Политичка економија redpilling

Член од
17 ноември 2014
Мислења
201
Поени од реакции
244
Прво еден аргумент,
Потоа контра-аргумент....
Автоматски споено мислење:

За прашање : што ако државата направи нешто арно, ако истовремено прави нешто друго лошо:

Мајкл Хадсон : Прашањето е : кој ја контролира државата? Дали државата ќе ја водат водачи кои се бават со долгорочно планирање како да ја направат економијата попродуктивна и да го зголемат животниот стандард, или државата ќе биде преземена од финансиска олигархија која сака да ги зголеми трошоците и да деиндустријализира?

Уште пред 2.500 години, Аристотел рекол дека многу општества за кои се смета дека се демократии, фактички се олигархии. Тоа е секако случај денес. Олигархиите се нарекуваат демократии. Претседателот Бајден вели дека светот во моментов се дели на два: демократија против автократија. Автократијата е во САД. Тоа е олигархијата. А демократија е збунувачки збор. Политичката демократија не е ефикасна во спречување на економска олигархија, бидејќи, како што вели Аристотел, демократиите имаат тенденција да еволуираат во олигархии, и да се претвораат во наследни аристократии.

Во античката историја, единствена алтернатива на она што Америка го нарекува автократија а Карл Витфогел го нарекол "Ориентален деспотизам" бил подемот на — Блискиот Исток. Секој блискоисточен, месопотамски, египетски владетел го започнувал своето владеење со отпишување на долгови, сите долгови, како да дотогаш ништо не било. Оние што поради долг биле принудени да работат како слуги или робови, биле ослободувани. Долговите биле бришени, а земјиштето што сменило сопственост со цел на отплата на долг било враќано на поранешните сопственици. И сѐ тоа, за да се спречи формирање на олигархија.

Цивилизацијата од третиот до првиот век пред новата ера, — а тоа значи сите незападни култури, вклучувајќи ги Индија и Кина — се обидувала да спречи развивање на трговска и финансиска олигархија.

Западот тоа не го правел. Западот е без таква традиција на бришење долгови. А, кога во Стара Грција имало своевидни револуции, резултат биле таканарелените „тирани“, а фактички, тоа биле реформатори, кои ја соборувале аристократијата, ги отпишувале сите долгови, и ја прераспределувале земјата. Тие го правеле токму она што се правело на Исток, и со тоа давале кислород за развој на старогрчката демократија. Уште во седмиот и шестиот век пред новата ера, во античка Грција имало јавна потрошувачка за инфраструктура. Меѓутоа, штом дојдеме до третиот и вториот век п.н.е., олигархијата во Грција ја има превземено власта, и реформаторите ги нарекува луѓе кои сакаат „тиранија“ [со изворно значење на ,апсолутна моќ’]. ...

Кога претседателот Бајден прави контраст помеѓу демократија и автократијата, тој сака Америка да се бори против која било земја — Русија, Кина — која не го приватизира својот јавен домен како што правеле Тачер и Реган. (....) Идеалот на американскиот неолиберализам е она што Американците го правеа на Русија под Борис Јелцин: земете ги сите јавни средства, рудниците за никел, нафтата, гасот и земјиштето и да им го дадете на менаџерите да се регистрираат во свое име. Резултатот беше дека Русија изгуби повеќе од своето население како резултат на неолибералната приватизација отколку што изгуби за време на Втората светска војна.

Ова е целата тема на „Судбината на цивилизацијата“, каде што се обидувам да разјаснам, што е демократија, и што е автократија, и што е социјализам.

— „Судбина на цивилизацијата“, интервју со економистот Мајкл Хадсон

..............................​
Момент, друже.

„Америка да се бори против која било земја — Русија, Кина — која не го приватизира својот јавен домен како што правеле Тачер и Реган.“

Русија и натаму го има својот јавен домен приватизиран како во 90ите. И за разлика од митот како „Путин ги има олигарсите под контрола“, рускиот приватен капитал масовно се одлева од земјата. https://www.russia-briefing.com/news/russia-s-capital-outflows-reached-us-50-billion-in-february-march.html/ Што е уште пострашно, Централната банка на Русија и натаму работи во западни финансиски интереси. [1][2][3]
По некои пресметки, Русија е земја каде 1% од луѓето контролираат 60% од богатството.[4]

Тоа како Мајкл Хадсон ја одсликува ситуацијата е поинакво од реалноста.

[1] https://t.me/delyagin/16530
[2] https://www.nakanune.ru/articles/118443
[3] http://johnhelmer.net/black-box-defence-for-the-russian-economy-dollar-debt-repayments-blocked-gas-and-oil-deliveries-to-germany-stopped-oligarch-assets-nationalized/
[4]
https://t.me/map_mind/6223

.
Автоматски споено мислење:

Мајкл Хадсон на почетокот : „Прашањето е : кој ќе ја контролира државата. Дали државата ќе ја водат водачи кои се бават со долгорочно планирање како да ја направат економијата попродуктивна и да го зголемат животниот стандард, или државата ќе биде преземена од финансиска олигархија која сака да ги зголеми трошоците и да деиндустријализира“

За да поверуваме во водачи кои се грижат за државата, треба да ја замислиме таа држава со сиот административен систем со многу иљадници вработени, во кој измами и недоразбирања лаги, манипулации, секогаш или константно ќе бидат држени на подносливо низок степен. Секој кој верува во тоа, го посочувам да си ја погледа неговата сопствена текстуална комуникација, и комуникацијата со неговите домашни, да си каже колку избегнува недоразбирања, конфликти и бесмисла, ... и да тие негови проблеми ги помножи со неколку иљади.

Дека квантитетот доведува до промена на квалитет е основно начело на марксијанците на кои им припаѓа Мајкл Хадсон. Само, кога темата е онаа ситница наречена управување, наеднаш се пее друга песна: за земји се дискутира како да се интимни семејни заедници под покровителство на некој татко- претседател. Било битно само дали одговорните се грижеле.
Според Мајкл Хадсон, треба да земеме дека аргументот на неговиот колега економист ЕФ Шумахер, „Small is beautiful“, е толку очигледно погрешен и глупав, што не заслужува ниту збор, туку треба да со презир се отфрли ...
Иако во секојдневието е уверуваме дека штом луѓе прават нешто големо и масивно, тоа води до морбидни промашувања.

За тоа најдобар пример е баш земјата со најдобрите економски резултати во поновата историја, каде и Хадсон живееше како универзитетски професор: Кина. Кина со нејзините локдауни, кои траат до ден-денес. Отидеш да се прошеташ, ах, те ставиле во карантин во трговски центар. Кинезите од средна класа сами зборуваат за преселба на Запад, толку им е смркнато. Тоа е кога јавното здравје ти го уредуваат „професионалци“ кои, според Хадсон, „вистински се грижат“: резултат е колективно умоболие на милијарда души.

На оваа тема вреди да се цитира уште еден автор : „Од нас се бара да замислиме дека бирократската техно-елита, која настанала да служи на глобалната индустриската машина, ќе се откаже од својата моќ кога таа машина ќе биде одземена од рацете на сопствениците на приватните бизниси, и дадена на социјалистичката држава, и дека нуклеарните електрани, танкерите за нафта и фабриките ќе бидат ,реформирани’ за да служат на локалните, регионалните, националните економии.
Индустриски погон може да се реформира во корист на човекот колку што трактор може да се пренамени да работи во бавча.
И како што земјата мора да се порамни за да одговори на потребите на тракторот, така човекот мора да биде ,порамнет’, т.е. униформиран и затапен, за да се вклопува во потребите на фабриката.

Човекот влегува во капиталистичкиот свет во потчинета состојба, која по влегувањето само се влошува затоа што тој човек станува
* заглупавен од сиромаштија, особено во посиромашни земји,
* ментално осакатен од професионализирање
* припитомен од технологијата, и пацифициран со различните подароци кои му ги нуди социјалната држава“

— Darren Allen (https://expressiveegg.org/2021/10/05/goodbye-marx/)

Кина, Русија и САД во основа припаѓаат на еден ист систем: систем на индустриско производство. Правата природа на нивниот конфликт ...
.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.194
Поени од реакции
34.770
Интересна тема за дискусија само насловот можел да биде малку посоодветен, нешто како насловот на цитираниот текст (The Destiny of Civilization) или секако нешто поврзано со појдовната теза олигархија =/= демократија.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.503
Поени од реакции
4.331
Се е олигаргија и увек било.
Антички египтет? Фаранот го контролираат високото свештенство и воините/
Средновекековие? Кукла владел, врз глава свештенството и благородништвоото.
Рим и педеристан? Куп богаташи договараат позади затворени врати, и решено е да се прати кој најмногу одговара на масите како жртвено јагне.
Да не се ни збори од ран капитализам.
Money talks, merit walks.
Постојат два типа на општества каде што нема backroom договори-апосултна монархија, или апосолутен хаос-анархија.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.829
Поени од реакции
6.435
Америка има Олигархија и се бори против Русија и Кина како почесни сестри што ете некако успеале да немаат Олигархија. Ќе се смеев хистерично, ама ова е веќе тажно.


Јапонија шо прај?
Тајван? Хонкг Конг?
А Јужна Кореја?
А Австралија?
Норвешка?
Швајцарија?
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
201
Поени од реакции
244
Во моите 54 години живот имам живеено во седум различни земји, и под комунистички и капиталистички систем, во "диктатури" и во "демократии", и линиите кои го обележуваат она што е слобода, што е демократија, човекови права, просперитет, безбедност итн. ми се јасни ... НИ НАЈМАЛКУ......

https://alexkrainer.substack.com/p/the-meaning-of-freedom-and-security/
Автоматски споено мислење:

Во моите 54 години живот имам живеено во седум различни земји, и под комунистички и капиталистички систем, во "диктатури" и во "демократии", и линиите кои го обележуваат она што е слобода, што е демократија, човекови права, просперитет, безбедност итн. ми се јасни ... НИ НАЈМАЛКУ......

https://alexkrainer.substack.com/p/the-meaning-of-freedom-and-security/


Во моите 54 години живот имам живеено во седум различни земји, и под комунистички и капиталистички систем, во "диктатури" и во "демократии", и линиите кои го обележуваат она што е слобода, што е демократија, човекови права, просперитет, безбедност итн. ми се јасни ... НИ НАЈМАЛКУ......

https://alexkrainer.substack.com/p/the-meaning-of-freedom-and-security/

.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.194
Поени од реакции
34.770
Добар текст ама не се срами стави го во целост, не е дека нешто е предолг:


The meaning of freedom and security
Comparing life under "communism" and life under "capitalism" - it's less about ideology and more about financial anxieties and administrative restrictions.

ALEX KRAINER
JUL 20, 2024



In my 54 years I've lived in seven different countries, both under the communist and the capitalist systems, in "dictatorships" and in "democracies," and the lines demarcating what is freedom, what is democracy, human rights, prosperity, security, etc., are not at all clear to me. The seven countries were: Yugoslavia, the United States, Switzerland, Italy, Venezuela, Croatia, and Monaco. I've also spent months living in the UK, Spain, Austria and Germany (though without having an address there).
Of these countries, the United States is the only place where the people are regularly reminded about how incredibly free they are. Elsewhere, while people value freedom, they don’t talk about it quite so much, nor think that they live in the freest country since the beginning of creation. It's always been awkward for me to tell Americans that I actually felt much freer living in communist Yugoslavia than I did living in the United States. It's not an obvious thing to explain. In some ways, people in the United States are indeed freer than we were, but in other ways I felt much freer under communist rule.



Small, complicated rules and compliance


In part, our liberties are shaped by society's administrative rules and the way they are enforced. Under communism we had few restrictions to observe and for the most part they were enforced loosely. In many Western jurisdictions, the rules are so many, you’re bound to break a few on your way to buy groceries. This is not a cosmetic issue: already two centuries ago, Alexis de Tocqueville perceived the effects of accretion of bureaucratic rules and countless laws regulating everything.
In “Democracy in America'' (1835) he predicted that the society would fall into a new kind of servitude where the ruling authority, “covers the surface of society with a network of small complicated rules,” in a process which “does not tyrannise but it compresses, enervates, extinguishes and stupefies people, till each nation is reduced to be nothing better than a flock of timid and industrious animals of which the government is the shepherd.”


It’s the free world! So long as you stay in your square, you can do anything you want!
Part of my cultural shock in moving to the United States (in 1987) was to find that Americans tend to fear the police. That may be related to the fact that you could always be found in violation of some law, plus the fact that law enforcement isn't exactly lenient. My American ex-wife was always uncomfortable doing anything unless she was sure it was allowed; I can’t count the occasions when I was going to do something and she’d say, “we can’t do that, it’s got to be totally illegal!” Of course, she didn’t know that it was illegal - she only wasn’t sure it was explicitly allowed. It’s as though in the West, people have become so conditioned to police themselves that the fear of “getting into trouble” is a chronic condition of life.
In communist Yugoslavia, we had much fewer rules and restrictions. People weren’t too worried about being compliant and law enforcement was generally very lenient. In spite of that, crime rates were very low. Our streets were secure at all times of day or night. There were no drug dealers preying on young people in our streets and we had no dangerous neighbourhoods where you couldn't venture. Even as kids we roamed far and wide and our parents generally had no idea where we were. At the same time, they weren't too anxious about our whereabouts. For sure, feeling secure and free from anxiety is an important part of one's freedom – probably much more so than having the freedom to choose between Democrats or Republicans or between Labour or Tories. Consider, for example the following thread from one Denis Rogatyuk from his recent 10-day visit to China:
https://twitter.com/DenisRogatyuk/status/1814220230169915599


Prosperity and economic freedom


Another difference of life under communism was that we were less prosperous than the people in the West. At the same time however, life was a lot cheaper and in general people had no debts. Rents were symbolic, education and health care were free and our parents' modest salaries were essentially discretionary income. As a result we could afford a relatively good life which included a lot of socializing with friends and family and generous leisure time which included summer vacations at the seafront (2 or 3 weeks a year) and one week skiing in Italy or in Austria. These things were not luxuries; they were affordable to middle-income people, which was a large segment of society. In the West today, they really are luxuries, well out of reach of most people.
If we look at the 21st Century United States, the majority of Americans say they're nowhere near feeling financially secure. As we learned last month from Philadelphia Federal Reserve's survey, as many as 32.5% of respondents earning over $150,000 felt anxious about making ends meet. Granted, this may have more to do with their chosen lifestyles than unavoidable costs of living, but even in lower income groups a very substantial percentage of people feel financially insecure. For those who live with chronic money anxiety and few options in life, living in the "free world" is a meaningless blessing.
The ideologues of this same free world invariably blame the individual for being lazy, incapable, or entitled: we all know that with hard work and determination anybody can become a billionaire. If you’re not rich, you aren’t trying hard enough. But if we look at large segments of the population in both worlds, assume that they consist of a similar mix of lazy people, hard working people, and all in between, and if we measure their respective qualities of life, the differences between the two worlds wouldn’t be as clear cut as the ideologues proclaim. A family friend of ours in Croatia (formerly part of Yugoslavia), a staunch pro-Westerner who’s done well for himself in the transition from communism to capitalism said: “we’ve never had more, and life was never this bad.” Exactly: we have much more stuff today. But the quality of life has deteriorated very significantly.
Systems vs. ideologies


Last night I sat for a podcast with Tom Luongo and @CryptoRich and we went over some of these issues. I suggested that, rather than adhering to this or that school of thought and arguing why one ideology is better than the other, we may need to thoroughly upgrade our philosophical and theoretical frameworks, examine what different systems of governance actually produce over time, rather than what they tell us that they should produce, and to attempt to upgrade our societies’ operating systems.
Today we have the technologies, knowledge and information exchange platforms that were not available to any generation before us. We really shouldn’t pledge blind loyalty to 100 year-old theoretical models and force every issue into the framework they impose. Instead, we should look around for ourselves, think with an open mind and take up the challenge of building a better world.
For example, if Russia and China haven’t had a single system-wide financial crisis in over 25 years, what are they doing differently? If China lifted 800 million people out of poverty in 40 years and built tens of thousands of miles of high-speed railways in less than 20 years, we should study how they accomplished that rather than condemning the CPC and dismissing their success because they’re communists. In the free market, capitalist UK, railways were privatized in the 1990s. It was all going to be super-awesome, but it’s been 30 years now and the outcome isn’t exactly a good showcase for privately owned infrastructure - quite the opposite.



To be sure, examining these issues is much harder than crying, ‘communism,’ and exalting Murray Rothbard or Friedrich von Hayek, but this is necessary if we are to improve our condition. I don’t think we have more important business here than to leave a better world behind for future generations, which should include greater prosperity and also greater liberty.



 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
201
Поени од реакции
244
Ревизија и самопроверка

Дебата против самиот себеси.

Аргументирав зошто работите мора да одат на полошо. Сега ќе аргументирам зошто работите мора да може да одат на подобро.

За да поверуваме во водачи кои се грижат за државата, треба да ја замислиме таа држава со сиот административен систем со многу иљадници вработени, во кој измами и недоразбирања лаги, манипулации, секогаш или константно ќе бидат држени на подносливо низок степен. Секој кој верува во тоа, го посочувам да си ја погледа неговата сопствена текстуална комуникација, и комуникацијата со неговите домашни, да си каже колку избегнува недоразбирања, конфликти и бесмисла, ... и да тие негови проблеми ги помножи со неколку иљади.
Тоа што ти го бараш може да се постигне со децентрализација во рамки на една иста земја, и да биде успешно по секој аршин.

Државна администрација корисна за обичниот мал човек, супериорна и на корпоративни администрации на Запад, може да е ем масивна, ем децентрализирана.... Таа децентрализираност вклучувајќи и ополномоштеност на најдолни службеници да ги прекршуваат правилата и одлучуваат самите како е најдобро, под услов да тоа помага на странката која дошла а шалтер. За тоа е пример Кина.

Ти со години ја имаше на дофат книгата Why China Leads the World од Godfree Roberts, и, како што ти е обичај, одлагаше да ја земеш и читаш.

И на крај кога ја прочита, тоа во твоите погледи создаде, да речеме, мала револуција.

За друг пат, паметно е да се држиш до навика дека штом некоја интересна книга ти стане достапна, одма земи и ,скенирај’ ја содржината... чисто да не завршиш глуп и неук без причина.

Дека квантитетот доведува до промена на квалитет е основно начело на марксијанците на кои им припаѓа Мајкл Хадсон. Само, кога темата е онаа ситница наречена управување, наеднаш се пее друга песна: за земји се дискутира како да се интимни семејни заедници под покровителство на некој татко- претседател. Било битно само дали одговорните се грижеле.
Мајкл Хадсон точно е дека е пристрасен. (Кога имал околу 18 г. имал визија да стане диригент на големи оркестри, и тоа е неговата визија и ден-денес: грандиозно да се командува, а тоа што детаљите ги прима тенденциозно, и погрешно ... тоа друг ќе го решава, и другите „малите“ ќе го плаќаат цехот.

Според Мајкл Хадсон, треба да земеме дека аргументот на неговиот колега економист ЕФ Шумахер, „Small is beautiful“, е толку очигледно погрешен и глупав, што не заслужува ниту збор, туку треба да со презир се отфрли ...
Тој цитат Шумахер го има позајмено од Leopold Kohr, чија книга The Breakdown of Nations, е заложба да сите држави на светот бидат раздробени во мали државички. И кога ќе ја читаш, ќе видиш аргументот му е слаб и фаличен.
Некои од најпристојните / најдобро уредените земји на светот се истовремено и најголемите на светот.

Иако во секојдневието се уверуваме дека штом луѓе прават нешто големо и масивно, тоа води до морбидни промашувања.
НЕ е секој гигантски човечки проект = промашување.

За тоа најдобар пример е баш земјата со најдобрите економски резултати во поновата историја, каде и Хадсон живееше како универзитетски професор: Кина. Кина со нејзините локдауни, кои траат до ден-денес. Отидеш да се прошеташ, ах, те ставиле во карантин во трговски центар. Кинезите од средна класа сами зборуваат за преселба на Запад, толку им е смркнато. Тоа е кога јавното здравје ти го уредуваат „професионалци“ кои, според Хадсон, „вистински се грижат“: резултат е колективно умоболие на милијарда души.
Само месец-два откако ги напиша горните редови, тоа се смени преку ноќ. Власта го сврте курсот за 180 степени во реакција на улични протести (во Кина) против мерките.

Размисли што тоа значи.

Централната власт во Кина е толку диктатура, што веднаш штом пркнаа протести со иљадници учесници, таа веднаш се повлекува и го свртува курсот.

Тука вреди да се цитира Carroll Quigley:
“Дури и во општество каде што изгледа дека целата моќ е во рацете на владата - да речеме Советска Русија - сепак осумдесет проценти од човековото однесување во Русија е контролирано од интернализирани контроли кои биле социјализирани во нив од начинот на кој тие биле третирани од моментот кога се родени. И како резултат на тоа, тие прифаќаат одредени работи кои и овозможуваат на руската држава да дејствува како да може да направи сè, кога очигледно не може. Знае дека не може.

И, позната изрека од административниот свет:
“Culture eats strategy for breakfast”

На оваа тема вреди да се цитира уште еден автор
Тој автор е Дарен Ален. Кој тебе те блокираше. Те блокираше без предупредување и без пардон, и тоа зборува колку е за слобода, и колку е ментално урамнотежен.

Сега кога веќе си го цитирал, ај да го чуеме (пак):

: „Од нас се бара да замислиме дека бирократската техно-елита, која настанала да служи на глобалната индустриската машина, ќе се откаже од својата моќ кога таа машина ќе биде одземена од рацете на сопствениците на приватните бизниси, и дадена на социјалистичката држава, и дека нуклеарните електрани, танкерите за нафта и фабриките ќе бидат ,реформирани’ за да служат на локалните, регионалните, националните економии. Индустриски погон може да се реформира во корист на човекот колку што трактор може да се пренамени да работи во бавча. И како што земјата мора да се порамни за да одговори на потребите на тракторот, така човекот мора да биде ,порамнет’, т.е. униформиран и затапен, за да се вклопува во потребите на фабриката.
Секакви резултати се возможни со технологија. Ако нешто е јасно, тоа е дека технолошките промени се случуваат доста брзо и многу флуидно. Последиците од примената на технологии се се’ само не лесно предвидливи, и зависат од бројни детаљи во тоа КАКО дадена технологија ќе се употреби.
Затоа, наместо да се јадикува што „системот не чини,“ пожелно е да човек 1) размислува и одреди што фактички сака за во секојдневниот живот, 2) студира и дискутира која и каква технолошка примена тоа би го овозможила. 3) стане нејзин адвокат заедно со стотици иљади други, кои ќе бараат и да се сепарираат од стотици иљади други, кои ќе се за поинаков живот.

Ама денес луѓето се млитави и апатични: како ќе најдат енергија & време за тие работи?

Одговор: со енергијата, страста и времето кои денес ги трошат на секакви трици.

А авторот Дарен Ален, со неговата истрајна вера во глобално антропогено затоплување и епидемии, не е баш најостриот интелект. Тој дипломец на јазик и книжевност на машини гледа како примитивец.
Вистина е дека повеќето од тоа што го кажува е далеку светлосни години повеќе просветлено од мислите на обичниот човек на улица. Ама далеку од тоа да ги осознал конечните вистини.

П.С.
Во меѓувреме, преку повеќе автори, ти осозна дека САД се имаат развиено благодарение , врз основа на масивни хиерархиски системи. За тоа зборува и Tocqueville, како и оваа статија: (https://scholars-stage.org/lessons-from-and-limitations-of-the-19th-century-experience)

Тоа што си ти алергичен кон идејата на големи општествени системи (веројатно заради твоето минато животно искуство), е проблем кој ќе си го решиш преку психотерапија, од овој или оној вид. А не со водење борби со ветерници.
Автоматски споено мислење:

L’Etranger од пред две години реплицира:

Како главен доказен материјал дека грешам наведуваш само еден пример: Кина. Кина е земја во која како доказен материјал тешко може да се верува, заради нејзиното модерно минато...

L’Etranger сега:
Минато за кое ти си во големи заблуди, затоа што си читал и слушал само ѓубре извори. Ти викам, седни и загреј столица.

L’Etranger од пред две години:

ОК. Во Кина како доказен материјал тешко може да се верува затоа што е земја која ни е далечна и слабо позната, што ја прави иста како бело платно, врз кое секој може да проектира сопствени желби и предрасуди.

Твоето свртување на вниманието кон таа земја беше мотивирано да го дознаеш правиот одговор на прашањето: Што тоа значи што Кина ја предводеше глобалната измама за пандемија, раме-уз-раме со нејзините наводни непријатели на Запад?

Од една страна, идејата на Кина како некаков соперник на Запад паѓа во вода како детинеста.

Од друга страна, идејата дека кинескиот претседател седи на округлиот стол на SPECTRE е исто така детинеста.

Две години поминаа. ШТО откри?

L’Etranger од сега:

По пар години истражување во слободно време, моите увиди се онолку веродостојни колку и тие на некој морепловец или примитивен патник низ - НЕпознат крај од светот. Од тоа и такво истражување донесувам само скица.
Ама, во однос на оние кои НЕ правеле секојдневно истражување како мене, зборувам со статус на авторитет:

Мојата работна теорија е дека Кина делумно го изгубила умот во своевиден бермудски триаголник, чии краци се следните:

1, Кина е најстарата континирана цивилизација, која за сите свои иљадници години независна историја, никогаш не се посомневала дека Земјата е рамна плоча. Пред да дошле мисионери од Европа да и’ дошепнат.
Со други зброви, Кинезите не ги бива за утврдување на она што го викаме „гола вистина.“ Тоа е народ кој има многу квалитети: тие се одлични бизнисмени, иновативни, традиционално индустријалци, со префинето чувство за хуманост, ама да употребат брутална логика и пресечат со глупост, направат разлика меѓу вистина и лага, тоа од нив НЕ очекувај.

2, Оние видеа со паѓања по улици, и други инкриминирачки факти - ги собираше Simon Goddek - се сигурен знак дека во целиот глобален заговор, сигурно имало учество и на некоја фракција на државниот и партиски апарат во Кина. Колку е таа силна, и кои се тие луѓе конкретно – кон тоа прашање и најголемите синолози на светот се беспомошни.

3, Моето набљудување на тоа што Кинезите зборат едни со други, и што конзумираат, ... ме изненади : Тие себеси НЕ се доживуваат како некоја алтернатива на Запад. Кога Кина сака да го победи Запад во нешто, тоа е секогаш во рамки на матрица која е поставена од тој истиот Запад. Се’ и сешто што им доаѓа од странство го прифаќаат без критичка дистанца. Мислам дека и паникодемијата исто ја имаат прифатено и како резултат на тоа одсуство на критичка дистанца. Во тој контекст, локдауните истовремено имаа карактер на воено-безбедносни вежби, што има и практичен корисен карактер за секој управувач, па и кинескиот.

Сега за сега, оваа скица на ,триаголник’ за мене има многу повеќе смисла од одговорите конкурентски.
Автоматски споено мислење:

Да резимирам :

Тие приказни од почетокот на оваа дискусија - за цивилизациски циклуси, и за неминовноста на заглупувањето и пропаѓањето на сегашната цивилизација, - тоа сега ми изгледа како продавање на вера во живот, за вечера на егото („види колку сум паметен“).
Ти може да си и најумниот со предскажување со тезата дека ситацијата општествена е непоправлива. Ама, што од тоа следува практично?

Што треба, камења да се сториме?
Камења само може да прифатат дека одсега натаму се’ в о животот ќе е само распад.

Мора да се живее со ентузијазам. Некаков, за нешто.

И, стриктно логички, ти никогаш не можеш да докажеш дека општествената ситуација ги остава луѓето без шанси. Што и да е, нешто мораш да се обидуваш да правиш. Треба да бараш пат за натаму.

Затоа имам намера да продолжам со прилози кои индицираат насоки за пат натаму, и за општо добро како и индивидуално.
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2014
Мислења
201
Поени од реакции
244
Фразата дека "нема пари" одамна стана популарен мем. Но, за да се комплетира сликата, секогаш треба да се објасни: "нема дополнителни пари ЗА ЛУЃЕТО".

Да се сетиме на 2022.: кога пари беа потребни за водење на воен конфликт во Украина, се покажа дека - ги има.
На крајот на годината екстра трошоците во Русија беа повеќе од 5 трилиони рубљи.

И што е најважно, овие пари не ,дезорганизираа’ ништо, сценарио со кое во Русија бевме плашени со години.
Уште повеќе, испадна дека доделените средства придонеле за економскиот раст.

Всушност, добивме потврда во реалниот живот за факт на економската наука: Кога гладта за пари се задоволи, макар и делумно, тоа води до

1) пониска инфлација. ... НЕ повисока, туку пониска.

2) економски растеж.

А во руската влада едноставно нема никој да ги разбере последиците од нејзината сопствена политика. Имаше еден - Белоусов - и него го префрлија во Министерството за одбрана.

- Михаил Делјагин [20.08.24 16:07]

(https://t.me/delyagin/33398)

Америка.
Економистот Мајкл Хадсон: „Банките сами создаваат свои кредитни пари. И владите можат да го прават истото. Владата може да печати сè што сака. Всушност, секој пат кога има војна, како Првата светска војна, сите набљудувачи мислеа дека Првата светска војна ќе заврши за шест месеци бидејќи владите ќе останат без пари. Па, тие не останаа без пари, парите си ги печатеа.

Q: Па зошто кога владата печати пари тоа не ја девалвира валутата? Зарем тоа не е она што го правела Вајмарската Република?

Мајкл Хадсон: Не. Нема врска. Нема никаква споредба. Вајмарската Република пропадна од истата причина поради која сите земји со хиперинфлација, освен Зимбабве, пропаднале: должење на надворешен долг. .... Мојата книга Супер-империјализам има цело поглавје за ова...

(https://michael-hudson.com/2023/07/global-economic-history-in-2-5-hours/)
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
201
Поени од реакции
244
Оваков менталитет / поглед и однос кон живот некој да ми рекол дека се возможни, не би му верувал

 

Kajgana Shop

На врв Bottom