Политичка економија redpilling

Член од
17 ноември 2014
Мислења
183
Поени од реакции
237
Прво еден аргумент,
Потоа контра-аргумент....
Автоматски споено мислење:

За прашање : што ако државата направи нешто арно, ако истовремено прави нешто друго лошо:

Мајкл Хадсон : Прашањето е : кој ја контролира државата? Дали државата ќе ја водат водачи кои се бават со долгорочно планирање како да ја направат економијата попродуктивна и да го зголемат животниот стандард, или државата ќе биде преземена од финансиска олигархија која сака да ги зголеми трошоците и да деиндустријализира?

Уште пред 2.500 години, Аристотел рекол дека многу општества за кои се смета дека се демократии, фактички се олигархии. Тоа е секако случај денес. Олигархиите се нарекуваат демократии. Претседателот Бајден вели дека светот во моментов се дели на два: демократија против автократија. Автократијата е во САД. Тоа е олигархијата. А демократија е збунувачки збор. Политичката демократија не е ефикасна во спречување на економска олигархија, бидејќи, како што вели Аристотел, демократиите имаат тенденција да еволуираат во олигархии, и да се претвораат во наследни аристократии.

Во античката историја, единствена алтернатива на она што Америка го нарекува автократија а Карл Витфогел го нарекол "Ориентален деспотизам" бил подемот на — Блискиот Исток. Секој блискоисточен, месопотамски, египетски владетел го започнувал своето владеење со отпишување на долгови, сите долгови, како да дотогаш ништо не било. Оние што поради долг биле принудени да работат како слуги или робови, биле ослободувани. Долговите биле бришени, а земјиштето што сменило сопственост со цел на отплата на долг било враќано на поранешните сопственици. И сѐ тоа, за да се спречи формирање на олигархија.

Цивилизацијата од третиот до првиот век пред новата ера, — а тоа значи сите незападни култури, вклучувајќи ги Индија и Кина — се обидувала да спречи развивање на трговска и финансиска олигархија.

Западот тоа не го правел. Западот е без таква традиција на бришење долгови. А, кога во Стара Грција имало своевидни револуции, резултат биле таканарелените „тирани“, а фактички, тоа биле реформатори, кои ја соборувале аристократијата, ги отпишувале сите долгови, и ја прераспределувале земјата. Тие го правеле токму она што се правело на Исток, и со тоа давале кислород за развој на старогрчката демократија. Уште во седмиот и шестиот век пред новата ера, во античка Грција имало јавна потрошувачка за инфраструктура. Меѓутоа, штом дојдеме до третиот и вториот век п.н.е., олигархијата во Грција ја има превземено власта, и реформаторите ги нарекува луѓе кои сакаат „тиранија“ [со изворно значење на ,апсолутна моќ’]. ...

Кога претседателот Бајден прави контраст помеѓу демократија и автократијата, тој сака Америка да се бори против која било земја — Русија, Кина — која не го приватизира својот јавен домен како што правеле Тачер и Реган. (....) Идеалот на американскиот неолиберализам е она што Американците го правеа на Русија под Борис Јелцин: земете ги сите јавни средства, рудниците за никел, нафтата, гасот и земјиштето и да им го дадете на менаџерите да се регистрираат во свое име. Резултатот беше дека Русија изгуби повеќе од своето население како резултат на неолибералната приватизација отколку што изгуби за време на Втората светска војна.

Ова е целата тема на „Судбината на цивилизацијата“, каде што се обидувам да разјаснам, што е демократија, и што е автократија, и што е социјализам.

— „Судбина на цивилизацијата“, интервју со економистот Мајкл Хадсон

..............................​
Момент, друже.

„Америка да се бори против која било земја — Русија, Кина — која не го приватизира својот јавен домен како што правеле Тачер и Реган.“

Русија и натаму го има својот јавен домен приватизиран како во 90ите. И за разлика од митот како „Путин ги има олигарсите под контрола“, рускиот приватен капитал масовно се одлева од земјата. https://www.russia-briefing.com/news/russia-s-capital-outflows-reached-us-50-billion-in-february-march.html/ Што е уште пострашно, Централната банка на Русија и натаму работи во западни финансиски интереси. [1][2][3]
По некои пресметки, Русија е земја каде 1% од луѓето контролираат 60% од богатството.[4]

Тоа како Мајкл Хадсон ја одсликува ситуацијата е поинакво од реалноста.

[1] https://t.me/delyagin/16530
[2] https://www.nakanune.ru/articles/118443
[3] http://johnhelmer.net/black-box-defence-for-the-russian-economy-dollar-debt-repayments-blocked-gas-and-oil-deliveries-to-germany-stopped-oligarch-assets-nationalized/
[4]
https://t.me/map_mind/6223

.
Автоматски споено мислење:

Мајкл Хадсон на почетокот : „Прашањето е : кој ќе ја контролира државата. Дали државата ќе ја водат водачи кои се бават со долгорочно планирање како да ја направат економијата попродуктивна и да го зголемат животниот стандард, или државата ќе биде преземена од финансиска олигархија која сака да ги зголеми трошоците и да деиндустријализира“

За да поверуваме во водачи кои се грижат за државата, треба да ја замислиме таа држава со сиот административен систем со многу иљадници вработени, во кој измами и недоразбирања лаги, манипулации, секогаш или константно ќе бидат држени на подносливо низок степен. Секој кој верува во тоа, го посочувам да си ја погледа неговата сопствена текстуална комуникација, и комуникацијата со неговите домашни, да си каже колку избегнува недоразбирања, конфликти и бесмисла, ... и да тие негови проблеми ги помножи со неколку иљади.

Дека квантитетот доведува до промена на квалитет е основно начело на марксијанците на кои им припаѓа Мајкл Хадсон. Само, кога темата е онаа ситница наречена управување, наеднаш се пее друга песна: за земји се дискутира како да се интимни семејни заедници под покровителство на некој татко- претседател. Било битно само дали одговорните се грижеле.
Според Мајкл Хадсон, треба да земеме дека аргументот на неговиот колега економист ЕФ Шумахер, „Small is beautiful“, е толку очигледно погрешен и глупав, што не заслужува ниту збор, туку треба да со презир се отфрли ...
Иако во секојдневието е уверуваме дека штом луѓе прават нешто големо и масивно, тоа води до морбидни промашувања.

За тоа најдобар пример е баш земјата со најдобрите економски резултати во поновата историја, каде и Хадсон живееше како универзитетски професор: Кина. Кина со нејзините локдауни, кои траат до ден-денес. Отидеш да се прошеташ, ах, те ставиле во карантин во трговски центар. Кинезите од средна класа сами зборуваат за преселба на Запад, толку им е смркнато. Тоа е кога јавното здравје ти го уредуваат „професионалци“ кои, според Хадсон, „вистински се грижат“: резултат е колективно умоболие на милијарда души.

На оваа тема вреди да се цитира уште еден автор : „Од нас се бара да замислиме дека бирократската техно-елита, која настанала да служи на глобалната индустриската машина, ќе се откаже од својата моќ кога таа машина ќе биде одземена од рацете на сопствениците на приватните бизниси, и дадена на социјалистичката држава, и дека нуклеарните електрани, танкерите за нафта и фабриките ќе бидат ,реформирани’ за да служат на локалните, регионалните, националните економии.
Индустриски погон може да се реформира во корист на човекот колку што трактор може да се пренамени да работи во бавча.
И како што земјата мора да се порамни за да одговори на потребите на тракторот, така човекот мора да биде ,порамнет’, т.е. униформиран и затапен, за да се вклопува во потребите на фабриката.

Човекот влегува во капиталистичкиот свет во потчинета состојба, која по влегувањето само се влошува затоа што тој човек станува
* заглупавен од сиромаштија, особено во посиромашни земји,
* ментално осакатен од професионализирање
* припитомен од технологијата, и пацифициран со различните подароци кои му ги нуди социјалната држава“

— Darren Allen (https://expressiveegg.org/2021/10/05/goodbye-marx/)

Кина, Русија и САД во основа припаѓаат на еден ист систем: систем на индустриско производство. Правата природа на нивниот конфликт ...
.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.230
Поени од реакции
29.698
Интересна тема за дискусија само насловот можел да биде малку посоодветен, нешто како насловот на цитираниот текст (The Destiny of Civilization) или секако нешто поврзано со појдовната теза олигархија =/= демократија.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.416
Поени од реакции
4.248
Се е олигаргија и увек било.
Антички египтет? Фаранот го контролираат високото свештенство и воините/
Средновекековие? Кукла владел, врз глава свештенството и благородништвоото.
Рим и педеристан? Куп богаташи договараат позади затворени врати, и решено е да се прати кој најмногу одговара на масите како жртвено јагне.
Да не се ни збори од ран капитализам.
Money talks, merit walks.
Постојат два типа на општества каде што нема backroom договори-апосултна монархија, или апосолутен хаос-анархија.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.599
Поени од реакции
6.014
Америка има Олигархија и се бори против Русија и Кина како почесни сестри што ете некако успеале да немаат Олигархија. Ќе се смеев хистерично, ама ова е веќе тажно.


Јапонија шо прај?
Тајван? Хонкг Конг?
А Јужна Кореја?
А Австралија?
Норвешка?
Швајцарија?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom