Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Политиката е вмешана во одлуките што ги носи Хашкиот суд, вели американскиот адвокат Мајкл Карнавас, кој од основањето на Трибуналот застапува обвинети во Хаг.
И покрај постоењето на Меѓународниот суд за воени злосторства во Рим, сепак меѓународната заедница одлучи да го формира Хашкиот суд, иако Карнавас не би ја опишал оваа одлука како лов на вештерки во поранешна Југославија.
„Политиката е секогаш инволвирана до одреден степен во меѓународните судови. Политиката е инволвирана во разни видови процеси“, изјави Мајкл Карнавас, американски адвокат.
Има ли Хашкиот суд двојни стандарди кога донесува одлуки за пуштање на обвинети да се бранат од слобода? Досега дури два пати го ослободи Рамуш Харадинај од Косово, а ги одби истите барања за бранење од слобода на Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски.
„Зависи од судијата. Кога се работи за бранење од слобода, мислам дека нема двојни стандарди. Судиите внимателно ги разгледуваат сите критериуми“, рече Карнавас.
„На почетокот никој не беше пуштан да се брани од слобода, сега многу обвинети ги пуштаат под услов судиите да се задоволни од исполнувањето на критериумите“, додаде Мајкл Карнавас.
Критериумите се земјата од која потекнува обвинетиот да има соодветна заштита на сведоците и функционално судство.
Хашкиот суд ќе се затвори во 2012 година, затоа се повеќе случаи во наредниот период ќе се враќаат во националното судство, предвидува американскиот адвокат Мајкл Карнавас, кој на универзитетот „ФОН“ одржа предавање за функционирањето и судските процедури на Хашкиот суд.