Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
„Случајно“ или не, откако вчера Бујар Османи од ДУИ најави можни предвремени избори, денеска ете го и Мицко со истата песна. Мириса на некаков договор зад кулисите меѓу ДПМНЕ и ДУИ... Баш си се нашле, како во некоја стара љубовна сапуница. :icon_lol:

А Влен и Знам ќе бидат пуштени низ вода. Предвремените парламентарни избори најмалку им одговараат на СДСМ, Влен и Знам. А најмногу им одговараат токму на ДПМНЕ и ДУИ.
 
Ни предвремени избори ќе има, ни Мицкоски најавил предвремени избори, тоа се само партиски спинови и влажни соништа на комуњаро-учкарските лузери, кои преку своите медиуми и ботови пробуваат да ја искористат ситуацијата со несогласувањата во ВЛЕН.

"Најавувањето" предвремени е всушност спин од говор на Мицкоски во Собрание, каде одговара на реплика поврзана со трагедијата во Кочани.

За пет месеци ќе почне кампањата за локалните избори. Граѓаните ќе кажат чија политичка кариера завршува, чија политичка кариера продолжува и во каков формат ќе продолжи. Тоа што играте на картата на кратко помнење, ве советувам дека нема да добиете политички поени. Истрагата ја води јавниот обвинител, не јас, не Владата. Ако обвинителот одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведе. Седум години нè затворавте, нè приведувавте и до денес ВМРО-ДПМНЕ е под прогон на обвинители избрани од СДСМ. Ќе издржиме, па и затвор е за мажи. Да се вратам на бројките – 68 лица се опфатени во истрагата на Обвинителството, за разлика од „Модуларна болница“, „Ласкарци“ и „Беса транс“ каде што починаа 75 граѓани, а има нула осудени. Дали ќе бидат 168, не знам, ќе каже Обвинителството, заедно со судот, не јас – рече Мицкоски.

– Најмалку вие имате право да зборувате за морал и етика. Мој совет е да ги оставиме семејствата, удирајте по мене, дехидрирајте од плукање. Ве молам да ги оставиме нив оти болката и тагата кај нив е огромна. Прв ќе ја прифатам таа одговорност, но прво да ги решиме работите. Сè ќе решиме сега и кога ќе решиме, од народот ќе побараме доверба и ќе видиме дали ја заслужуваме нивната доверба – порача Мицкоски.
 
Овој па биле спремни за избори :pos: а реалноста е дека на наредни избори нема ни да бидат 2ра партија по бројот на гласови

Што е подобро, акумулации на вода или Купување увозни огромни батерии ??

Ни предвремени избори ќе има, ни Мицкоски најавил предвремени избори, тоа се само партиски спинови и влажни соништа на комуњаро-учкарските лузери, кои преку своите медиуми и ботови пробуваат да ја искористат ситуацијата со несогласувањата во ВЛЕН.

"Најавувањето" предвремени е всушност спин од говор на Мицкоски во Собрание, каде одговара на реплика поврзана со трагедијата во Кочани.
Вчера Бујар Османи си фрли бомбичка за предвремени избори, а денес, ете ти го и Мицко на иста бранова должина. Баш „случајно“, нели ???? А што е уште поинтересно човекот никако да собере храброст да го избрка Таравари од владата, иако му е јасно дека човекот си игра двојна игра со ДУИ. Значи, или Мицко не гледа, или гледа премногу добро и веќе се испазарил со Ахмети.
 
Бидете малце озбилни зошто Мицковски би се пазарел моментално со Ахмети ? Тоа никако не му оди во прилог во поглед на рејтингот
 
Бидете малце озбилни зошто Мицковски би се пазарел моментално со Ахмети ? Тоа никако не му оди во прилог во поглед на рејтингот
Токму затоа е сомнително. Ако навистина не му оди во прилог, зошто воопшто фрла пас со исти наратив како ДУИ ? Никој не вели дека има официјален договор, ама нешто се готви зад кулиси. Политиката не секогаш игра по логика, туку по интерес. А предвремените парламентарни избори во моментов му одговараат само на ДУИ, и на никој друг. Дури ни на ДПМНЕ не му се исплатува во оваа фаза да има предвремени.
 
Никаде Мицковски не најави дека ќе има избори сега заедно со локалните, а и да има не мислам дека Дуи нешто убедливо ќе победи кај Албанците. А дури и да победи како на последниве избори пак ништо не им гарантира дека ќе бидат дел од власта бидејки Мицковски е сериозно замерен со Ахмети/Груби и Османи за провокациите пред избори и додека се они во раководство тешка работа за власт. За сега мислам на Дпмне им одговара овој коалиционен партнер и застапеноста на Албанците со 15 пратеници во владеачкото мнозинство

Прогнозирам дека Таравари и АА ќе испаднат најголеми лузери, ќе им се распадне партијата после избори
 
Никаде Мицковски не најави дека ќе има избори сега заедно со локалните, а и да има не мислам дека Дуи нешто убедливо ќе победи кај Албанците. А дури и да победи како на последниве избори пак ништо не им гарантира дека ќе бидат дел од власта, за сега мислам на Дпмне им одговара овој коалиционен партнер и застапеноста на Албанците со 15 пратеници во владеачкото мнозинство

Прогнозирам дека Таравари и АА ќе испаднат најголеми лузери, ќе им се распадне партијата после избори

Ако Таравари биде избркан од владата, уште од сега ќе почне распадот. Човекот апла и јавно кажа дека ќе соработува со ДУИ на локалните избори.
А Мицкоски гледа како теле во шарена врата , не знае дали да реагира или да се прави дека ништо не гледа.
 
Поентата е дека Мицковски и Вреди сакаа да им зададат финален удар на Дуи на локалниве избори, арно ама Таравари и неговите амбиции да одат сами на избори им ги поремети плановите. Мицко не гледа туку веќе одлучи дека со Вреди ќе се подржуваат на локални

Таравари измеќарот на Пуцко Петрол не заслужува да биде во влада, треба одма да го избркаат
 
Прогнозирам дека Таравари и АА ќе испаднат најголеми лузери, ќе им се распадне партијата после избори
Значи по дифолт тоа значи дека пак ќе ги гледаме Дуи во коалиција со Дпмне како некогаш??
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom