = 19.95 WHERE PRVA.price = 29 AND PRVA.product_id >=73 AND product_id <= 101
Ова пак резултираше со промена на цената на сите производи од табелата product со што сфатив дека ја заебав работата и морав да правам ристор на базата...

Значи како што објаснив, сакам цената на производите од втората табела (кои се со ИД 73-100) да се промени во 19.95 ако цената за истите тие производи во првата табела била 29.
 
Личи дека ти фали inner join по продукт_ид помеѓу двете табели.
 
Имам еден проект и ми треба мала помош. Како можам база правена во oracle да ја поврзам со апликација во .net?
 
Имам еден проект и ми треба мала помош. Како можам база правена во oracle да ја поврзам со апликација во .net?[/Примеров тука е прост. Исто е и како со MSSQL или МySQL база, само што класите од драјверите имат префикс од името на системот.
 
Луѓе, да не имате готова семинарска по оваа тема да ми предадете ми треба за четврток ? :)
 
е ова ми треба
почнавме прв час со база на податоци ,и ни даде домашна проф .ама неаме книги и така бледо објаснето на слепо
Задачата е ---да се креира база на податоци за водење на библиотека...---
ништо незнам како треба да се напраи ....прееска на час не работев зашто комјпутерот не ми работеше ...ЧС
може ли некој да ми помогне да ми напраи ова ? јас сам у тетратка напишав само шема а тоа е следнава :
1-УЧЕНИК : -име и презиме ;-адреса ;-клас
2-КНИГИ : -наслов ;- автор ; - жанр
3. Примопредавање :-датум на изнајмување и секако напишав датум за враќање ...

добро ли е ова вака ? тоа е поентата у глобала ? нормално на програм да се сработи табела би било друго али дали ова вака е ок ?

фалаа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom